логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 Вистинскиот македонски херој




“Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.”
-Петре М.Андреевски-

..Пфф...Се насмеав иронично кога го прочитав насловот.Не толку за насловот колку за епитетот-херој.Па нели сите сме херои?Па нели сите имаме супер-моќи кои ги користиме  најчесто кога и за што не треба?


Ете вчера во трговскиот центар,еден младич и помогна на една куцонога бабичка околу торбите од пазарењето.И ја зграбчи чантата со сета сила и одлета во неповрат.И тој има нешто јуначко во себе,само зависи како вашите очи ги перцепираат нештата и ги пренесуваат до централниот нервен систем.

Или да позборуваме за херојот од моето соседство.Вчеравечер го пронашле згрчен од струен удар,иако за среќа преживеал.Не крадел електрична енергија од бандерата,како кажа, само помагал таа побрзо да биде спроведена до домовите од комшилукот. Вистински добродетел,не за џабе се вика Добре.

И мајка ми е херој.Таа секој ден војува со еруптирачки вулкани кои клокотат од лонците,подмолни микроби скриени во ќошовите и торнадо од прашина. Иако таа секогаш ќе биде светица во мои очи,нејзиното опејување го оставив во тетратките од осмолетка.

Денес,да зборувам за Тито,социјализмот,да го оплакувам минатото,да ја плукам сегашноста и светската парламентарна диктатура или да мечтаам за иднината која којзнае каде и како ќе ја дочекаме? Не!-удрив со раката . И бидејќи јас не сум јас,да отскокнувам од стадото и да бидам црна овца која не блее во празно, но мислам дека го заслужувам епитетот-херој.

Мојата сторија започнува вака.Роден во далечната ‘91 кога и шеснаесеткракото сонце  навестуваше дека ќе замине под стечај,се радував на остатоците од социјализмот.Никогаш не го запознав другарот Тито,иако приказните за него ги слушав eквивалентно често како и поздравот за добар ден. Од малечки нозе се судрив со транзицијата која немило ги разрануваше плускавците на рацете на моите родители. Експлоатирана работничка класа набрзо фрлена под канџите на лавовите кои ја раскинуваа со челустите,розата која им бодеше очи и по некој залутан орел кој започна да граба со канџите.

-Густа македонска крв.-се тешеа и продолжуваа да дишат на прагот на новиот милениум
Поради цврстиот грб на татко ми,кој пренел стотици вреќи со ѓубре и позлатените раце на мајка ми кои не се срамеа да ги извадат гомнениците на секакви луѓе и нелуѓе од канализацијата,мене ништо не ми недостигаше како припадник на ниската класа.

-Животот е првоаприлска шега на која често,забораваме да се насмееме-знаеја да ме поучат.А ние се смеевме со скечовите на К-15,плачевме кога печалбарот Константин умре во туѓина.Парадоскално,се смеевме на сопствената беда,а плачевме за иднината што речиси секого ќе го стигне.

Јас бев јунак со сила како Крали Марко,освојувач рамо до рамо со Александар Македонски. Бев силен, штом сум имал волја да излезам од матката на мајка ми и да го здогледам македонското сонце,брендирано на сите домашни производи,а освојував со знаење.Немав крилест ат,но и велосипедот на тато се покажа како добар придружник.И  можеби се што ќе видев од Индија беа само нивните Тв-серии.

А јас? Моите очи беа сведок на илјадници разделби.Виделе како возот ги одвезува моите пријатели во Скопје,додека јас останувам назад со солзи во очите и бело шамиче во рака,зашто моите немале финансии да ме пуштат во главниот град на факултет. Но белото шамиче не беше знак дека се предавам. Тие очи виделе споменици од бронза,додека  чичко ми за да преживее ја продаде и златната бурма.Чуле неисполнети ветувања,погрдни зборови од врсниците зашто истата маичка ја носев веќе еден месец.Бев мета на потсмев зашто татко ми бил ѓубреџија,а мајка ми чистачка.Ќе се најдеше и по некој надуен малоумник да ми попува како јас да сум аргат во претпријатието на неговиот татко. Но и покрај се јас имав достоинство и душа,а таквите како нив секогаш завршуваа со хемороиди на задникот од предолгото седење во семејната фотеља.Која беше разликата меѓу мене и нив? Јас знаев како мириса нечовечноста,тие ја препознаваа само аромата на парите.

За некого сум гнида,за друг ѕвер,за трет воздух.Можеби нема да ми подигнат споменик,а моето име нема да го сретнете во учебниците по историја,туку ќе ме начекате на улица како питачам,иако сум станал академски граѓанин со огромен капацитет во глава и две дипломи во рака.Сеедно,јас знам да преживеам во оваа џунгла, каде правилата се дека не постојат правила и секој гледа за сопствениот опстанок.Можеби ќе ме гледате и на рекламите како ендемски вид,зашто се борам против себеси да не станам дел од партискиот систем и да бидам независен како Швајцарија.Ќе звучам и нарцисоидно,но за херој на денешницава се сметам себеси. Па живеам во бескрупулозно општество каде идеалите се да ископаш дупка за другиот, небаре му зајмуваш  бесплатна парцела за сигурна смрт,пријателите те препознаваат на улица само кога носиш скапо одело и актовка во рака,родителите се трудат само во “Трудот” како невработени ,а љубовните партнери те користат како  играчка за задоволување на сексуалните инстинкти и можеби исполнување на неостварена материјална желба. Образованието ме тера да повратам,иднината е само црна точка...Но јас сум светлото на крајот на тунелот.Па драги мои,успеавме да ја преживееме несудената апокалипса,зарем не треба да примиме некаков бенефициран стаж како воени ветерани?

Нека, јас ќе продолжам да се борам,зашто откажувањето е за кукавици.Та нели јас сум херој?Продолжувам да бидам неискорнатиот троскот,кој после секој неуспех ќе се обновува.

Вашиот,напатен македонски херој.
Јована Матевска

 

Извор:  http://www.fakulteti.mk/news/13-04-16/vistinskiot_makedonski_heroj.aspx

 

 Јована Матевска

  Автор: Јована Матевска

Студент на Меѓународниот Славјански Институт, насока Психологија. Прочитај ги сите статии на Јована Матевска и посетете го нејзиниот блог

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1476
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1804
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 1677
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

„Неверојатен лик е свети Јован Крстител, само што јас тоа не знам и не можам да го опишам со зборови. Неговото присуство ги збунува современиците. Свештениците и левитите, а кој...

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Со Своето Воскресение Господ го извел родот човечки од пеколот и го вознесол во Рајот. Господ го извлекол од смртта родот човечки и го вознесол во Бесмртноста. Господ од ништо,...

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

20/05/2024 - понеделник

Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим; Светиот маченик Акакиј; Преподобните отци грузиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов маченик Акакиј 7 мај / 20 мај 2024

Тропар на светиот Христов маченик Акакиј 7 мај / 20 мај 2024

Незлобливоста твоја свети Акакие,ја привлече Љубовта да загосподари со тебе,исповедувањето на вистинатавенец маченички ти донесе,моли се за нас храбри војниче...

Тропар на светиот праведен и многустрадален Јов 6 мај / 19 мај 2024

Тропар на светиот праведен и многустрадален Јов 6 мај / 19 мај 2024

„Благословено да е Името Господово“ –восклик на победа во маките твоио Јове свети, кои во радости се претворија,бидејќи душата твоја...

Тропар на светата Великомаченичка Христова Ирина 5 мај / 18 мај 2024

Тропар на светата Великомаченичка Христова Ирина 5 мај / 18 мај 2024

Твоето срце миомирисно семе Христово постана,О, Ирино света девственичке,од него Господ за себе мноштво народ подигна,душата ти, палмина гранка на...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная