Ламбе Алабаковски, Македонската филхармонија, монахињата Касијана и хорот при Македонската православна богословија, ќе одржат Велигнески концерт на 5 април во Универзалната сала. Концертот е во 20 часот, и е во чест на празниците на Христовите Страдања и Велигден. Го организира свештениот Бигорски манастир, заедно со неговите пријатели.
За прв пат во историјата на македонската музика е направена оркестрација на древни источно-православни напеви од страна на нашиот познатиот композитор и професор Живојин Глишиќ, кој на ова дело работеше повеќе од една година, велат во М2 продукција.
По пожарот во Манастирот во 2009 година, Ламбе истата година одржа концерт за негово обновување. Поп-пејачот, лани на Водици во неговото родно село Љубојно, го фати крстот во реката Брајчина. Изминативе години, популарниот пејач повеќе се посвети на хуманитарната работа и на црквата.