КИНО МИЛЕНИУМ
Ова не е американски филм
Во киното Милениум од денеска љубителите на филмската уметност ќе можат да го проследат дебитантското дело на Сашо Павловски "Ова не е американски филм". Драмскиот текст е на Сашо Миленковски, а Павловски во соработка со чешкот сценарист Павеј Јех (декан на ФАМУ) го преработија во филмско сценарио.
Во филмот играат Сенко Велинов, Игор Ангелов, Славиша Каевски, Ѓорѓи Јолевски, Златко Митревски, Кај Еванс, Тони Наумовски и Никола Ристановски.
Овој акционен филм, којшто има две проекции, во 20.00 и 22.30 часот, е вистинско освежување на македонската филмска сцена и гарантирано ќе ја оправда споредбата со големите Гај Ричи и Тарантино, на чиј стил и припаѓа.