логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

БИДИ МИЛОСТИВ КОН МЕНЕ, ГОСПОДИ!

Сакам да сум на должност во храмот. Оваа седмица беше исполнета со служби, исповеди и средби со луѓе. Секогаш се збогатувам духовно, учам нешто ново, повторно се откривам себеси и го гледам богатството во секоја една душа.
Пред неколку дена на вратата од мојата канцеларија затропа некој  и после мојот краток потврден одговор, влезе еден мој познаник, повозрасен христијанин. Се немавме видено одамна. Започнавме топол, пријателски разговор и тој го сподели со мене следново: „Оче, кога бев млад христијанин, се молев со часови и барав од Бог многу работи. Се молев за видливи и невидливи дарови, придобивки, успех во работата, кариерата и воопшто за се што ми требаше во тој момент. Речено е: „ Молете се и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете “. И јас настојував, се молев, истрајував во молитвата. Сега, долги години, откако сум во Црквата, се молам само за една работа - Бог да биде милостив кон мене! Ништо друго! Затоа што Неговата милост содржи се: љубов, грижа, поткрепа во секој ден и секој момент. Само станав помудар и сфатив колку сум слаб. Покрај тоа, од лично искуство се повеќе сум убеден дека Бог најдобро знае што е потребно за мене и Он одлучува точно кога ќе ми го даде.
Скоро во една книга, збирка совети од светите отци, наидов на едно упатство што особено ми се допадна: „Господи, на кој начин ти е угодно и како што Ти сакаш, помилуј ме!“ Откако ќе ги завршам утринските молитви,си ги повторувам овие зборови неколку пати. И знаете, јас живеам полесно на тој начин. Ги кажувам искрено, со сета душа и срце, и имам чувство дека Бог ги прифаќа како чиста жртва. Ова многу ме смирува, а исто така почнав да забележувам дека работите во мојот живот се подобруваат. Порано се грижев, препирав и се беспокоев за многу нешта, но сега повеќе не е така. Сè му доверувам  на Бог и интересно – тоа ме успокојува. Научив да се опуштам и мисловно и емоционално. Ова е мојот испробан и проверен рецепт. Мојот духовен витамин за секој еден ден “.
Го ислушав и си реков: „Колку мудрост има во овој човек. И што е најважно - колку смирение. Но, ова не е апстрактно, суво и смирение откинато од драмата на битието, но длабоко, искрено и чисто. Како злато во печката и зрно меѓу плевелот. Смирение кое извира од кладенецот на страдалната душа. Тој го нашол најкраткиот пат до Бога. Научил да го повикува кратко, од дното на душата. И што е најважно - да му доверува сè на Него. Како дете што влегува во продавница за играчки со својот татко и зашеметено од толку многу искушенија, тој се свртува кон него и му вели: „Тато, одбери го најдоброто за мене!“ И не само што го прима, туку и се радува на татковата љубов. Тоа е радост во полнота и взаемност.
Овој мој познаник дејствуваше едноставно и правилно,и што е најважно - Богоугодно. Притоа, тој дава пример за нас, високоумните, образованите, „специјалните христијани“. Оние кои се секогаш подготвени да подучуваат и расудуваат. Оние кои во училиштето на животот  претпочитаат прво да бидат учители отколку ученици. Оние кои се декларираат за судии и го прифаќаат монополот да ги етикетираат туѓите постапки. Овој човек се свртел кон себе си без дури и да се обиде да го коментира светот околу себе,бидејќи едноставно ја сфатил својата слабост и целосната беда без Бог. Сфатил дека тоа е прашина и пепел, сенка и магла, здив што поминува. Преку горчината на своето искуство, тој ја осознал својата лична ништожност и целосна недостојност пред Неговото величие. Ја скршил својата гордост, се понижил по сопствена волја и на тој начин му се приближил на Бога. Тој е поблиску до Него отколку јас. Тој е во подножјето на Неговиот престол, за разлика од мене, иако сум свештеник и Бог ми дозволил да располагам со Неговото Тело и Крв. Затоа треба да се поучам од него.
