По големиот интерес за книгите за менаџмент "Менаџерот една минута" и "Што е менаџмент" ВЕЧЕР и издавачката куќа Икона повторно ви подаруваат дело од Кен Бланчард. Овој викенд ќе можете да одберате дали ја сакате неговата книга "Лидерство и менаџерот една минута" или книгата од Брајан Трејси "Психологија на продажбата". Книгата на Бланчард е пишувана заедно со Патриша и Дреј Зигарми. Тие како поднаслов го нудат мотото: "Зголеми ја ефективноста станувајќи добар лидер". Делото на Трејси, пак, е базирано врз популарните аудио-серии продадени во повеќе милион примероци.
Се што треба да направите е да одговорите на прашањето, кое гласи - Дали Икона има издадено и други книги од Кен Бланчард?
Точните одговори со полно име, презиме, адреса и името на посакуваната книга се испраќаат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Добитниците ќе бидат објавувани секој понеделник во печатеното издание на ВЕЧЕР и на www.vecer.com.mk. Книгите можат да се подигнат во рок од една недела од објавата во книжарницата Икона, спроти Министерството за правда.