логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Шарените платеници видно се вознемирија по успешната трибина околу воведување на контраверзното сексуално образование, каде главни говорници беа Викарниот Епископ Стобиски г.Јаков и универзитетскиот професор д-р Венко Андоновски, каде јасно и гласно беа обелоденети и разобличени нивните стратегии за идеолошка индоктринација на децата преку ширум отворената врата во образованието и законодавниот дом.

Првата реакција на Ирена Цветковиќ од Коалиција Маргини, Ена Бендевска од Хелсиншки Комитет итн. повторно им беше „Црквата да одјебе“.

 
 
Но, откако видоа масовно споделување на трибината на социјалните медиуми, вчера имаа итен состанок со нивната платформа за т.н. „родова еднаквост“ (ХЕРА, Маргини, Хелсиншки...), и напишаа реакција, каде што категорично велат, цитираме:
  

Во секуларна држава, мислењето на Црквата е нерелeвантно во креирањето на политиките за родова еднаквост.
 

Според овие пропагатори на родовата идеологија, црквата и верниците не смеат да го искажат јавно своето мислење за општествени прашања кои ги засегаат сите жители и сите деца во државава, дури ни во културните домови кои им припаѓаат на СИТЕ жители на државата. Според нив, верските лица смеат да зборуваат за општествени феномени само внатре помеѓу ѕидовите на нивните верски објекти и ниту еден чекор надвор од нив! Надвор од верските објекти смеат да проповедаат само атеистите и само виножитните платеници.

 
Тоа не е секуларизам, туку цензура!

Не драги мои, тоа не е секуларизам. Тоа е цензура. Тоа е комунистички режим, како оној на Сталин и Мао Це Тунг - кои заедно убија 100 милиони луѓе, 50 пати повеќе од сите крстоносни војни заедно. Тоа е директно кршење на Уставот на Македонија кој во член 16 гарантира слобода на говор, јавен настап, јавно изразување и јавно информирање на СИТЕ граѓани, а тоа секако ги вклучува и верските лица. Уставот за верските лица не важи само во ѕидовите на верските храмови, туку на секој еден метар квадратен во рамките на територијалните граници на Република Македонија.

 
Што е секуларност? 

Секуларност значи дека сите верски заедници се еднакви пред законот, дека државата не фаворизира ниту една религија или верска заедница и дека верските лица не смеат да влијаат директно во законодавството на државата - која е татковина на сите луѓе без разлика на нивните верувања, неверувања или идеолошки убедувања. Затоа и епископ Јаков не побара да влезе во Собрание и да гласа за или против законот за менување на пол, туку отиде во културен дом да го каже своето мислење во врска со новите контраверзни закони.

Демократијата, во која главниот постулат е слободата на говорот и јавното информирање, и тоа како им дава право и на верските лица јавно да проговорат за општествени теми кои директно ги засегаат сите луѓе во државата, па и нивните сопствени деца. Верските лица се претставници на повеќе од 92% од жителите во Македонија. Пола од овие (46%) се жени.
 
 
До вчера жртви, сега џелати

Внимавајте, господинот Јаков е Викарен Епископ од најголемата верска заедница во Македонија (МПЦ-ОА) и сепак не влезе во Собрание да говори. Од друга страна пак, овие 22 шарени невладини организации, иако претставуваат минијатурен процент на луѓе кои се убедени во нивната родова идеологија, сепак си имаат и своја интерпартиска парламентарна група во Собранието, директно се мешаат во менување на законите, а Мила Царовска подмукло и непотистички ја вметна нејзината невладина ХЕРА во државното образование, која без јавен дискурс и со нула транспарентност, дрско го менува образованието на СИТЕ деца во државава.
 
И не само образованието и законодавството. Ним им е даден скоро целиот јавен медиумски простор.

  • Нè бомбардираат 365 дена со нивната пропаганда.
  • Имаат пристап до сите јавни медиуми (особено оние платените).
  • Месецот јуни го направија „месец на гордоста“ со безброј настани при што користат јавен простор, јавни културни центри, сите медуми.
  • Малку им беше јуни, па сега си го присвоија и 8 Март како свој празник на којшто црквата треба да одјебе, а со тоа и сите жени вернички во државава.
  • Музејот на современа уметност чиниш е нивен „верски храм“, во кој не е проблем да се исмеваат со верата, каде имаа настан на кој гол маж беше облечен како православен свештеник и ставаа полови органи на светци. И сè тоа е ок, а не е ок тоа што епископ проговори во културен центар во Струмица, без воопшто да ги навреди.
  • Тие може да навредуваат, перверзно да се исмејуваат со верниците и да ја одјебуваат црквата, но ако некој изнесе на Фејсбук јавно достапна медицинска статистика за ширењето на сидата меѓу хомосексуалците, веднаш му пуштаат претставки и тужби. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација делува како само за нив да работи, како само нивните права да се човекови во државава.

 

Е, па не може повеќе така. Затоа јавно повикуваме на:

  • Исправување на кичмата на сите заспани верници во државава
  • Владеење на правото за сите луѓе во државава
  • Ослободување на државното образование од идеолошката индоктринација на невладините организации ХЕРА, Маргини и сл.
  • Државата да превземе мерки против сите невладини организации и институции кои го кршат член 16 од Уставот и јавно повикуваат на цензура.
  • Министерството за труд и социјална политика да се извини за клеветата дека на горе посочената трибина имало говор на омраза и јавно да го осуди јасниот говор на омраза на сите што пишуваа „Црквата да одјебе“. Иако Царовска повеќе не е министер во ова министерство, за жал истото сè уште е заложник на нејзините политики.

 
Извор: https://www.zadecata.org/post/sekularnost_cenzura
 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1076
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2647
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная