ПОЧИТУВАНИ,
ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА ПРОЕКЦИЈАТА НА НАГРАДЕНИ ФИЛМОВИ ОД СТРУМИЧКИОТ АСТЕРФЕСТ 2008, ВО РАМКИТЕ НА СКОПСКОТО ЛЕТО.
СО ПОЧИТ,
АСТЕРФЕСТ
Скопско лето 2008:
Филмска вечер на АСТЕРФЕСТ
25 јули (петок), Кинотека на Македонија, 21,00 час.
• БРАНОВИ (16’)
Режија: Адријан Ситару (Романија)
НАЈДОБАР КРАТОК ФИЛМ - МУВИЛЕНД
• БОЛЕН (15’)
Режија: Мајк Ример (Велика Британија)
НАЈДОБАР КРАТОК ИГРАН ФИЛМ
• ПРОБЛЕМОТ СО КОМАРЦИТЕ (100’)
Режија: Андреј Паунов (Бугарија)
ЗЛАТНА ПОТКОВИЦА ЗА НАЈДОБАР ДОКУМЕНТАРЕЦ
Во БРАНОВИ на Адријан Ситару, на плажата, двајца испробуваат екстремни ситуации. Убава западњачка мајка замолува циганче да и го чува 4-годишното бебе, додека мажот и флертува со странкиња учејќи ја да плива. Но приказната зазема различен правец откако убавата мајка ја снемува од под брановите... Филмот со успех е прикажуван во Локарно, Сараево, Милано, Аспен.
БОЛЕН на Мајк Ример е атмосферична визуелизација на луѓе во нивното крајно емоционално трпение. Тој ги прикажува скршените животи на татко и ќерка, секој борејќи се на сопствен начин. Сценариото и режијата ги погодуваат корените на внатрешниот идентитет. Филмот доживеал меѓународен успех во Саленто, Калифорнија , Хјустон.
Дејствието во ПРОБЛЕМ СО КОМАРЦИТЕ на Андреј Паунов се случува во едно мало гратче чиишто жители се исправени пред необично патешествие. Огромни полурѓосани кранови, странски инвеститори, танцови на мажоретки и логото на идната нуклеарна централа се дел од случувањата во овој извонреден документарен филм. Единствено комарците покрај Дунав ги притискаат граѓаните. Ова е маестрална приказна за еден град и неговите комарци, за мрачното минато и атомските мечти, како и за жестоките крилати инсекти, кои прелетуваат над времето. Зад камерата стои Борис Мисирков, внук на Крсте П. Мисирков. Филмот е прикажуван на многу фестивали со бројни награди, меѓу кои и во Линц, Мадрид, Мотовун, Казахстан, Кан.
Освен на Скопското лето, за овие четири години Астерфест бил претставен во Визбаден, Јихлава, Тирана, Нови Сад, Берлин, Штип, Богданци, Пробиштип, Тетово, Кратово. Од септември, во партнерство со Астерфест, продолжува циклусот Тивериополски филмски вечери во Струмица, секој последен петок од месецот, а јубилејното, 5-то издание на Астерфест ќе се случи во мај 2009.
Посети:{moshits}