Oфицијална посета на Долна Нормандија и релизација на Конференција на тема:
„Културни политики: Проблеми во децентрализацијата и територијални предизвици“
12-16 септември, Долна Нормандија
Во рамките на проектот за “Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија”, Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во соработка со Регионалниот совет на Долна Нормандија (носители на проектната целина за “Културна политика и културна размена”) организираат официјална посета на Долна Нормандија (градовите Каен и Шербур) и конференција на тема: Културни политики: Проблеми во децентрализацијата и територијални предизвици.
Поканети гости и учесници на конференцијата од Македонија се:
- Емилиа Ѓероска, Раководител на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион
- Евгенија Бeкташ Јосифовска, Советник за култура во Општина Битола
- Драгана Ќурчиоска, Раководител на Сектор за нормативно - правни, управни и имотно - правни работи при Министерство за култура
- Евгенија Бeкташ Јосифовска, Советник за култура во Општина Битола
- Горан Петров, Градоначалник на Велес
- Марјан Ристески, Градоначалник на Прилеп
- Борче Димитровски, Директор на Центар за култура Битола
- Тони Чатлески, Директор на Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп
- Ирена Андреевска, Директор на Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ - ГУМНО.
- Зоран Илиевски, Директор на СЕГА - Коалиција на младински организации
Делегацијата ќе биде предводена од организаторите (тимот на Локомотива во состав: Биљана Тануровска- Ќулавковски, Виолета Качакова (програмски уредници) и Радмила Станојевска). Конференцијата и официјалната посета медиумски ќе бидат покриени од ТВ Телма, од двајца новинари кои патуваат со македонската делегација (Нина Стефанова и Јане Марковски).
На 13 и 14 септември ќе се посетат неколку културни институции (Центарот за фотографија во Шербур, Театарот Тридент - Националната сцена на Шербур, Меморијалниот институт на современо издаваштво и Музејот на уметности во Каен) и општинските администрации на градовите Каен и Шербур. Целта на овие посети е размена на практични искуства за начините на раководење, организирање и програмско уредување на самите институции и нивната улога во креирање на јавни (културни) политики. Средбите ќе се искористат и за согледување на можноста за воспоставување на идни соработки помеѓу општини, агломерации и институции од Република Македонија и Регионот Долна Нормандија.
Оттаму, по минатогодишното побратимување на градовите Охрид и Каен, позитивните ефекти од оваа соработка вродија со потпишување на уште еден меморандум на соработка, побратимување меѓу градовите Велес и Шербур. Македонската делегација ќе има можност да присуствува на овој свечен чин од огромна важност за понатамошната соработка меѓу овие две територии.
Конференцијата ќе се одржи на 15 септември во просториите на Регионалниот совет на Долна Нормандија. Таа има за цел да ја потенцира важноста на културата како фактор за социјален и економски развој и анализира предизвиците, можностите и перспективите за стратешки развој на културата на ниво на регион.
Конференцијата ќе обедини претставници на централната власт (министри, раководители на сектори), на регионите Долна Нормандија и Пелагонија, на локалната самоуправа (градоначалници, советници за култура), директори на културни институции под надлежност на државата и под надлежност на општините и претставници на граѓанскиот сектор од двете територии.
Конференцијата е организирана во две тематски сесии.
Првата сесија под наслов: Територијални културни политики: Можности и потреби за регионален развој на културата има за цел да ги претстави и дискутира постоечките модели на културни политики присутни на двете територии и преку една компаративна анализа (земајќи го во предвид различниот социо - културен контекст) да се согледаат предизвиците и можните модели за развој на културата на регионално ниво.
Втората сесија има за цел преку студија на случаи, конкретни проекти, акциони планови итн. да презентира и отвори дискусија за постоечките и можни начини на имплементација на културните политики на одредена територија. Оттаму, излагачите ќе се обратат на публиката во две тематски рамки насловени:
1. Имплементација на јавни културни политики на ниво на одредена територија.
2. Проекти и инструменти за развој на културата на ниво на одредена територија
Конференцијата ќе биде отворена со воведното излагање на: г-дин Ален Туре, Заменик претседател на Регионалниот совет на Долна Нормандија, Претседател на комисијата „Европа, соработка туризам, реунификација на Горна и Долна Нормандија, земјоделство и риболов“ и г-дин Муса Џафери, Министер за локална самоуправа на Р. Македонија.
Конференцијата во Каен е продолжение на конференцијата што се одржа во Скопје (Мултимедијален центар Мала Станица) на 15 септември 2009 година на тема: Децентрализација на културата во Република Македонија и Франција/Регион Долна Нормандија.
Со оваа конференција се заокружува првиот тригодишен циклус на проектната целина за “Културна политика и културна размена” од проектот за “Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија”. Вториот тригодишен циклус од проектот (2010-2013) стартува во октомври.
Основната цел на проектната целина за “Културна политика и културна размена” во новиот циклус е апликација на тригодишна проектна програма која ќе резултира со креирање на стратешки документ за регионален културен развој на Пелагонискиот регион, како и развој на професионалните капацитети на локалните културни актери кои ќе придонесат во понатамошен одржлив културен развој и континуирана соработка помеѓу локалните општини и регион од Македонија и регионот Долна Нормандија.
Проектот е поддржан од страна на Регионот Долна Нормандија, Француското Министерство за надворешни работи и Асоцијацијата на агенции за локална демократија.
