Сценаријата на Томислав Османли во книга
Вечерва ( 21 часот) во мултимедијалниот центар Мала станица, во книжарницата "Или -или" ќе биде промовирана книгата сценарија на Томислав Османли со наслов "Ликови од меѓувреме".
Во книгата Османли, кој е еден од нашите најнаградувани сценаристи, ги составил трите свои успешни дела: сценариото за филмот "Ангели на отпад" (1995), сценариото за ТВ-филмот "Стрмоглави" ( 2006) и експерименталниот филм "По повод Манаки" (2007).
Книгата ќе ја претстават Весна Мојсова и Александар Прокопиев, а дел од текстовите ќе интерпретира актерот Драган Спасов - Дац.
Книгата е со промотивна цена од 200 денари.