Јубилејната изложба - 150 години од раѓањето на последниот македонски зограф и прв сликар на профано сликарство во Македонија, Димитар Андонов Папрадишки, ќе се отвори денеска (19 ч.) во Даут-пашиниот амам.
- Папрадишки е најзначајната личност во македонското сликарство, кој кон крајот на 19 век го направи историскиот пресврт во македонското сликарство, поврзувајќи ги последните нишки од религиозното сликарство со првите обиди за профано сликарство, велат од Национална галерија на Македонија објаснувајќи дека ќе презентираат нови, досега неизложени дела и документи поврзани со животот и работата на Папрадишки, кои придонесуваат за расветлување на процесот за раниот развој на современата македонска уметност и се драгоцени податоци за македонската историја на уметноста.
Извор: Вечер