логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



vozdvizenie.jpg

Сите, и во Тунгузија, без проблем може да им подигнат споменик на Филип и на Александар Македонски, само Македонците не можат. Ете, тоа се вика модерна европско-грчка демократија! Ни се забранува длабок поглед во минатото, до изворот до кај што се пробива нашето име низ темните столетија на историјата. Сега не' бркаат од македонската антика, за да и' се препише истата како имот во европскиот катастар на Грција. Потоа, можеби, со Бугарите, ќе ни го одземат имотот и од словенскиот цивилизациски дел. До целосно обезличување. Само проблем е Името! Потоа се' е лесно!
Овој наслов, иако живееме во целосно антипоетско време, го довикува во свеста поетичкиот принцип на Бодлер за универзалната аналогија, која, пак, од своја страна стои во речиси идентична врска со поетиката на надреализмот што се потпира на „спојот на далечни слики и реалности“ (П. Реверди ). Имено, есенцијалниот спој на аналогиите е она што ги доведува наизглед оддалечените и неспоиви нешта во блиска врска и автентична жива реалност. Така е и со аналогијата за Македонците денес, од кои се бара да се преименуваат и исчезнат, и Евреите, кои на сцената на „цивилизирана“ Европа доживеаја два големи геноцидни погроми: едниот за време на инквизицијата во 16 век, и другиот за време на Втората светска војна во европска Германија.

Се разбира, аналогијата меѓу Македонците и Евреите во тој контекст на погром е по малку парадоксална, но не е несуштинска, иако современата бриселска Европа нема отворено специјален концентрационен логор за Македонците, нити ќе го отвори. Но, затоа истиот го има отворено нејзината можеби најомилена членка - Грција со препознатливите нацифашистички атрибути. А штом е таа дел од ЕУ, а ЕУ не и' се спротивставува отворено, тогаш и ЕУ ја сносува одговорноста за таквиот концепт, одисејски лукав, еден народ да се преименува и исчезне по кратка постапка, речиси безболно. Европски будистички специјалитет: нирвана која те носи во прегратка на ништото!

Евреите во Втората светска војна беа обележани со Давидовата ѕвезда на десната рака, како знак за отстрел. Македонците сега се обележани со Името. Тоа е сега нивната проколнатничка Давидова ѕвезда. Иако, се разбира, Европа тоа го прави крајно софистицирано со својот политички, а не правен и демократски инструментариум. Ни се нуди влез. Само треба да се согласиме на „безболно“ харикири: да се откажеме од сопственото Име. Потоа ќе бидеме во „европскиот рај“. Европа тука постапува како Понтиј Пилат при судењето на Исус Христос. Сака да не' испрати доброволно на Голгота со испрани раце и совест, која, искрено, и' недостасува. Но, во македонскиот случај таа е дури поперфидна и од Пилат, кој пред крвожедната толпа со која беше опколен Исус рече: „Јас не наоѓам никаква вина во овој човек“. А Европа? Таа не само што нема морална сила да изговори такво нешто, туку, напротив, целата вина ја наоѓа имено во Македонија.

Европските политички бирократи навистина сметаат дека ако сме мал народ, сме и глупи. Го гледам на ТВ-екраните Ерван Фуере, од ден на ден се' поблед, заглавен во живиот песок на европскиот „македонски случај“. Вели: „Идентитетот е света работа и за него не се преговара, туку само за името на државата“. Зарем навистина мисли тој дека името и идентитетот се две различни работи! Зарем навистина нема поим од поимот идентитет! Можам да му препорачам некој негов Ирец за да го упати во науката за тоа, како на пример Вилијам Батлер Јејтс. А може и големата ирска патриотка, платонската љубов на поетот, Мод Гон.

Б. Расел во „Мудроста на Западот“ вели дека старите Грци измислиле две генијални работи: сомнежот и дијалогот. Сомнежот ја ставил во оптек логиката и ја развил со хипотезите техниката на аналитичкото мислење што го овозможило континуираниот развиток на науката до невидени размери. Дијалогот, пак, придонел за откривање и почитување на другиот, а со тоа и до ослободување на атомите на демократскиот дух на човекот. Но што остана, следејќи го примерот со Македонија, од тие придобивки од големото откритие на дијалогот во денешна Грција и бриселска Европа. Ништо! Остана само дијалогот што се вика диктат! Нам денес Грција ни забранува, а Европа и' аминува, да го користиме сопственото име, да именуваме со него аеродроми, плоштади, патишта. Сите, и во Тунгузија, без проблем може да им подигнат споменик на Филип и на Александар Македонски, само Македонците не можат. Ете, тоа се вика модерна европско-грчка демократија! Ни се забранува длабок поглед во минатото, до изворот до кај што се пробива нашето име низ темните столетија на историјата. Сега не' бркаат од македонската антика, за да и' се препише истата како имот во европскиот катастар на Грција. Потоа, можеби со Бугарите, ќе ни го одземат имотот и од словенскиот цивилизациски дел. До целосно обезличување. Само проблем е Името! Потоа се' е лесно! Не' советуваат, како во детска градинка, бриселските Европејци, дека треба да се сосредоточиме на сегашноста и да гледаме во иднината. Но, јас познавам еден попаметен и подлабок западен Европеец, кој размислува различно и поинтелигентно од нив за минатото, англискиот поет Т. С. Елиот, кој за сегашноста, како реален антрополошки и филозофски поим, вели дека е составена од „многу минато и малку иднина“. Доволно!

