Во Македонската академија на науките и уметностите денеска напладне ќе се одржи промоција на две изданија на Академијата, објавени од Фондацијата „Трифун Костовски“. Станува збор за книгите „Блаже Конески поет и граматичар“ од академик Нуло Миниси и „Животописот на Охридската ариепископија“ од академик Цветан Грозданов.
Книгите пред присутните ќе ги претстават академиците: Луан Старова и актуелниот претседател на Академијата, Георги Старделов, а програмата ќе биде збогатена со настап на женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“, кој ќе настапи под диригентската палка на Лета Димовска Полизова. Во галеријата на МАНУ ќе бидат претставени и портрети и печатени дела. (Н.П.)