ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ
На 24.02.2009 (вторник), со почеток во 18:00, во просториите на Културно - информативниот центар во Софија, Р. Бугарија ќе се отвори изложба на академската сликарка Мариа Павловска насловена како “Трепет”.
Изложбата ќе ја отвори директорката на Националната галерија на Македонија, г-ѓа Маја Крстевска.
жжМариа Павловска е авторка која за првпат се претставува со своите ликовни остварувања во Културно-информативниот центар во Софија, Р. Бугарија.Таа преку своите платна не води низ светот на светлото и темното, белото и црното, полното и празното... и токму тука ја истакнува својата творечка мисија и креација. Со одличната композициска решеност на површината воедно остварува една комплексна изведба, споена со познавањето, пред се, на создавањето на светот како предизвик на самото битие. Бликнатите потези преку платното ја покажуваат внатрешната енергија на Павловска, стремежот да не доближи до некое нејзино “сознание” или, пак, претставува “знак” на веќе доживеано искуство.Со овие уметнички дела, авторката преку својата целосна конципираност дава целосен знак на битисување со размисла дека се завршува со конечна разврска на секој момент или, пак, доживување. Овој циклус претставува поттик за уште попродлабочена анализа, навраќање на веќе зацртаната мотивација на Павловска, а воедно провоцира, овозможува и нови приоди, размисли и толкувања на нејзиниот сликарски опус.жж
Ви благодариме за соработката.
НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА