ВО СВ. "ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ"
Меѓународна ликовна колонија
Во манастирот Св. "Гаврил Лесновски" кај Пробиштип наредните денови ќе творат ликовни уметници од Турција, Србија, Бугарија, Косово, Црна Гора и Македонија. На годинешнава 20 Меѓународна лесновска ликовна колонија меѓу македонските ликовни творци се најдоа Трајче Блажевски, Владимир Темков и Ѓоко Антониев.
Според директорот на Домот на културата, Влатко Јордановски, ликовните уметници во наредните осум дена ќе создаваат дела во амбиентот на манастирот во Лесново, а и во околината на Злетово и Пробиштип. Традиционално, делата од Лесновската ликовна колонија ќе бидат претставени на изложби во повеќе градови низ Македонија. Лесновската ликовна колонија првпат се одржа во 1992 година.