Секој сака да го знае одговорот на прашањето кои професии во иднина ќе бидат најдобро платени, особено оние кои сега треба да се определат со што ќе се занимаваат во животот. Новинарите од The Daily Muse одговорот на ова прашање го побараа кај Томас Фреј, футуролог и автор на книгата „Communicating with the Future“, во која издвојува шест професии.
1. Логистичар
Кога одите во продавница, точно знаете каде ќе ги најдете пастата за заби, сапунот за раце и шампонот. Но, зошто овие производи се наоѓаат на едно место? За тоа треба да се консултирате со логистичар. Овие професионалци користат комплексни софтвери за да го следат движењето на производите, односно смислуваат како тој процес да го направат што поефикасен.
Според Фреј, позицијата на логистичарот драстично се менува, според него наскоро професионалците од секторот за стока и производи ќе се преселат во технолошки понапредни системи како на пример одбраната, каде ќе работат на проекти како беспилотни летала, или во јавниот сектор, на проекти за автономни возила.
2. Етички хакер
Одредени компании ангажираат хакери кои намерно хакираат некои системи со цел да предупредат или откријат одредени проблеми со безбедноста. Во САД може да се добие сертификат за етички хакер.
Но, Фреј предупредува дека во иднина треба и официјално да се одреди што е, а што не е етички кога станува збор за хакирањето.
3. Актуар
Актуар е експерт со одлични познавања од економијата и статистиката којшто може да ги пресмета ризиците и финансиските последици од непредвидливи настани користејќи математички теории.
Фреј предвидува дека услугите на актуарите наскоро ќе се користат во здравствениот систем.
4. Хемичар за храна
Хемичарите за храна се задолжени за подобрување на вкусот и текстурата на храната, а според Фреј, со развојот на 3D принтерите во иднина ќе се подготвува храна направена од состојки кои хемичарите ќе знаат точно да ги одберат за да создадат вкусна храна.
5. Епидемиолог
Овие експерти за заразни болести ги утврдуваат изворите на зараза, работат на лекови и креираат протоколи за ставање крај на ширењето заразни болести.
6.Фронт-енд програмер
Кога на некоја веб страница кликнете на некој линк, тој ќе ве одведе на друга страница. Иако звучи едноставно, не е така. Фронт-енд програмерите, кои со програмирање и пишување на кодови, мора да ги знаат најдобрите решенија за корисниците.
Според Фреј, се повеќе компании ќе бидат внимателни во интеракцијата со клиенти преку интернет, односно ќе ја подобрат комуникацијата со онлајн корисниците.
Извор: Кајгана