логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

 

Дали погледот на целулитот на Ким Кардашијан е вашиот краен хоризонт - беше едно од прашањата што им го постави на студентите името и презимето во екс ЈУ-новинарството

„Кои сте, бре, вие луѓе? Што е вашата генерација? Која е вашата песна? Слоган? Што пишува на вашиот беџ? Кому му верувате? На што се воодушевувате? Против што сте, за што сте? Што менувате? Кои се вашите книги? На што се радувате? Кои се вашите идни класици? Која е причината за вашето постоење? Зошто сте на овој свет? Зар се помирувате со судбината на генерации произведени во триминутна аритмична средба на несреќниот сперматозоид и расплаканата јајце-клетка? На кого и што отплаќате со ваква судбина? Зошто се долговите ваши кога не сте ги направиле? Зар во вашата генерација Че го уби Фидел? Дали сакате генерациски да бидете проколнати, незначајни, кусур на историјата? Да личите на нас?

Дали погледот на целулитот на Ким Кардашијан е вашиот краен хоризонт? Вашите хиперпалци, развиени од ес-ем-есот, вашиот Голем брат, Пахомиј и прељубници, медиумски наметнати идеално-типски идоли со ист број пајкини усни и идентични вимиња, пазарени од монотоната полица на ИКЕА; зар тоа е се' што можете генерациски? Што смеете? Овие по војната, пред вас, ги видоа „Битлси“, Кенеди, Виетнам, Мухамед Али, ‘68, Вудсток, деца на цвеќето, црни браќа, Брандо, позата 69, Селинџер, нашата „Златна палма“, нобеловецот Андриќ, спуштањето на Месечината, Олимписките игри на Јахорина, транзисторот, Бил Гејтс, телевизија во боја, Мерилин Монро, компјутери „комодоре“, Дилан, крајот на СССР, Зоран Радмиловиќ, море, маратонци, Шон Конери, Црвена ѕвезда како првак во светот, смртта на Тито, далечински управувач, крајот на апартхејдот, нашето злато во кошарка, Џаиќ, „Конкорд“, Пикасо, првиот дел од „Кум“, це-де, падот на Берлинскиот ѕид, Арсен Дедиќ, отворање на Кинескиот ѕид, Бугарија во Европската унија, покриениот храм „Свети Сава“, граѓанската војна и распаѓањето на Југославија. Дали ја гледате разликата? Зошто се согласувате со неа? Зошто, неописливо млитаво, се согласивте по претходната, силициумска генерација да бидете нем силиконски род?

Утешно. Засега.

Не сте виновни што сте такви. Ничија генетика не е толку лоша. Вас ве препарираа. Вие сте експонати. Заморчиња. Прво, комунизмот и долготрајната транзиција го уништуваат генерацискиот и поединечен интегритет. Без интегритет, нема личност. Без личност, нема граѓанска храброст и одговорност. Без граѓанска храброст и одговорност, нема демократија. Конечно, недостатокот на интегритет и недостатокот на писменост даваат вакво српско новинарство. Српското новинарство ентузијастички се вклучува во дресура на српското јавно мислење придонесувајќи за атмосфера каде што се' е можно…

Таблоидната политика неминовно раѓа таблоидна економија, потоа таблоидна уметност, потоа таблоидно новинарство, и, конечно, таблоиден живот со десет часа дневно замајување со телевизиска програма. Каква и да е, ако Србија ја нема РТС, сите ќерки би биле како Стоја, и сите синови како заштитени сведоци. Тоа не е случајно. Тоа е нечиј политички проект, се' во Србија да се сведе на вечни непродуктивни конфликти и исконска војна на нашиот Шоиќ и нивниот султан Сулејман. Кисмет, претпоставувам...“

(Дел од предавањете пред студентите по новинарство во Белград, кое беше објавено и во „Утрински весник“ во ноември 2012)

 

Повеќе



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Август 04, 2026
TVITer127

Потпретседателот Милошоски по повод 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци
Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Ное 01, 2025 Ставови 1421
SimeonStefkovski.LJubanci
Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост,…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2936
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 3068
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 1808
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

« »

Најново од култура

Православен календар

 

10/08/2026 - понеделник

Св. апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен; Св. маченик Јулијан; Преп. Павле Ксиропотамски; Св. маченик Евстатиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули  2026

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули 2026

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная