логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ПРОМОЦИЈА НА ДВЕ ЕЛЕКТРОНСКИ ИЗДАНИЈА –
АМЕРИКАНСКИ БАЈКИ ОД Ф. БАУМ И СКОПСКИОТ ТРАМВАЈ ОД Х. ПЕТРЕСКИ
 
На 13 септември 2011 година со почеток во 20.00 часот во просториите на кафе-книжарницата „Магор“ во Скопје свечено ќе бидат промовирани две книги во издание на Универзитетот Американ колеџ Скопје. Станува збор за електронски изданија на преводот од англиски на македонски јазик на збирката „Американски бајки“ од Франк Баум и на преводот од македонски на англиски јазик на збирката раскази „Скопскиот трамвај“ од наградениот македонски автор за деца Христо Петрески. Литературните преводи се направени од  студенти на Факултетот за странски јазици при Универзитетот Американ колеџ Скопје.
 
„Американски бајки“ од Франк Баум е збирка од дванаесет кратки раскази кои  Френк Баум ги објавува во 1901 година. Франк Баум можеби на читателите ќе им биде повеќе познат како авторот на „Волшебникот од Оз“ и „Таткото Гуска“. Расказите од збирката „Американски бајки“  во текот на март, април и мај 1901 година биле објавени во неколку големи весници, а како збирка биле собрани и објавени во октомври истата година. Со ироничните или бесмислени поуки на крајот на секоја приказна овие раскази добиваат сатиричен тон, кој не е сосема својствен за детските раскази.  Затоа овие раскази, иако се наречени бајки, наменети се да ги задоволат барањата и на повозрасните читатели. Расказите ги преведоа 10 студенти во рамките на предметот „Вовед во превод и толкување“ под менторство на м-р Марија Тодорова.
Преводот од македонски на англиски јазик на книгата „Скопскиот трамвај“ од наградениот македонски автор за деца Христо Петрески е реализиран во соработка со Универзитетот Ист Англија (Велика Британија). Преводот од македонски на англиски јазик го направија  четири студенти од  Универзитетот Американ колеџ Скопје кои студираат на насоката превод и толкување на Факултетот за странски јазици. Проектот е дел од задачите во рамките на предметот  „Превод и толкување од македонски на англиски јазик“.  Лекторирањето на десетте раскази од книгата го направија двајца студенти на постдипломски студии на Универзитетот Ист Англија, Велика Британија, на катедрата за литературен превод и креативно пишување под менторство на професорот д-р Б.Џ. Ебстајн. Уредник на изданието е предметниот наставник, м-р Марија Тодорова.
Книгите ќе ги промовира авторот Христо Петрески.
Книгите се електронски изданија лиценцирани со Криејтив Комонс: Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела 3.0.
Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАЦС) е основан во 2005 година како еден од неколкуте приватни високообразовни институции во Македонија. Универзитетот го нуди најдоброто од американските и европските образовни искуства. УАЦС нуди американска ефикасност низ внимателно дизајнираните наставни програми, современа професионална литература и студии на случај од познати автори, како и спроведување на „Американскиот начин“. Нашата мисија е да ја зголемиме способноста на студентите да размислуваат креативно и критички и да комуницираат ефективно.
 
Програма:
20.00 Поздрав до присутните
Д-р Иван Додовски, декан на Факултетот за странски јазици, УАКС
20.05 Литературата за деца во превод
М-р Марија Тодорова
20.10 Значењето на литературата за деца
                 Христо Петрески
20.30 Да се биде преведувач
                Студент: Рашко Темелковски
20.40 Читање на извадок
                Студент: Бојана Јанчевска
 
Контакт:
Марија Тодорова
Тел: 02 2435   или 078 455 194
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная