логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Република Македонија

Александар Станкоски

Оваа генерација Македонци има многу деликатна задача, да ја исцели болежливата држава, нападната и однадвор и однатре

Ако помислите дека Република Македонија е мал остаток од големото царство, тогаш сте во тешка заблуда. Република Македонија е феникс, кој се издига од пеплиштата на историјата, таа е реинкарнација во минијатура на огромната државна творба, што нашите предци ја создадоа пред 23 века, а која беше уништена од небиднината на геополитичкиот хаос, кој ги чека сите оние политички конструкции, кои ќе се воздигнат преку границите на човековите можности. Ваквата судбина ги демне сите кралства и царства, сите империи што господареле или господарат со светот. Прашање е само на времето и собитијата што тоа ги влече со себеси.

Зошто нема начин во овој свет да се создаде идеална држава, во која среќата и просперитетот ќе ги опсипува нејзините поданици до бесконечност? Ваквото идеално и непропадливо царство на среќата, хармонијата и спокојството е можно само во Божјата држава, која е на небесата, амин.

Но, да се вратиме на земјата, во светот на пропадливоста, несреќата и гниењето, во кое катадневно се бориме за малку мир на умот.

Опстанокот на оваа млада држава – Република Македонија, иако со древни корени и огромно културно-историско богатство бара ужасни напори и непрестајна борба. Таа е како болежливо дете, родено од силни родители или како слепо куче од брза кучка окотено. Затоа оваа генерација Македонци има многу деликатна задача, да ја исцели болежливата држава, нападната и од надвор и од внатре. А напаѓачите не се само големите моќници од сенка, што со себичност и бескрајна ароганција ги претвораат луѓето во бројки и си поигруваат весела математика со нив, туку и нашите браќа од минатото, суетно заседнати во нивните грди, бесперспективни и сурови поседи – држави, во кои нема место ниту за човечките правдини, ниту за слободите на духот, кои со модерна терминологија се означуваат како демократија.

И затоа, тешки беа искушенијата на овој народ, завидливо намразен од блиските и далечните олигархии, да дојде до ова мало парче земја и да ја воспостави повторно својата оддамна загубена држава, да ја обнови својата култура и да ја освежи својата замаглена меморија.

Денес, кога од одредени медиокритетски кругови желни за власт, се иницира подмолната теорија за поделбата на македонскиот народ на антички и словенски Македонци, да им порачам да погледнат во валидните историски сведоштва и да се уверат дека таква поделба не постои, дека и античките Македонци беа Словени, како што се и современите. Дури и во крстозборите постои прашање, во кое се бара името на старите Словени, а чиј одговор гласи – Ант (еднина) или Анти (множина), па и оттаму зборот антика, што во превод би значело период на културната доминација на старите Словени или Антите. Ова име подоцна добива значење на „старина“ и така е прифатено на интернационално ниво, пред се' инаугурирано од страна на древните Латини, кои многу добро знаеле кој е кој во меѓународниот историски поредок. А што со старите македонски имиња Анте и Антица?

Но, фрустрираните псевдоинтелектуалци и понатака беснеат.

Нека овие игноранти, желни за бесловесна општествена доминација се свестат за злото што го вршат кон сопствениот народ, историја и култура и низ покајанието нека се вратат кон вистината и праведноста, ако тоа воопшто е можно.

Џемс Џојс во една пригода, разочаран од настаните во неговата родена земја, ќе изјави дека Ирска е свиња која ги јаде сопствените прасиња. Ова важи и за Македонија во определни периоди од нејзината посовремена историја. Пред се', во периодот помеѓу двете светски војни, кога дојде до шизофрени настани во ВМРО-то, кога македонската револуционерна левица се судри со врховизмот, потоа во периодот по асномска Македонија, кога титоистичкиот комунизам ги сотре сите автентични македонски револуционери, узурпирајќи ја волјата на македонскиот народ за обединување и демократија и на крајот во транзицискиот период, кога една неспособна и сервилна власт систематски ја уништуваше економијата, националниот дигнитет и вистинското перцепирање на македонската историја, прогонувајќи и исмејувајќи го сето она што е македонско и патриотско.

Но, македонскиот народ не е злопамтило, иако и неговото помнење е прецизно и доследно. Тој смерно и трпеливо ги поднесува неправдите на светот и изопаченоста на злобните глутници, чија единствена волја и способност е профитерството и перевертираниот хедонизам.

Овој народ има чувство за метафизичките димензии на свеста и постоењето и ова е најголемиот дар што еден народ или една личност може да го добие од Бога. Тоа е воедно и тежок дар, кој одвај се поднесува, но се' друго е само ништожност и празнотија без утеха и спокој.

(Авторот е уметник)

Наш став

 

Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.

Извор: Утрински весник



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Август 04, 2026
TVITer127

Потпретседателот Милошоски по повод 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци
Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Ное 01, 2025 Ставови 1430
SimeonStefkovski.LJubanci
Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост,…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2945
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 3079
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 1816
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

« »

Најново од култура

Православен календар

 

10/08/2026 - понеделник

Св. апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен; Св. маченик Јулијан; Преп. Павле Ксиропотамски; Св. маченик Евстатиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули  2026

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули 2026

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная