Вечерва во Музејот на Град Скопје (20 часот), свечено ќе биде отворена Годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Годинава овој најстар бренд на ДЛУМ ќе го одбележи своето 56 издание. Годишната изложба на ДЛУМ отсекогаш била и показател каде се движи македонската ликовна уметност, кои се тенденциите, каква е нивната применливост на домашна почва, но била и регистратор на живата смена на генерациите. ДЛУМ на јавноста ќе и ја прикаже својата младост, идните големи наследници на македонските титани на ликовната уметност.
На изложбата се претставени 110 ликовни уметници, а промотор на изложбата е академикот Луан Старова.
На изложбата ќе учествува и академскиот сликар Горан Боев со своето дело Ѓггаме тиме".
Извор: Вечер