Во Културноинформативниот центар Скопје, вечерва (20 часот), ќе биде отворена изложбата "Половина век акварел" на академскиот ликовен уметник Васко Ташковски.
Васко Ташковски покрај сликањето во маслена техника работи и акварел, цртежи, графика, и графички дизајн. Има реализирано 40 самостојни изложби. Учесник е на повеќе групни изложби во Македонија и Европа.
На изложбата во Културноинформативен центар, авторот ќе се претстави со над осумдесетина акварели настанати во текот на своето петдецениско творење. Изложбата ќе биде отворена во двете изложбени галерии, вклучително и продажно-изложбената галерија, до 30 април.
(Д.Т.)