Со точките што ги испиша до неговата црвена линија новиот грчки премиер Папандреу, Македонците се испраќаат на вечен престој на бреговите на старогрчката река на заборавот Лета. Или, посигурно, ги натрупуваат во чунот на старогрчкиот митски возач на мртвите Харон, кој ќе треба безимени, за вечни времиња, преку реката на смртта Стикс да ги пренесе директно во адот, во царството на сенките. Вистински „мајстори на смртта“, како што би рекол П. Целан! Европа досега неколку пати во својата темна историска работилница ја употребувала Македонија како објект за нејзината посебно усовршена уметничка дисциплина, односно мотив: торзото. И не само еднаш. Повеќепати нејзините политички и историски уметници од еднаш направеното македонско торзо повторно правеле торзо. Но, за чудо таквото секогаш повторно кастрено македонско торзо преживувало како Исус, обновено од сопствените рани. во него секогаш пеела целината. Но сега, со новиот нацифашистички план на Грците треба и тоа, такво до крај рането македонско торзо, да го снема. Европа на тоа се' уште не реагира решително. Не' тера сопствениот оган во урна со пепел да го пренесеме самите доброволно во пределот на заборавот.

Постојат три вида геноцид што ги измислил човекот во сојуз со Кнезот на Темнината: физички, религиски и јазичен. Македонскиот народ сите нив добро ги искусил и преживеал. Но сега, со грчките барања, тој е исправен пред четвртиот тип геноцид, кој е најнов изум на „мајсторите на смртта“, геноцид на Името, а со тоа и на идентитетот кој е неотуѓив дел од него. Неправедниот притисок од бриселска Европа е се' уште многу голем. Ужасен! Стоејќи пред портите на Европа, ние како да стоиме, како оние несреќници на Данте во „Божествената комедија“ пред портите на пеколот на кои пишува: „Оставете секаква надеж!“. Стоиме пред тие порти трпеливо и очајнички веќе цели две децении со крик на усните. Но тоа е се' уште крик во пустина. Па, сепак нешто се помести на последниот состанок на Советот на ЕУ, иако пак, и покрај исполнетите услови, не добивме датум за преговори. Многу сме им благодарни на Шведска, Италија, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка што покажаа разбирање за правдата што ја заслужува Македонија. Тоа е зрак на надеж дека конечно модерната европска демократија ќе им се измолкне на антидемократските стапици што и' се поставени од лукавите данајски и ахајски тројански коњи. Срам е, пак, за Франција и за Германија, кои се приклониле кон грчкото брутално вето: првата отворено, втората премолчено. За Франција е срамно, бидејќи со тоа докажува дека не е ни оддалеку веќе, со Саркози, авангарда на модерната европска демократија, онаа на Волтер, Иго, Ками, Сартр, Де Гол... За Германија и Меркел, пак, е срамно бидејќи остануваат глуви и слепи за геноцидниот наум на Грците кон Македонија, што мириса на холокауст. Се надевам дека не заборавиле нешто страшно поврзано со тој поим, Германците и госпоѓа Меркел со ангелско име.

Македонскиот крик е отворен и разлеан над се' уште присутната европска политичка и морална пустиња. Тој трае од одамна, а ние се прашуваме: постои ли денес во Европа некој моќен дух, како Зола во случајот со аферата „Драјфус“, да грмне: „Осудувам!“, да го осуди радикалното зло што Грција и' го подметнува на Европа со македонскиот случај. А тоа е барањето да се избрише Името и идентитетот на еден цел народ без кој тешко и дека може да се замисли културно-цивилизациската слика на Европа!


Ефтим Клетников
(Авторот е писател)

Извор: Дневник, 19.12.2009 г.

Друго:

Писателот Ефтим Клетников е роден во с. Негрево, во 1946. Дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје, Историја на книжевностите на Југославија со славистика, 1969. Студиски престој имал во Париз (1979/80) како стипендист на француската влада. Поезија_ Модер вир, Зраци и самраци, Окото на Темниот, Песни за Огнен, Икра и крило, Гласови, Триок, Магновенија, Маж и жена со лице спроти ѕвездите, Прасјај, Троја. Поезија за деца_ Кула со златно ѕвоно,Златна рипка, Море во сонот, 88 песни за месечината, Сончеви песни. Есеи и критика_ Орион, Јатка, Во потрага по целината. Има изготвено неколку антологии на македонската поезија. Препејува од руски, француски, словенечки, српски, хрватски, словачки јазик. Уредник на весникот на Независни Писатели на Македонија, Наше писмо.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1910
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2424
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная