Скопје, 26.05.2010
Со проекцијата на филмот "Љубовта не вика идам", во кој главната улога ја толкува Бергузар Корел, синоќа во Скопје беше отворена Неделата на турскиот филм. Манифестацијата е организирана од Советот за култура и информации при Амбасадата на Република Турција во Скопје со поддршка од ТИКА - Турската агенција за соработка и развој, Турскиот културен центар "Јунус Емре", Рамстор и Премиум Филм, а има за цел да ги презентира најновите остварувања на турската кинематографија.
Во рамките на Неделата на турскиот филм, која се организира по втор пат, ќе бидат прикажани повеќе филмови меѓу кои и "Револуционерни возила", "Време и ветришта" на Реха Ердем, кој има освоено голем број награди, "Јајце" првиот од Трилогијата "Јусуф" на Семих Капланоглу, прикажан на фестивалот во Кан. Меѓу филмовите на програмата се и "Син на Сонцето", "Весел живот" и "Слушај од Неј" и "Децата од другата населба" во кој една од главните улоги ја толкува Ертан Шабан, турски актер од Македонија. Манифестацијата на 3 јуни ќе ја затвори филмот "Турско срце со германски ум". Филмовите ќе се прикажуваат во киносалите на Рамстор, со англиски и македонски титл.