Почитувани,
Ве информираме дека на 22 април 2010 година (четврток), во 20.30 часот во Националната галерија на Македонија, во просториите на Мултимедијалниот центар Мала станица ќе се отвори изложбата "BEASTS IN THE SYSTEM" на Ива Димеска и Лидија Георгиева.
"BEASTS IN THE SYSTEM" тргнува од идеата дека во денешното општество, поединецот е обврзан да живее според голем број на правила и системи.
Од тука се јавува потребата за ИГРА како неопходен елемент за воспоставување хармонија.
На изложбата, ИГРАТА е инспирирана од постоечките ИГРИ, но е конципирана различно, во свој сопствен универзум со свои правила и логика.
На изложбата се користат 5 простории, во кои секоја просторија е една ИГРА, а сите заедно се поле од големата игра.
Смислата на ИГРАТА не е во победата, туку во самиот процес на играње. Секој може да ја ИГРА според своите потреби
Остатокот од упатствата е написан во секое поле.
Со почит,
НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА