Во ѕвездените мигови на македонската култура и уметност видно место зазема историскиот настан со откритието на Николај Окунеф (1928) на старите фрески во манастирот Св. Пантелејмон во Нерези и дебатата каде всушност почнала европската ренесанса: во Италија, со Џото во XIV век, или два века порано во Македонија, некаде околу 1164 година во Нерези, со овдешниот непознат ингениозен зограф, кој ги живописал фреските на ѕидовите на манастирот Св. Пантелејмон, особено „Оплакувањето“.
Минатото и иднината се во рацете Божји
Еден ден ѓаволот се појави пред тројца монаси и ги праша секого одделно, што би сменил од…
Сеп 17, 2025