Во Домот на армијата во Скопје каде што е во тек одржувањето на 29. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ се изложени дела од македонскиот ликовен уметник Горјан Ѓорѓиев.
Авторот кој дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Скопје досега своето творештво го презентирал на самостојни изложби во земјава, но го претставил и во странство, учествувајќи на повеќе групни изложби и колонии. Посетителите на филмските проекции можат да ги погледнат неговите слики со впечатливи наслови:„Колку сум бил висок, а таа била балерина“, „Бев дете и се плашев од коњот додека го јавав, а сега и двајцата сме збунети“, „Сонот на летната ноќ - не, сонот кој никогаш нема да го сониме“ и други. (К.Б.) Утрински весник