Со почит,
Виолета Качакова
Проект менаџер
Одговорна за проектот за Децентрализирана соработка
ЛОКОМОТИВА-Центар за нови иницијативи во уметноста и културата
Бул. Партизански одреди 21 (Порта Буњаковец),
А2/3/ 2- 4, 1000 Скопје, Македонија
T/Ф: +389 2 3245 726
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
http://www.lokomotiva.org.mk/
РЕГИОН ДОЛНА НОРМАНДИЈА
ДИРЕКЦИЈА ЗА ОПШТИ РАБОТИ
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБОТКА
ЛОКОМОТИВА - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата
ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБОТКА ДН/МК
ОСКА 4: КУЛТУРНА ПОЛИТИКА И КУЛТУРНА РАЗМЕНА
Конференцијата посветена на култура
Среда / 15 септември / 09:00 – 18:00 / Kаен
„КУЛТУРНИ ПОЛИТИКИ: ПРОБЛЕМИ ВО ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА И ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ“
09:00 – 09:30 Пречек / кафе
Сабин Гише Лебаи, раководител на секторот за децентрализирана соработка во Регионалниот совет на Долна Нормандија, вовед и модератор на претпладневните дебати
09:30 – 10:15 Вовед
Г-дин Ален Туре, Заменик претседател на Регионалниот совет на Долна Нормандија, Претседател на комисијата „Европа, соработка туризам, реунификација на Горна и Долна Нормандија, земјоделство и риболов“, и г-дин Муса Џафери, Министер за локална самоуправа на Р. Македонија
Г-ѓа Паскал Коши, Заменик-претседател на Регионалниот cовет на Долна Нормандија, задолженa за култура ќе биде присутна и ќе учествува во дискусиите на Конференцијата.
Тема: Локални културни политики, предизвици во рамките на соработката за двете територии
- Историја на децентрализацијата
- Актуелна состојба, улогите на регионот
- Културни политики – предизвик во соработката
- Перспективи на соработката помеѓу двата партнера во доменот на културната
10:15 – 13:00 СЕСИЈА 1
Панелисти - претставници на: држава / регион, општина, граѓански сектор (20 минути за секој панелист)
10:15 – 12:30 Територијални културни политики: Можности и потреби за регионален развој на културата
„Креирање и спроведување на културни политики од страна на различни надлежни органи: национални, регионални, локални, здруженија на граѓани и асоцијации. Потреби и перспективи за регионален културен развој“
- Како да се создаде регионален културен идентитет задржувајќи ги културните специфичности на локалните заедници
- Меѓу-општинска соработка во рамките на еден регион и меѓурегионална соработка во рамките на една држава
- Како соработуваат креаторите на културна политика од различни нивоа: улога и активности на културните актери во еден регион
Панелисти од Македонија:
- Емилиа Ѓероска, Раководител на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион
- Евгенија Бeкташ Јосифовска, Советник за култура во Општина Битола
- Биљана Тануровска- Ќулавковски, Менаџер на Локомотива
Панелисти од Долна Нормандија:
- Изабел Лабиш Митендорф, Директор за култура во Регионалниот совет на Долна Нормандија
- Мишел Полве, Заменик градоначалник одговорен за култура на градот Флер
- Жаклин Бори, Потпретседател во Африкалес (Асоцијација за африканска култура во Долна Нормандија), заменик градоначалник на Флер-сур-Орн, задолжена за децентрализирана соработка
Модератор: Сабин Гише Лебаји
12:30 – 13:00 Прашања и одговори
13:00 – 13: 20 Средба со новинари
13:20 – 14:45 Ручек
14:45 – 17:15 СЕСИЈА II – организирана во две тематски работилници
Работилница 1
Имплементација на јавни културни политики на ниво на одредена територија
Панелисти од Македонија:
- Драгана Ќурчиоска, Раководител на Сектор за нормативно - правни, управни и имотно - правни работи при Министерство за култура
- Евгенија Бeкташ Јосифовска, Советник за култура во Општина Битола
- Горан Петров, Градоначалник на Велес
Панелисти од Долна Нормандија:
- Жан Клод Магалае или Лидија Теулиен, Заменици градоначалници за децентрализирана соработка и култура на градот Шербур
- Ноел Лемолф, Заменик градоначалник, задолжена за култура, спречување од ризици и безбедност на градот Иф
- Лорен Поре, Координатор на асоцијацијата Балкан Транзит
- Пјер Шмит, Директор на Регионален центар за етнологија и етнографска техника
Работилница 2
Проекти и инструменти за развој на културата на ниво на одредена територија
Панелисти од Македонија:
- Марјан Ристески, Градоначалник на Прилеп
- Борче Димитровски, Директор на Центар за култура Битола
- Тони Чатлески, Директор на Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп
- Ирена Андреевска, Директор на Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ - ГУМНО.
- Зоран Илиевски, Директор на СЕГА - Коалиција на младински организации
Панелисти од Долна Нормандија:
- Мишел Полве, Заменик градоначалник задолжен за култура на градот Флер
- Жером ле Тентурие, Изабел Мисандо и Марин Костар - Претставници на Relais Culturels Regionaux од градот Флер
- Kсавиер Гонзалез, Мари-Бланш Прон, Претставници на Relais Culturels Regionaux од општината Tеси сур Вир
- Гералдин Ует, Директорка на меѓу-општинскиот дом за млади и култура на општината Ерманвил
17:30 – 18:15 Заклучоци од дебатите
19:00 – 22: 30 Официјална вечера со г-дин Ален Туре, Заменик претседател на Регионалниот совет на Долна Нормандија, Претседател на комисијата „Европа, соработка туризам, реунификација на Горна и Долна Нормандија, земјоделство и риболов“
* * *
Конференцијата се реализира во рамките на проектната оска 4: Културна политика и културна размена од „Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија“. Носители на овој проект се Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и Регионалниот совет на Долна Нормандија.
Проектот е поддржан од страна на Регионот Долна Нормандија, Француското Министерство за надворешни работи и Асоцијацијата на агенции за локална демократија