ФИЛМСКИ ПРОЕКТ (ОМНИБУС) – „ДЛАБОКИ РЕЗОВИ”
КОНКУРС ЗА ОРИГИНАЛНИ ДЕЛА
Продукциската куќа КИНЕМАТОГРАФ и организацијата БаБе! од Загреб повикуваат автори и авторки на оригинални дела (во облик на приказна, сценарио, мотив или синопсис) на конкурс за реализирање на регионален игран филмски проект – омнибус ДЛАБОКИ РЕЗОВИ.
Тематска рамка е НАСИЛСТВОТО во сите негови облици: како разорување на интимата, семејството, интегритетот, довербата – експлицитно или имплицитно, психолошко, физичко, емоционално насилство.
Изборот на раскажувачките ракурси, мотивацијата, степенот на психологизација и карактеризација како и тематските планови се препуштени на авторот/ката.
БАРАМЕ:
- комплексно, промислено, артикулирано, иновативно (формално и содржински) истражување и прикажување на интимните меѓучовечки односи кои имаат насилнички карактер или се последица на насилничко однесување.
- креативен пристап кон формата на краткиот игран филм.
- оддалечување од вообичаениот, предвидлив третман на темите.
НЕ БАРАМЕ:
- симплифицирани, дидактични, стереотипни, типизирани прикажувања на насилните односи
- наменски, пропагандни и видео клип (спот) форми.
Избраните дела, најмалце 3 а највеќе 6, во соработка со авторот/ката ќе бидат адаптирани во сценарија. Со авторите/ките ќе биде склучен авторски договор со кој ќе се регулира висината на надоместокот и начинот на користење на авторското дело.
Сценаријата за краток игран филм во траење од најмалце 15 а највеќе 30 минути ќе бидат реализирани во форма на регионален омнибус.
За продукциските услови на реализација на филмскиот проект избраните автори/ки ќе бидат лично известени.
Крајниот рок за поднесување на делата е 01.03.2011
Резултатите ќе бидат објавени на страниците www.kinematograf.hr i www.babe.hr
Трудовите треба да се достават преку пошта:
БаБе! – Куćа лјудских права
Селска цеста 112 а
10 000 Загреб, Хрватска
или на:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
ЖИРИ:
Дијана Млаѓеновиќ (продуцентка, кинематограф), Сања Сарнавка (водителка на организацијата БаБе!), Мима Симиќ (теоретичарка на филмот), Небојша Слијепчевиќ (режисер) и Јасна Жмак (драматург)