ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИ
Во период од 12 декември 2010 година до 12 февруари 2011 година, во Каиро, Египет ќе се одржи 12 Каирско Биенале. Каирското Биенале, за прв пат е одржано во 1984 година и претставува најголема и најпрестижна манифестација од современата уметност на Блискиот Исток. На годинешното издание на Каирското Биенале, кое ќе се одржи под наслов “Тхе диферситѕ оф алл анд еверѕтхинг ис поссибле” ќе учествуваат 78 автори од 46 земји, меѓу кои авторите Шон Гладвел, Иван Наваро, Хуан Бургос, Натали Дјуберг, Хектор Замора, Били Ли, Матко Векиќ и други.
Република Македонија на 12 Каирско Биенале ја претставува уметникот Гоце Наневски, со неговото последно дело - серија на дигитални отпечатоци од проектот со наслов Содржина за другите 2. Оваа серија се состои од 5 дигитални отпечатоци со димензии 100 х 200 см и претходно беше претставена на самостојната изложба на авторот во Галлерѕ МЦ во Њујорк (САД) оваа година.
Според Бојан Иванов, историчар на уметноста: Инсталацијата на Гоце Наневски е показател на неговиот творечки пристап. Имено, тој се состои од една миграција на обновени теми низ постојано менување на пејзажот на новите медиуми. Во овој пример, е да се направи со средба меѓу искуството и структурата, наративноста и визуелноста, интимноста и социјалното, содржината и контекстот (од каталогот за изложбата).
Гоце Наневски ја преставуваше Македонија на 53то Венециско биенале во 2009 година со проектот “Фифтѕ ор Фифтѕ”.
Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1996, а магистрирал 2002 година на истиот факултет. Во моментот работи како доцент на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.