Следната порака од рускиот великан Александар Сергеевич Пушкин која во 1827 година, за време на карантинот ја испратил до своите сограѓани:
Сè ќе отиде и сè ќе помине,
сите грижи и паника ќе исчезнат,
патиштата повторно ќе станат рамни,
и градините повторно ќе бидат полни со цвеќиња.
Да го повикаме разумот на помош,
Да ја победиме болеста со моќта на знаењето,
И деновите на тешкиот испит
да ги преживееме како едно семејство!
Ќе станеме почисти и помудри
без да им подлегнеме на темнината и стравот.
Да се воздигнеме духовно и да станеме
поблиски и подобри едни кон други!
И сите на празничната маса
повторно да се радуваме на животот,
И нека на овој ден Севишниот
испрати парче среќа во секој дом!
Денеска кога сите се соочуваме и водиме борба со вирусот Ковид 19, сила и инспирација треба да ни дава и тоа што во време на пандемија, на колера, Пушкин во карaнтин ги напишал неговите најпознати дела: „Малите трагедии”, „Повести на Белкин”, а го завршил и романот во стихови „Евгениј Оњегин”.
https://24info.mk/%d0%b2%d0%be-%d0%ba%d0%b8%d1%81%d0%b5%d0…/