логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


  2010.Bari.jpg

ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА
СВЕТИ НИКОЛА, СВЕТИ КУЗМАН И
СВЕТИ ДАМЈАН
ОД 08 ОКТОМВРИ ДО 11 ОКТОМВРИ 


 Скопската епархија, со благослов на Негово Блаженство Архиепископот г.г. Стефан, организира поклоничко патување во чест на свети Никола, свети Кузман и свети Дамјан во Бари - Италија.
1 ДЕН (08.10.2010 петок): Состанок на групата во 11.30 часот пред Соборниот храм Свети Климент во Скопје, а потоа заминување со автобус кон Струга и граничниот премин Ќафасан. Пристигнувањето во Драч е предвидено во 20.30 часот, каде патниците ќе бидат сместени на брод и патувањето ќе продожи ноќе кон Бари.
 2 ДЕН (09.10.2010 сабота): Пристигнување во пристаништето на Бари е предвидено во утринските часови. Најпрвин ќе се посетат базиликите: Свети Никола   и Сан Сабино, а потоа следи сместување во црковен хотел. По сместувањето во хотел, предвидено е факултативна посета на Алберо-бело, единственото салаш село во светот, заштитено од УНЕСЦО. По оваа посета ќе биде организиран разглед на  Бари по слободен избор до 21.00 часот, а потоа заминување во хотел.
 3 ДЕН (10.10.2010 недела): Будење и појадок во хотелот, а потоа ќе биде организирана  посета на градот Битонто и на базиликата Свети Кузман и Дамјан каде што поклониците ќе можат да се поклонат на светите мошти од светителите, а потоа заминување за Бари каде ќе се посети Руската православна црква Свети Никола. По оваа посета, предвидено е индивидуално разгледување на Бари до 20.30 часот, а потоа сместување на брод и продолжување на патот за Драч.
4 ДЕН (11.10.2010 понеделник): Пристигнување во пристаништето на Драч во утринските часови, а потоа ќе се продолжи со патувањето кон Ќафасан и Скопје. Пристигнувањето во Скопје е предвидено во попладневните часови.          
   ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: ЗА ПАТНИЦИ СО СТАРИ ПАСОШИ 135 €, А СО НОВИ 125 €, ЗА БИОМЕТРИСКИТЕ ПАСОШИ ДОЛУНАВЕДЕНИТЕ ДОКУМЕНТИ НЕ СЕ ПОТРЕБНИ САМО КОПИЈА ОД ПАСОШ СТР. 1 И 2.
 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: Влезна шенген виза (за паници со стар пасош), патничкото осигурување, автобуски превоз, сместување во хотел на база 1 Н/П, бродски превоз со платени такси во пристаниште на релација Драч - Бари - Драч. Паници кои сакаат да користат кабина за спиење треба да доплатат за 1/2 кабина, 20 € во едне правец, а за 1/3 и 1/4 кабина 15 € во едне правец.
 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: Посета на Алберобело (10 € - по лице), Посета на градот Битонто (5 € - по лице)
 ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ВИЗА ЗА ПАТНИЦИ СО СТАР ПАСОШ: Пасош (со важност од минимум 6 месеци од денот на враќањето), 1 слика (пасошки формат), копија од пасошот стр. 1 и 2, копија од М1/М2 формуларот од работа, и копија од здравствена книшка. Формуларите за барање на виза ќе можат да се добијат во секоја парохија во епархиите.
ЗА СТУДЕНТИ: Пасош (со важност од минимум 6 месеци од денот на враќањето), 1 слика (пасошки формат), копија од пасошот стр. 1 и 2, копија од индекс (стр.1-2), страницата каде е заверен семестарот, страница од последните положени испити, потврда од факултет дека е редовен студент како и документ од родителите, копија од формулари М1/М2 од работа и копија од здравствената легитимација (стр. 3-4)
 ЗА ПЕНЗИОНЕРИ: Пасош (со важност од минимум 6 месеци од денот на враќањето), 1 слика (пасошки формат), копија од пасошот стр.1 и 2, копија од последниот чек за пензија и копија од здравствената легитимација (стр.3-4).
ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Е 03.10.2010.
За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ секој ден по 13.00х на тел. 070 582 588 begin_of_the_skype_highlighting              070 582 588      end_of_the_skype_highlighting или

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете





dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная