ВО АВСТРАЛИЈА
АРХИВ 1 на Жанета Вангели
Утре, во Experimetal Art Foundation (ЕАФ) во Аделаид, Јужна Австралија, ќе биде отворена самостојната изложба "Архив 1" на Жанета Вангели.
Таа ќе се претстави со целосно дигитално изработени дела реализирани во последните неколку години, кои вклучуваат инк-џет отпечатоци и дел од нејзината видео-арт продукција. Изложбата ќе биде отворена до 13 декември.
Оваа изложба е поддржана од Министерство за култура на Р. Македонија, Pro Helvetia-Arts Council of Switzerland, Владата на Австралија, Australia Council for the Arts...
Извор: Вечер