Краткиот игран филм "Искушение" на режисерот Бранко Костески, вечерва (20,30 ч.) ќе ја има премиерата во Кинотеката на РМ.
Филмот говори за животот на отец Стефан, кој се состои од секојдневни обврски во локалната градска црква, пишување на книга и спокоен живот со семејството. Но, отец Стефан е ставен пред искушение...
Потконтекстот на приказната за борбата меѓу доброто и злото е "Дали сите ние сме регрути во нечии туѓи војски и туѓи војни".
Во "Искушение" играат Сенко Велинов, Синоличка Трпкова, Петар Арсовски, Данчо Чевревски...