Затоа што Бог ги сака сите, но особено смирените. Тој го кажува тоа и во Светото Писмо: „А еве, на кого ќе погледнам, на смирениот и бедниот по дух, и оној што трепери пред Моето слово“ (Иса. 66: 2). Големо откровение е да ја осознаете својата немоќ. Ова е својствено само во најчистите срца. Тоа е плод само на оние што го носат Бога како печат на својата душа. За оние кои не само што разбрале, туку и биле задоени од мислата дека без Него тие се навистина  ништо. Тие кои што разбрале дека се значајни само ако ја одразуваат Неговата слава и живеат во сенката на Неговите крилја. Тоа се вистинските синови и ќерки Божји, кои на секој начин се обидуваат да бидат икона Божја и искрени работници, а не наемници на Неговата нива. Преку горчината на искуството, тие ги научиле лекциите во суровата школа на животот и не сакаат да се појавуваат на поправен испит. Тоа се оние кои се уморни од експериментирање со себе си и се исцрпени од скитањето низ своето незаситно јас и затоа го напуштиле оружјето на егоизмот и клекнале пред Неговите нозе. Тоа се оние мудри души кои го прифатиле верувањето: „Не сакам да бидам јас, туку Ти, Господи!“.
Еден од големите отци на 19 век, Свети Филарет Московски, во својата “Секојдневна молитва” вели: „ Господи, не знам што да побарам од Тебе. Само Ти знаеш што ми е потребно, и Ти повеќе ме сакаш отколку што сам знам и умеам да се сакам себеси. Оче, дај му го на Твојот слуга она што и сам не умее да го побара. Не се осмелувам да барам ни Крст ни утеха, а само стојам пред Тебе и срцето мое е отворено за Тебе. Ти ги согледуваш потребите што јас не ги знам, па затоа гледај и постапи со мене според твојата милост. Порази, но и излечи; собори, но и подигни. Ништожен и нем сум пред Твојата света волја и недостижните, за мене, Твои судови. Себеси се принесувам жртва за Тебе и Ти се предавам. Немам друга желба, освен таа - целосно да ја исполнувам волјата Твоја. Научи ме да се молам. Самиот Ти, моли се во мене Господи. Амин!  “.
Пројавите на Светиот Дух ги посетуваат сите чисти срца кои Го повикуваат и бараат од Него да им го просветли животот. Кога Бог ги раздава своите дарови, Тој не гледа ниту на лице ниту на било каква световна или животна привилегија. Ги опфаќа само оние кои искрено се каат за своите гревови, се каат за своите дела и се подготвени да се помират со Него. Им испраќа ангели и великодушно им дава преку Неговата благодат. Тој е Татко на сите и како таков топло ги милува и прегрнува оние кои се однесуваат како синови, а не како наемници. Тие го држат Неговиот завет и сфаќаат дека можат да одат напред само ако ја стават својата мала рака во Неговата моќна десна рака. Нека ние, кои тргнавме на патот кон Неговото царство, ја стекнеме оваа многу потребна понизност што ќе не направи достојни да стоиме десно од Неговиот престол. Амин.

 
отец Јасен Шинев
превод Симеон Стефковски
извор Богоносци.бг


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

« »

Православен календар

 

23/06/2025 - понеделник

Петровденски пости (строг пост)

Св. свеш. Тимотеј, епископ Бруски; Св. маченици Александар и Антонина; Св. Васијан, епископ Лавдиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов св.мч Тимотеј Пруски 23 јуни/10 јуни   2025

Тропар на светиот Христов св.мч Тимотеј Пруски 23 јуни/10 јуни 2025

Незлобливоста на гулабот по зборовите Христови, на тебе го навлече дарот на чудотворство,о Тимотее свети, поддржувајќи го големиот Јован, главата за...

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 20259 јуни

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 20259 јуни

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,тој Господи љубовта Твоја ја повикува.За Името Твое глава веднеејќи,...

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај  2025

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај 2025

Како огнот што го загрева железото, така благодатта срцето човеково,за да го покаже сето она кое е нечисто, о Ермо велики, Бог те...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная