Ве информираме за репризните проекции на 15 кратки филмови од овогодинешниот Астерфест.
Воедно Ве покануваме да присуствувате на овие филмски вечери.
Реприза на 15 кратки филмови од Астерфест
Две вечери, в петок и сабота со поч. во 22,00 час. во Арт кафето - Мала Станица ќе бидат репризирани по 100 минути од програмата на тукушто завршениот Астерфест во Струмица. Овој избор на филмови опфаќа 15 кратки играни и документарни филмови.
Првата вечер ќе бидат прикажани: јапонскиот РУРУ на Харука Јонеда, унгарскиот ТОНЕЧКО СЕЛО на Мартин Ширмај (добитник на Стар златен проектор), албанско-грчкиот КОМПАС (добитник на награда во Сиена), британско-романскиот ВО БАРОТ на дебитантката Патриција Радои, холандскиот СЕЌАВАЊА на Нена Фишер, романскиот ХУМАНИТАРНА ПОМОШ на Хано Хофер (прикажан на Клермонд Феранд) и италјанскиот ВАН АМОРЕ на тандемот Гермондари-Шпањоли.
Втората вечер ќе се проектираат: американскиот ХОТЕЛ ЗАТВОРЕНИ ОЧИ на Бил Плимптон номиниран за два Оскари, иранскиот БАЛАДИТЕ НА МОСТОТ на Мехди Рахмани со награда во Сеул, полско-британскиот на Мартин Гавре АГЊЕШКА 2039 наградуван за специјални ефекти на низа фестивали, романскиот ДОБАР ДЕН ЗА ПЛИВАЊЕ на Богдан Мустата со Златна мечка, американската анимација НИВНИТЕ ОКОЛНОСТИ на Јихун Ан, германскиот ЗАМОЛЧИ ПЕПЕРУТКО на Ерек Кун, романскиот ДОЛЖНОСТ на Влад Трандафир со награда во Техеран и германскиот ЗАТАЛКАН ПАТНИК на Клер Валка.
Со ова репризно прикажување започнува летниот циклус филмови од четвртиот Астерфест низ повеќе градови во земјава, како и на Скопско лето, на 25 јули, во Кинотеката на Македонија.
Проекциите се во организација на Тивериополската филмска алијанса.
--
ASTERFEST &
TIBERIOPOLIAN FILM ALLIANCE