логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


--------------------------------------------------------------------------------

Скопје, 18 март (МИА)

Во влажни и несоодветни услови се чуваат и стотина слики и други предмети од колекцијата на Музејот во Куманово, пишува „Дневник“.

Антиквитетите пронајдени на мегалитската опсерваторија Кокино се чуваат во гаража, бидејќи кумановскиот музеј нема простор за депо каде што би се чувале драгоцените предмети. Во влажни и несоодветни услови се чуваат и стотина слики и други предмети од колекцијата на Музејот. Јовица Станковски, директор на кумановскиот музеј вели дека овој проблем не е нов, но се усложнува. Како што се зголемува бројот на антиквитетите што археолозите ги пронаоѓаат на локалитетите, така се намалува просторот каде што потоа треба да се чуваат.Станковски вели дека има решение за проблемот, само никако не може да се договорат со тие што може да помогнат. Кумановската подружница на Јавното претпријатие за стопанисување станбен и деловен простор поседува неколку канцеларии што се во зградата на музејот. Тие простории се изнајмуваат и може да се користат и како депоа.

- Проблемот со депоата станува сериозен. Има простории што би можеле да ги искористиме, но немаме никакво разбирање од подружницата на Јавното претпријатие за стопанисување станбен и деловен простор. Тие имаат празни канцеларии. Долго бараме да ни ги изнајмат. Не ги бараме на подарок, ќе си плаќаме кирија. Преполни сме со материјали, немаме каде да ги однесеме предметите, но претпријатието наместо нам, просториите им ги изнајмува на адвокати и на разни фирми - вели Станковски.Бобан Јовановски, раководител на техничката служба во кумановската подружница на Јавното претпријатие, вели дека ситуацијата е малку поинаква. Воопшто нема ников проблем. Точно е дека имаме простории што се во зградата на Музејот, но тие со години ги користат изнајмувачи. Со Музејот немаме никаков проблем, но и тие, како и сите други, треба да се јават на редовните огласи за издавање под наем. Од Музејот сакаат да склучиме непосредна спогодба, но ние не смееме да работиме така - објасни Јовановски.Во меѓувреме, артефактите пронајдени на праисториската опсерваторија се сместени во гаража. Станковски вели дека Владата им ветила оти ќе им ги доделат просториите што сега се под ингеренции на Јавното претпријатие, но има бирократска процедура, која мора да се реши. Проблемот е тоа што нема имотни листови за просторот. Додека не се среди состојбата, не може од Владата да бараме да ни го препише - вели Станковски.Истражувачкиот тим од кумановскиот музеј деновиве го средува материјалот што лани го пронашле на Кокино. Чекаат да дојде пролет за да почнат нова серија истражувања. Годинава ќе работат со 200 илјади денари, кои им ги додели Министерството за култура. Имаат дополнителен буџет од половина милион денари за уредување на локалитетот.

Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ од денеска до 31 март ја организира првата Номадска танц-академија во Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, наведува весникот. Часовите ќе траат две недели, а програмата ќе продолжи во Софија, Белград, Загреб и во Љубљана, во културните центри што се дел од Балканската танцова мрежа.

Номадската танцова академија е проект што ќе трае три години и има едукативна и истражувачки програма, како и таква за развој на продукција и копродукции. Првата генерација на Академијата ја сочинуваат 14 танчари, кореографи и актери од регионот со кои во Скопје ќе работат истакнати кореографи - Галина Борисова од Бугарија, Селма Баниќ од Хрватска, Ерик Ламуро од Франција. Од Македонија на Академијата ќе учествуваат Кире Ѓоревски и Кире Миладиноски. Месецов „Локомотива“ слави пет години од основањето. Јубилејот ќе го одбележат и со проектот „Културна и уметничка размена“, што го работат во соработка со уметници од Франција.

Во МАНУ секоја година номинираат по еден претставник за Нобеловата награда за литература, пишува „Вечер“. Досега, иако немаме добиено награда, ги имаме номинирано академиците Блаже Конески, Славко Јаневски и Матеја Матевски. Но, кој ќе биде номиниран годинава, и кој бил номиниран изминатите години, од МАНУ не откриваат. "Во сите писма од Шведската академија пишува да не се даваат тие податоци во јавни гласила", вели за ВЕЧЕР академик Влада Урошевиќ, од одделението за уметност во МАНУ. И на сајтот на Шведската академија стои дека номинациите и предлозите се чуваат во тајност дури по педесетина години.

"Ние секоја година праќаме се што бара Шведската академија. МАНУ тоа го прави континуирано повеќе од петнаесет години", објаснува академик Урошевиќ.

"Важен е континуитетот. Важно е секоја година да испраќаме предлози. Еден член на Шведската академија ми рече дека тие секоја година испраќаат околу 300 покани до различни институции, а добиваат околу 200 одговори. Бројката е голема, но тие внимателно водат евиденција околу тие работи", вели Урошевиќ.

Тој објаснува дека нашите писатели пред Шведската академија ги претставуваат со опширни описи на животот и делото, како и со сите нивни преведени дела на светски јазици, или евентуално на некој од другите европски јазици. Во 2007 г. престижната награда ја доби Дорис Лесинг, а претходната турскиот писател Орхан Памук.

Македонската пијанистка Ирина Наумовска на почетокот на месецов имаше солистички концерт во Хамаматсу, Јапонија, пишува „Вест“. Наумовска настапила по покана на Културниот центар ИВАТА, откако лани успешно настапила на музички фестивал во истиот град, кој важи за музички центар на Јапонија. Во овој град, вели Наумовска, покрај тоа што има Музичка академија, е и фабриката на „Јамаха“ за клавири, па затоа таму има многу концертни сали и богато развиена музичка култура.

Наумовска настапила во преполна сала со околу 850 седишта. Како што вели, таму имаат практика за време на концертот публиката да пополнува анкетни листови со оценка дали сака повторно да го види уметникот на гостување. Наумовска ја добила поддршката од публиката, како и од критиката.

Нормални и потребни се реакциите на културната јавност во земјава за сето тоа што се случуваше со Струшките вечери на поезијата во изминатиов период, пишува „Време“. Но, сега треба да бидеме конструктивни и да работиме во интересот на манифестацијата, а не дополнително да ја поткопуваме. Тоа значи да ја оформиме програмата, а политичките прашања и проблеми да оставиме да ги решаваат политичарите. Како да заборавивме дека СВП е поетска, а не политичка манифестација, порачува писателот Данило Коцевски, директор на Струшки вечери на поезијата, кој од годинава е на чело на манифестацијата.

Меѓународниот ден на Франкофонијата 20 март, започна во изминатите десеттина дена да се одбележува со неколку музички настани, но сето она што е планирано да се одржува во земјава до 10 април, вчера беше презентирано и на прес- конференција во Скопје на која говореа амбасадорот на Канада, Роберт Мекдугал, како претставник на земјата што годинава претседава со Меѓународната организација на Франкофонијата и амбасадорот на Франција, Бернар Валеро, заедно претставниците на Националната комисија за Франкофонија на Република Македонија, координаторот Сашко Стефков и заменичката Вера Лалчевска, пишува „Утрински весник“.

Од денес до 25 март во средните училишта во земјава амбасадорите на земјите членки на Франкофонијата ќе одржат предавања за оваа меѓународна организација, а на свечениот ден 20 март, заменик претседателот на Владата Габриела Коневска - Трајковска ќе и одржи прием. Истиот ден е наречен и Ден на франкофонска музика која според планот треба да се шири од кафулињата во центарот во Скопје.

На 21 март во паркот меѓу Владата и Градскиот стадион свечено ќе бидат откриени скулптури подарени на Паркот на Франкофонијата од Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и од амбасадите на Франција и Бугарија во земјава. Низа натпревари, свечености од областа на францускиот јазик, како и презентации на образовните можности кои ги нудат земјите членки на Франкофонијата, ќе бидат одржувани во училиштата во земјава, библиотеките и книжарниците, а на 10 април во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ ќе биде отворена и изложба на стрипови на тема: „Поминувачи на граници“.

Меѓународната организација на Франкофонијата се смета за една од најголемите организации во светот, која брои 68 држави и влади членки распространети на петте континенти. Република Македонија е нејзина полноправна членка.

Филмот „100 дена во Палермо“ на режисерот Џузепе Ферара ќе биде прикажан вечерва во 20 часот во Кинотеката на Македонија, како дел од програмата на 10. фестивал на италијански филмови насловен „Прозорец кон италијанскиот филм“, пишува „Шпиц“.

Ова е и дел од претфестивалската програма на претстојниот Скопје филм-фестивал, кој треба да почне на 29 март. „100 дена во Палермо“ е од 1984 година, а играат Лино Вентура, Џулијана Де Сио, Лино Троизи, Стефано Сата Флорес.

Најавено е дека режисерот Ферара ќе присуствува на проекциите на 20 и 21 март. Неговите филмови ја пресликуваат италијанската историја на 50-тите години, давајќи многу жива претстава за најзначајните проблеми што ја засегаат Италија, како што се организираниот криминал и борба против него, корупцијата и тероризмот со политичка заднина. Фестивалот почна вчера, а ќе трае до 22 март.

Друштвото на ликовните уметници на Македонија, на десетгодишнината од првото и единствено претставување во Париз, подготвува уште поголемо гостување во градот на уметностите, наведува весникот.

Гостувањето на ДЛУМ во Париз беше најавено при преселувањето на друштвото во новите простории во Домот на АРМ, а сега во тек е интерен конкурс за уметниците што ќе бидат претставени во француската престолнина. Претседателот на ДЛУМ, Тања Балаќ, информира дека во тек се подготовките за мегаизложба во „Ците Интернатионале дес Артс“, за што е потпишан договор со сопствениците на комплексот. Таму земјава располага со едно ателје.

- Закупен е сиот расположлив галериски простор и изложбата се очекува да биде отворена на 14 мај годинава. Поради разбирливиот интерес кај нашите членови, изложбата ќе биде селективна, објаснува Балаќ.

Селекцијата ќе ја прават еминентните критичарски имиња, Владимир Величковски, Небојша Вилиќ и академскиот сликар Милош Коџоман, претседател на Уметничкиот совет на ДЛУМ. Делата се собираат во Музејот на современа уметност, а рокот за пријавување е до 27 март. рп/паг/9:22


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јули 20, 2025
TviTER777

Денес, кога болката е наша

Во Гетеборг, 1998 година, огнот го изгасна животот на 63 млади.Но подолго траеше тишината. Недостигот на план. Отсуството на глас за преживеаните.Таа трагедија ја натера Шведска да го редизајнира системот.
Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Сеп 25, 2024 Интервју 1165
Zivko.Grozdanoski3
Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1280
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2884
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

25/07/2025 - петок

Св. маченици Прокл и Илариј; Преп. Михаил Малеин; Св. маченичка Марија Персијанка; Св. Вероника; Св. маченици Теодор и Јован;иј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Архангел Гаврил 26 јули/13 јули  2025

Тропар на св.Архангел Гаврил 26 јули/13 јули 2025

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Тропар на св. Христов свештеномаченик Панкратиј епископ 22 јули/9 јули   2025

Тропар на св. Христов свештеномаченик Панкратиј епископ 22 јули/9 јули 2025

Да вокресне Господ, и да се разбегаат Неговите непријатели,повикуваше ти о свети Панкратие, испитувајќи се себеси, благодатта Христова сите страсти...

Тропар на св. Христов великомаченик Прокопиј 21 јули/ 8 јули  2025

Тропар на св. Христов великомаченик Прокопиј 21 јули/ 8 јули 2025

Прокопие, Прокопие, дожду небесен за верните,благодатта Христова преку тебе мноштво ангели со тело раѓаше,исповедувањето постојано на вистината нов сјај и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная