Денеска Центарот за визуелна уметност "ВИЗАНТ" го промовира проектот ,,Прилеп-мост помеѓу цивилизациите" преку кој се промовира манастирскиот и црковен туризам, а со излегување од печат на брошурата "Културно наследство на град Прилеп" како и сет од 12 поштенски картички. Вклучен е тим од визуелните уметници: Смиле Цветановски, Златко Крстевски, Тони Анастасовски и Александар Тошоски. Дизајнот е на "WAR design front."
Идејата е проектот како уметнички производ да биде презентиран на меѓународни изложби каде би се промовирало културното наследство на градот под Марковите кули преку големи и сеуште неоткриени археолошки артефакти.
Извор: Вечер