логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Недела I по Педесетница 07 јуни, 2026 година (Недела на Сите Светии)

ВоиметонаОтецотиСинотиСветиотДух.


Благочестиви христијани,

ZarkoGPedesetnica


Помина точно една седмица откога го прославивме роденденот на Црквата Божја, го прославивме и си спомнавме за слегувањето на Светиот Дух врз апостолите.Овие простодушни следбеници иученици Христови на педесетиот ден од Воскресението го добиле ветеното, ја добиле благодатта од Светиот Дух,се вооружиле сосилата Господова за да можат самопрегорно да го проповедаат Евангелието за Господа Исуса Христа Воскреснатиот низ целиот свет. Бог им дал сила на овие луѓе да Го исповедаат Богочовекот Христос и Неговото спасително дело пред лицето на светот. Бог ги вооружил овие свои верни војниции ги испратил во борба со зборовите: ,,Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15) Но, знаејќи дека патот на проповедта ќе биде тежок, Господ ИсусХристос им кажал на Своите ученици: ,,Ете, Јас ве испраќам како овци помеѓу волци", и ги охрабрил,,,Не бојте се! Вам и влакната на главата ви се изброени."
На апостолите задачата им била сосема јасна,заштоГоспод вели:
„Секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе  го признаам и Јас него пред Мојот Отец небесен. А кој ќе се одрече од Мене и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец небесен." (Мт. 10, 32-33) Оваа заповед навидум се чини едноставна и лесна,но низ вековите,па доденес, согледуваме дека исповеданието за Христа Воскреснатиот наоѓало и наоѓа отпор, како во минатото, така и во денешно време.Во времето на апостолите,сведоштвото за спасението на светот и човекот од смртта и ѓаволот било лудост во умот на грчката филозофија и римското право.Во периодот на хуманизмот и ренесансата,на Христовите страдања за човештвото се гледало од романтичарски аспект, а пак, во периодот на богоборниот атеизам никнат од либерализмот кој траел и на нашиве простори до пред извесно време во вид на револуционерен социjализам, сите оние што го исповедале Исуса Христа за Богочовек и Спасител, исведочеле за спасението станувале страдалници. 


Но, тие маки и страдања на христиjаните биле предвидени со зборовите Господови, кога вели: ,,Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч. Зашто дојдов да разделам човек од татка си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина.И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни." (Мт. 10, 34-36) А, дали има нешто пострашно од тоа непријателите да ни бидат нашите домашни? Но, тоа е тежината на крстот кој Господ ни го дава да го носиме низ целиот наш земен живот. На некои крстот е полесен, на некои потежок, некој полесно го носи, некој повеќе страда, но крстот никогаш не е потежок од сопствените сили, а Бог секогаш не крепи при секое искушение и само оние истрајните,кои не го отфрлаат крстот свој после првата пречка, успеваат на истиот ТОЈ крст да го распнат стариот човек и да со воскреснат со Христа Спасителот за во нив да се роди нов човек кој ќе застане од десната страна Негова заедно со угодниците Божји.
Следбениците Христови по патот на спасението постојано се прашуваат како и апостол Петар:,,Што ќе стане со нас?"(Мт.19,27) Но, на тие што ќе издржат до крај; Бог им ветил вечен живот во Царството небесно; и сите оние што оставиле куќа, родители, браќа и сестри, жени идеца, заради Христа ќе наследат многупати повеќе и ќе се здобијат со вечни и нетрулежни блага.
Браќа и сестри,
Во овој ден, светата православна Цркваси спомнува за сите светии. Во нашиот календар гледаме дека секој ден е посветен на некој угодник Божји, маченик, апостол, пророк, преподобен. Но, списокот во рацете Божји е поголем -денес си спомнуваме за сите оние кои Му угодиле на Бога и станале учесници во Неговата слава, а на кои ниту имињата не им ги знаеме; си спомнуваме за сите оние кои пострадале за верата во Богочовекот Христос и со својата маченичка крв го потпишале сведоштвото за Синот Божји и Спасителот наш; си спомнуваме за сите знаени и незнаени светии, по чии молитви и ние се спасуваме и го издржуваме и поднесуваме носењето на сопствениот крст.
Бог, помолитвите на сите светии,знаени и незнаени, да не спаси и помилува зашто е Добар и Човекољубец.
Амин.

 

 Скопје, 7ми јуни 2026-храм на св.вмч. Димитриј

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2244
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2246
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 704
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

12/06/2026 - петок

Петровденски пости; (строг пост)

Преподобен Исакиј Исповедник; Преподобна Макрина;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная