логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 12 март (МИА) - Пет играни, три краткометражни, четири документарни и два анимирани филма прифати Филмскиот фонд на октомврискиот конкурс за филмска дејност во 2010 година. Резултатите денеска на прес-конференција ги соопшти директорот на Фондот Дарко Башески. Вкупниот буџет на Фондот за филмска продукција во оваа година е 110 милиони денари.

„Соба со пијано“ на режисерот Игор Иванов и „Децата на зимското сонце“ на Антонио Митриќески од Фондот ќе добијат по 30 милиони денари за снимање, што е и максимална сума за режисери веќе етаблирани и наградувани на фестивали. Останатите три играни филма - „Враќање“ на Кастриот Абдили, „Бучно“ на Анета Лешниковска и „Мал бог на љубовта“ на Жељко Сошиќ од Фондот ќе имаат по 12 милиони денари, што е лимит за автор кој снима прв долгометражен филм. Последниот е копродукција со Црна Гора, а главната улога ќе ја игра Никола Ристановски.

За да се приспособи на државниот буџет и трезорското работење, Филмскиот фонд на избраните филмски проекти  овој месец со преддоговори ќе им префрли пет отсто од одобрениот буџет за снимање на филмот. За една година и најмногу три месеци продолжен рок  авторите треба да ги најдат останатите пари (копродукциски партнери) и да ја затворат финансиската конструкција што ја пријавиле во Фондот. Откако ќе ги обезбедат сите средства,  Фондот со нив ќе склучи договори и потоа етапно и според динамиката на снимање ќе им ги дотира останатите 95 отсто од износот што им го одобрил.

- Оние што први ќе го затворат буџетот, први и ќе снимаат, за да не ни се случи она од минатата година - никој не снимаше две години и одеднаш седум филма почнаа  во исто време. Ќе влеземе во рамки на трезорскиот систем и оној што ќе го затвори буџетот во тековната година стекнува право за финансирање во наредната година, рече Башески.

Со по 900.000 денари Фондот ќе ги поддржи кратките „Девојчето со кибритчињата“ на Филип Матевски и „Жарче“ на Томислав Алексов, а 600.000 денари ќе добие краткиот „Пари“ од Дарко Белев. Прифатени се и документарните „Сеништа“ на Скендер Рауфи, „Алхемија на звукот“ на Сузана Диневски, „Macedonia mon amour“ на Инго Лангер и „Дисидент“ на Петар Џуновски“, како и два анимирани филма - „Ego Death“ на Иван Ивановски и „Оазата“ - прв долгометражен анимиран филм на Борис Дамовски, кој ќе добие 12 милиони денари.

Трите кратки од оваа година, заедно со десетте кратки од минатата сесија, треба да бидат завршени до 1 ноември зашто тој месец во Скопје ќе дојдат селектори да изберат кратки филмови за Берлинале 2011.

Фондот планира во мај да распише конкурс за малцинска програма, т.е. за поддршка на филмови чии продуценти не се од Македонија, но за кои земјава има интерес поради отворање кон странски фондови. Во септември ќе биде следниот конкурс за македонска филмска продукција и во јануари ќе бидат познати резултатите.

Од минатогодишните проекти во завршна фаза се филмовите на Лабина Митевска и на Милчо Манчевски („Како бебе“) - кој, веројатно,  ќе биде прикажан на Канскиот филмски фестивал во мај. Филмскиот фонд ќе се претстави во Кан на заеднички штанд со уште седум земји од Југоисточна Европа. хс/дма/13:51



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2365
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2890
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Многу е карактеристично за ваквата заедница што внатре во неа никогаш и од никого не може да се чуе слово за умно-срдечната молитва, додека пак, што било друго од коешто...

БEСEДА  за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд...

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...Има и друго...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

31/03/2025 - понеделник


Велигденски пости;
(строг пост)

Свети Кирил, архиепископ Ерусалимски; Свети Анин Чудотворец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Хрисант и Дарија  1 април/19 март 2025

Тропар на св. Христови маченици Хрисант и Дарија 1 април/19 март 2025

Мудроста одозгора вам ви ја дарува слободатаХрисанте и Даријо, напоени со благодаттакоја човечкиот ум го подигнува кон Небесата,никаква земна мака...

Тропар на св. Кирил архиепископ Ерусалимски  31 март/18 март 2025

Тропар на св. Кирил архиепископ Ерусалимски 31 март/18 март 2025

О Кириле оче свети,над тебе многу пати прогонствотоПетрово се исполни, но ти смирено твоето послушание го изврши,верата чиста ја запази,...

Тропар на светиот преподобен отец Макариј Кољазински 30 март/17 март  2025

Тропар на светиот преподобен отец Макариј Кољазински 30 март/17 март 2025

Подвиг имајќи – секогаш на работа,бдение и непрестана молитва, десницата Господова те осени тебе Макарие свети, мудроста не те одмина да...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Манастирски посни рецепти

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная