логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


crkva.kvecerina.jpg

Меѓу присутните, по кој знае  кој пат,  се  пројави интерес за суштината на  безусловната љубов. Спонтано ги следев мислите кои што се  нижеа по следниот редослед:
Во животот  често  меѓу  нас  луѓето се изговара како  фраза: „Сѐ се враќа!" Мислам дека  би можеле  на  оваа реченица да се надоврземе на  следниот  начин:


Подај, ќе ти биде подадено, Помогни, ќе ти биде помогнато, Прости, ќе  ти биде простено, Утеши, ќе  бидеш утешен,
Љуби,  ќе бидеш љубен.


Овие  примери на  однесување од морален аспект  се позитивни и човечки. Но, би ве замолила да земете хартија и од претходниот текст да го избришете вториот дел од секој ред. Гледам дека  го  направивте тоа.  Да  видиме  сега  што  ни  останало  како  порака.


Подај! Помогни! Прости! Утеши! Љуби!

Кога нешто правиме со малку љубов, само за да ни се врати, тоа е на некој начин условено давање или давање со предумисла. Нашите луѓе едноставно ќе речат, со математика.
Но, човекот со силна љубов, до  самозаборавеност, помага, утешува, нахранува, дарува, без да очекува никакво возвраќање.  Едноставно и единствено од ЉУБОВ! Е, тоа е  безусловна љубов или безусловно давање,  како  кога  давате некому, а свесни сте  дека никогаш повеќе нема да го видите, па  според тоа, нема шанса  да  ви врати.
Некои  даваат за  да  бидат   видени, да  бидат  славени. Тоа е давање во функција на себе си. Некои,  затоа што  така  им  се  сонило,  многумина од страв Божји,  некои,  пак,  за да си направат реклама, а за возврат да имаат материјална корист.
Ова излагање наиде  на  воодушевување и заедничко прифаќање од страна на присутните.
Веднаш потоа се договоривме, покрај овие корисни разговори за подучување на душата, да поминеме и на конкретни дела.  Да најдеме начин за конкретна помош на бездомниците, на старите напуштени луѓе, на гладните. Правевме планови на  кој начин и во која форма да започнеме со акцијата.
Вториот дел од средбата го продолживме со нови дискусии на истата тема - Бог, љубов! Веќе беше  седумнаесет часот, а никој не помислуваше за заминување. Меѓу  нас  сѐ повеќе се  чувствуваше взаемната доверба и жедта за нови сознанија.


* * *

Еден  од  новодојдените  во  нашата  дружина беше младиот стоматолог Владо. Тој неодлучно и со  малку  трема ни  се  обрати, очигледно  добро подготвен:
- Моето размислување по содржина се совпаѓа  со претходното, па за да биде попрецизно, ќе прочитам нешто што синоќа го запишав. Сите го следевме со особено внимание.
„Нека не мислат некои луѓе дека се повеќе дарени, помили на Бога од другите. Сите сме  еднакви  за Него  и сите  подеднакво дарувани да го
примиме Образот Негов,  кои и да сме, каде  и да сме. Одлуката е наша.
Докторот, ако со вистинска грижа и насмевка  му помага на пациентот, веќе го примил дарот;  готвачот во ресторанот ако внимава на хигиената и  како за себе ја подготвува храната, го примил дарот;  наставникот, ако  во секое дете го гледа своето и со вистинска грижа му го пренесе знаењето, исто  така, го  примил дарот;   продавачот  кој се  грижи  за квалитетот на продуктот што го продава како  за себе, го примил дарот; ако државникот кој го досегнал врвот по желба на народот  се  симне  долу  и како вистински пастир се грижи за човекот, примил голем дар. И ѕидарот, и архитектот, и аптекарот и судијата, и научникот, и сликарот, и поетот... ако  пред  себе,  наместо профитот, ја имаат грижата за човекот, сите  тие го примиле дарот.  Највозвишениот, најспасоносниот, најсуштествениот дар, Дарот на Љубовта. Затоа што  поскоро, без размислување, без страв да ја гушнеме љубовта."
- Зарем јас ова  го реков?  - се  запраша човекот со детско срце,  мојот  сосед  Владо.
Неговата искреност беше   дочекана со  насмевка и аплауз.


* * *


По паузата од половина час кога се релаксиравме со малку хумор, зеленооката Елена отвори една  нова  тема.
- Да позборуваме малку  и за оние  луѓе  кои се гордеат затоа што се атеисти. Имав  сосетка универзитетски професор, фина личност. Ситуацијата  во домот  со  години им е  хаос: немир,  кавги, проблеми со  синот   што  не  сака   да студира. Тој неодамна имаше и сообраќајна незгода.  Нејзиниот сопруг, пак, води двоен  живот итн. Кога  еднаш  се обидов  да ја упатам во Божјиот  живот, таа со  толкав презир ме  погледна,  што  се  вџашив.
„Доста  веќе  со тој ваш  Господ, тие  глупости, туку дај ти однеси ме кај  твојана пријателка Марија". Можеби  беше  коинциденција, но после  изречената хула, во нејзиниот дом стана уште  пострашно. Синот   почна со земање дрога, таа доживеа две операции, но и понатаму тврди  гордо:

„Јас сум  атеист!"
Никола побара  збор   и  без  подзастанување,
како да чита, со жар ни се обрати:
- Атеистите, тоа се горди, прагматични луѓе кои сѐ знаат, кои веруваат и се потпираат на „два и два се  четири" и на  себе си,  на  своите знаење, на  своите мудрости, на своите пари, на својата философија, исклучиво на егзактната наука, на она што се гледа. Тие се потсмеваат и ги омаловажуваат оние толку кутри, припрости луѓе,  таму што се поклонуваат по црквите, како да  застанале во осумнаесетиот век. Тие, според нив, се неуки, наивни и смешни, штом  веруваат во бајки.  А јас ќе речам дека не ја гледаат, при очи, етиката Божја. Не знаат дека би биле совршени доктори, научници, интелектуалци и сл., доколку се препојасани со Љубовта  Божја.
Јулијана се вклучи:
- Ајде малку да се тргнеме од сериозниот пристап на темава. Ќе зборувам за истата содржина, но ќе се обидам да ве релаксирам: - Се среќаваат атеист и верник.
„Каде  одиш  толку  рано  во  недела наутро?",
прашал атеистот.
„Во  црква,   на  литургија",  одговорил  верникот.

 „Ти си имаш  проблем, човеку, што гледаш во
 
тие  работи, наместо да  се  одмараш дома",  му се потсмеал атеистот.
„Не, немам јас проблеми, комшија. Ти имаш  проблем што не го гледаш тоа што јас го гледам", одговорил верникот.
„Ај, те молам,  докажи  ми со прост,  секојдневен пример што не гледам јас?"  одговорил накочоперено атеистот.
„Да  те прашам, има  ли нешто што не јадеш,
некоја храна кон  која  имаш  аверзија или едноставно  досега не  си ја ни  пробал?  Ќе почекам, додека  се потсетиш."
„Да помислам... диња,  уште  од дете не  сакам диња",  рекол атеистот.
„А знаеш каков  вкус има?"
„Од каде  би знаел кога  не сум пробал?"
„Е, па, вака. Кога  еднаш ќе пробаш, ќе знаеш од искуство, ќе знаеш и ќе прераскажуваш за вкусот и блажината на плодот."
„Значи ли тоа  дека  треба да вкусам  и од благоста  на Бога?"
„За тоа оставам ти да си размислиш. И уште нешто, кога  ќе  го  пробаш вкусот на  дињата, не им се потсмевај на оние кои не пробале."
„А  сега,  дозволи ми   да   побрзам  во  црква,
многу брзам."
Јулијана ја заврши приказната.
- Јулијана, ова  беше  толку  оригинално, што иако не е за  смеење, се изнасмеав до солзи - коментираше Бети, па продолжи:
- Дозволете ми и јас да се вклучам во дискусијата за  атеистите, и да ви раскажам како,  пак, децата се расправаат на оваа тема. Сања,  мојата десетгодишна внука, доаѓа еднаш  горда  од училиште и ми вели:
„Бабо, знаеш што, денес го зафркнав Марио во училиште."
„Кажи што било, пиленце?" ја прашав.
„Тој ми вели  вака: - Мајка  ми ме  учи дома  да не слушам глупости за Господ.
- Па  мајка  ти е мала како  тебе  и не  знае - му реков,  бабо.
- А ти,  пак,  божемски знаеш, каде  е Господ,
ајде покажи  ми го, ако си толку силна.
- Марио,  дали  ти знаеш што е ветер?  - го прашав.
- Е, ама  глупости, па, знам сигурно.
- А дали  го гледаш ветрот?
- Да...  ова...  не... ама...  ама...
- Ама,  кога  ќе  ти  ја дувне  косата, го чувствуваш, така?  - му реков  јас.
- А, дали знаеш дека  Маја од третата клупа  те сака?
- Е, глупости, како  е тоа  да ме  сака,  како  тоа изгледа? - ме праша Марио.
- Кога  ќе  почнеш ти  да  ја сакаш неа,  ќе  видиш што е тоа сакање, препотентен низаеден."
Сите во просторијата прснавме во смеа,  а Бети разнежнето рече:
- Умната на баба, нека научат атеистиве од децата.
- Ама сме  денес инспиративни, досетливи, оригинални, се  бисери на  мудроста - им се обратив на присутните кои денеска беа во голем број.

* * *

Се јави  за  збор  Глорија,  која  за  разлика од некогаш,  изгледаше поинаку. Длабокото деколте
и нагласената шминка ги немаше. Се чувствуваше исполнето и задоволно ни се обрати.
 - Вчера на една од телевизиите имаше  анкета  „за" и „против" веронауката во училиштата. Никако таа работа да заживее, не дава ѓаволот. Многу ми беше  тажно  за некои жени,  мајки  кои жестоко противречеа. Некои дури горделиво одговараа: „Не, никако, ќе се збунат децата со такво учење. Наместо да си  имаат свои  активности како  балет,  учење јазици,  учење  компјутер, спорт,  пливање, футбал..., тоа  е корисно  за нив.  А не сега тука,  на  деца,  веронаука! Па,  не сме ние во петнаесети век. Веќе сме во векот на компјутерите." - резигнирано пренесе што чула  Глорија, па додаде:
- Зарем веронауката им го одзема правото да се занимаваат и со други  активности?
Се надоврзав, бидејќи  и јас  ја следев истата
полемика на телевизија:
- И мене ме болеше, ми беше несфатлив толкавиот отпор на луѓето кон спасоносната наука над сите науки, науката за љубовта. Науката за љубовта била штетна и непотребна!? Госпоѓата што  беше   на   екранот  не  ми  предизвика  толку бес,  колку  што  почувствував жалење за  неа,  искрено до болка, за нејзината заблуда, за нејзиното  незнаење. Посакував да можам  да  ја  запрашам:
„Драга госпоѓо, што гледате штетно во тоа што  вашето дете ќе научи да ве почитува вас  родителите и другите возрасни луѓе,  што  ќе го љуби своето  другарче и ќе  се жртвува за него,  што нема да присвои ништо туѓо и ќе ја презира лагата,  што ќе помогне на болниот,  беспомошниот, што ќе  се  научи на  послушност, исполнителност, што ќе го почитува дадениот збор, исто така, учењето,  знаењето  и  оние   кои  му  го  пренесуваат? Каде  го гледате гревот ако научи за насмевката и љубезноста, ако навреме ја сфати опасноста од зборовите алкохол и дрога, агресивност и убиство?  Грев  ли е што ќе  научи  да не  завидува, да не  се  радува на  туѓата несреќа, да  не  го  прави она што  не  сака  него да му  го  прават другите, ако  ги  научи вистинските вредности за достоинствен живот?
Ете  тоа  содржи,  госпоѓо, тој  бауч,  тој  страшен  збор,   таа   толку   споредна  работа,  што   им ’текнало’ да ја внесат во образованието - веронауката. Кој е гревот што вашата ќерка ќе ја осознае и ќе  ја негува  внатрешната убавина, а не  исклучиво  убавината на  своето тело  и најновите трендови  во модата, што  утре  нема да  му дава  предност   на  материјалното  пред   богатството  на  духот?
Веројатно ќе ми одговорите дека  тоа  може  да го понуди како  едукација и етиката како  наука.
Точно  е  така, никој  не  ѝ го одзема местото
на етиката, ниту  ја негира. Напротив, и таа е корисна во образовниот процес. Суштинската разлика  меѓу  нив  не  е во  крајната цел;  разликата е во изворот. Едната е од световниот, а другата од божествениот извор. Но таа, без духовната димензија - Светиот Дух, претставува само гол, сувопарен збир на правила на однесување. Апсолутната вистина е онаа произлезена и проткаена со Божествената димензија, што  не  мора  дури ни да  се  учи.  Таа  говори од разумот на  срцето и содржи  апсолутни вредности за сите времиња, за сите  човечки епохи, сѐ  до вечноста.  Така,  инспирирана, дадена од Креаторот, таа е преточена во Десетте Божји заповеди. Но дури и тие, Божјите заповеди, иако  се  од Бога  за  човекот, сепак, би биле  само  десет правила  на  однесување, ако  не се обоени со принципот на Новозаветната Љубов. Така доаѓаме  до вистинската  апсолутна „етика" за човекот, кој се стреми да стане Богочовек низ сопствената духовна  еволуција."
Се изненадив од сопствените зборови и од милината  што  ме обзеде. Се прашував кој ли ми ги вметна во умот!?

    * * *

По ова сознание кое што дојде одненадеж, забележавме дека на денешната средба, Христо, нашиот ревносен учесник во  дискусиите е отсутен.  Но, ми блесна идејата. Новата тема  што следеше  единствено можев да ја споредам со неговиот живот.


 - Уште подобро  што не е денес  со нас - им реков,  затоа  што  немаше да  дозволи да  зборуваме за  него. Бидејќи  прашањето што  го  поставивте беше  „безусловната љубов", а  подобар пример од животот  до сега  јас  не познавам, освен  овој за нашиот Христо.
 Го познавате веќе една година, а јас го познавам десетина. Тој е обичен скромен човек, кој на прв поглед, со ништо  посебно не се истакнува. Живее во обична стара куќа, сам, вози просечен автомобил, нормално изгледа и се  облекува и во сѐ е најобичен човек  од нашето маало.
 Сигурно не знаете дека е доста успешен во приватниот бизнис веќе десетина години. Поседува синџир на дуќани во неколку градови. Се занимава со трговија, заработува добро, а може да се рече повеќе  од добро. Започна скромно и чесно, секогаш потпирајќи се на Божјата волја.  Во една   прилика  ми  рече:  „Првото  нешто   што   го правам, пред  сите  други  работи, откако ќе ги отворам очите, му се заблагодарувам на Бога за дарот на овој ден. Второто, да ми даде  сила  да работам  заради моите луѓе."
 Толку природно го изговори тоа „моите луѓе",  што  морав да  потпрашам на  кои  луѓе конкретно мисли.
 „Секако, на моите вработени и нивните дечиња, на нив мислам,  Марија".
 Има околу двесте вработени луѓе. Со нив се однесува  како да  им е покровител, татко,  брат  и уште повеќе,  како да им е слуга. Неретко ги презема во свои  раце  нивните обврски за да им помогне, да ги ослободи од работа кога  имаат семеен или некој  друг проблем.
 Најголемата грижа  му е да оди добро работата,  за да  бидат  солидно и редовно  платени.  Сите обврски кон  државата редовно и чесно  ги исполнува.  Вистински верник е  веќе  десетина години;  редовно ги  пости  сите  пости  во годината,  се  исповеда и причестува. Неделата редовно ја користи како ден за одмор  и утринска литургија.
 Никогаш не забележав да се експонира, да се  фали, да се гордее, но затоа прави нешто друго: љуби, безусловно љуби. За секого од вработените  чува  топол збор, мудар и човечен совет. Тие се слободни да му ги искажуваат и своите домашни проблеми со сопружниците, децата... Ги слуша со  бескрајно татковско внимание, ги успокојува, им влева  надеж.
 Ако нечие дете е болно, тој потрчува да го најде вистинското решение - медицинска нега и лекови. Најчесто помагал и во подмирување на трошоците за лекувањето на своите луѓе.
 Се сеќавам, еден  ден  го  видов  вознемирен,
блед  и со видлива болка  на  лицето. Кога  го прашав  што му се случува, со нескриена грижа ми одговори: „Едно  од  дечињата на  еден  мој  вработен  е тешко болно - веројатно леукемија... Очајни сме!  Цела ноќ  ја поминав во нивниот дом, да  им се најдам во грижата, да ги утешам и смирам."

 Разбрав дека  веднаш потоа  пронашол адреси од  неколку  странски  клиники, потоа  ги средил сите  формалности и дури  најпосле дошол  кај  родителите и им се обратил: „Спремајте ги пасошите, за два  дена  патуваме." „Каде?", - во очај  прашале родителите. „Ќе бараме лек за детето", - одговори тој.
 Неброени се вакви и слични ситуации каде  што  тој  тивко,  без  никој  да  знае,   како  да  е  тоа најприродната работа на светот, помагаше  морално, материјално, човечки. Велеше:  „Што  има
тука  чудно,  тоа  се  подразбира,  тоа  ми е света должност. Неслучајно Бог ми помогнал да  заработувам повеќе од другите, тој помага да оди  работата, но сигурно не му е  планот  да уживам  само јас, туку уште  повеќе  другите околу мене."
 Помагаше насекаде кај  што  ќе  чуеше  дека  некому му е потребно - од телевизиските екрани или  од разговорите со луѓето. Често со насмевка ќе  ми речеше: „Не случајно во тој конкретен миг сум бил таму, за токму јас да чујам за нечија тешка  неволја. Тоа јас го сфаќам како  знак  дека  треба и да помогнам!"
 А за проштевањето и да не  ви зборувам! Тоа беше особеност на неговата природа. За секој кој му направил неправда или  зло  од срце  се молеше на  Бога   и  Мајката Божја и  простуваше веднаш,  дури враќајки му со добро дело, со награда! Необично, нели? Еднаш ми рече: - „Најпрекрасен начин  да се  победат недостатоците кај луѓето е да им дадеш Љубов."
           Случајно неодамна  разбрав дека подолго време Христо редовно финансира две сиромашни семејства; тој лично  за тоа никогаш не ми кажал.
 Во  една  прилика,  очигледна беше   тагата  и
горчината на неговото лице. По долго инсистирање, едвај, со насолзени очи, изговори: „Ја жалам, толку  многу ми е жал..."  „За кого ти е жал,  зборувај веќе."  Едвај се охрабри да ми одговори: „Една моја вработена поткрадува, ова ѝ е веќе трет пат! Два  пати ја советував и ѝ простив, но очигледно порокот не  ја оставил на мира. Не сум спиел три ноќи од болка, како да ја отпуштам од работа! Размислувам што би правеле нејзините две дечиња,  тие  не се виновни за грешката на мајка  им. Од друга  страна, таа веќе станува лош  пример за другите  вработени. Уште седум дена траат Божиќните пости. Никако не смеам да ѝ дадам отказ  за време на постите. Нека си го прослави раѓањето  Христово.   После тоа ќе разговарам со неа", рече со олеснување заради одложената одлука. На лицето сѐ уште му  лебдеше болката, не заради себе  си. Боледуваше за гревот на вработената, со толку многу  љубов.
 По подолго молчење, му реков: „Христо, го разбирам  твојот начин на  размислување, но сепак,  ова  што го правиш  за другите е  надчовечка жртва!  Зошто?!"
 Ме погледна кротко и без нималку да  претерам, на неговото лице го видов  материјализиран зборот љубов.
 „Прашуваш зошто?", тивко одговори само два  збора. „Ме радува!!!" „Како?", го запрашав пак, како  да не чув добро!
 „Ме  радува кога другите се радуваат."
 „И тоа е сѐ, нели?  Целиот твој порив?"
 „А кој друг порив е посилен од тоа да создаваш радост?"
 Пред  заминување се сврте кон мене и го кажа следното:
 „Не се плашам од смртта, дури  ѝ се радувам. Единствено ме жалости мислата како без мене, кому  ќе  ги  оставам моите  луѓе  и  нивните  дечиња."
 Ете  тоа  е нашиот Христо,  човекот кој речиси една  година, скоро  невидливо е тука меѓу  вас.
 Благодарна сум  на Бога  што  во мојот  живот ме  приближи до човекот кој  не  учел  етика, туку
преку благодатта Божја го гледа светот поинаку. Простодушниот човек за кој што Христос  ни  говори  во  неговата проповед за љубовта,  кој безусловно го  љуби  ближниот  свој  во целата полнота на зборот.
 Кога  погледнав пред  себе,  видов,  многумина просолзија.

* * *

 Од оваа  средба  ќе ви пренесам само  уште  едно размислување.
 Ирена беше денес за прв пат со нас. Се знаеме  скоро две децении. Не се среќававме премногу често,  но и покрај тоа меѓу  нас  постоеше срдечен  и искрен однос. Таа  повеќе од  десет  години работи со хендикепирани деца во една од скопските установи. Работи, сувопарно звучи. Таа живее и се  дава  со  толку многу жар, самопрегор и љубов, што ја надминува дури и љубовта кон сопственото дете.   Верник е од неодамна и секогаш говори за делата од верата. Неретко наидува на отпор од луѓето  во нејзината работна околина, кои за  жал, не можат да ја видат оваа поинаква димензија на давање. Таа  денес  се интересираше за следното:
            - Марија, која би била пораката, поуката од сите наши разговори досега? Која е тајната човекот да живее со мир  во себе  и со другите околу него,  како да се заштити од стравот, осаменоста, од непријателите  во овој хаотичен свет?
 - Тајната е изнедрена од искуството и мудроста на прогледаното, обожено срце на човекот, назад низ вековите. Таа е освестена дури и од опитот на срцето на  сите  нас  тука, толку  обични и неуки  ученици. Зашто во срцето на Љубовта сите сме  едно.  Тајната е навистина очигледна и едноставна:


 Кога ќе се разбудиш, пред да  започнеш било која работа, застани пред Бога. Смири ги  чувствата и среди ги мислите и обиди се  да создадеш љубовно расположение во срцето. Речи си себе си:
 „Ја сакам молитвата, го сакам целиот свет и лошите и добрите, зашто и јас вчера  бев еден од  лошите,  а  утре  тие  ќе бидат  меѓу добрите  луѓе."  Потоа, побарај од Бога, сѐедно дали од молитвеникот  или  со свои  зборови. Нека биде искрено!  Побарај милост и за другите, дури и за тие кои не те  сакаат,  тоа  е добро за тебе,  а Бог мно гу го љуби.
 Сѐ што ќе мислиш, одлучуваш, сѐ што ќе  работиш  тој  ден, побарај да  биде со  Негова помош. Сѐ што ќе ти се случи непредвидено, поволно и неповолно, исто   така, посакај и прифати да  биде по Негова волја, затоа што Тој најдобро знае која   потреба денес  ќе биде за добро на  твојата  душа и тело.
 Потоа спокојно започни го денот со сите  задачи, обврски и потреби  што се поставени  пред тебе. Доколку во еден миг се разгневиш,  вознемириш или  не  знаеш како да  постапиш,  накратко  застани,  влези  во себе си  и запрашај се  како ли  Христос  би
постаpил во оваа ситуација.
 Ако  нечие лице те прави неспокоен или ти буди омраза, замени го веднаш во мислите  со  некој кој  многу  ти  значи, што  неизмерно го  љубиш. Верувај, омразата  веднаш ќе исчезне.
 Ако  добиеш  желба да   судиш некому за некоја лоша  постапка,  за миг застани  и во мислите  види се себе  си  во деновите  кога си  се однесувал слично. И како што себе си си простил, прости му и нему.
 Ако видиш подадена рака на изгладнето и измачено лице, повторно замени го со лицето  на  твојот татко,  мајка, син,  ќерка и замисли дека животот и нив можел да ги доведе  во иста  ситуација.  И тогаш ќе видиш колку лесно ќе  подадеш утеха, леб или онолку колку што имаш, со  вистинска љубов.
 Ако тој ден изгубиш неочекувано  доста пари,  не  очајувај, од  каде  знаеш дека тие денес не  би  те  довеле  во некое  искушение или опасност. Ако на  овој  начин  се  помириш,  изгубеното ќе го добиеш утре со Божја pомош.
 Потсети  се дали   со  некого  си  се замерил  толку многу, што ниту „добар ден" не сакаш да  му  кажеш и  побрзај да  го најдеш, па со  насмевка речи му: „Ајде, било што било, ти  простувам денес, како што  ти мене ми прости вчера."
 Ако се запрашаш - зошто толку вера? Затоа што денот си го започнал со  молитва кон Него и си се предал на Оној кој  најдобро знае што денес е за твое добро.
 По сите секојдневни проблеми и  радости,  пред  да  заспиеш, застани  мирно и заблагодари Му Нему, затоа што сѐ уште си жив. Зашто, што ќе ти беа  денес сите успеси, богатства, слава, ако во овој миг место во молитва,   беше  во  некој  болнички кревет.
            Не  заборавај да се запрашаш: „Што  денес полезно сторив, не  само за себе, туку и за другите  -  за ближниот  свој, но  не  формално, од обврска, туку со љубов?" Ако  заклучиш дека не можеш да се сетиш за такво нешто во претходните денови, направи план  каде што  поскоро да  помогнеш - дали да  отрчаш во болница и да  го утешиш  болниот  пријател,  дали да  подадеш на  познајникот  кој  пред  извесно време се пожалил дека  децата му гладуваат, а ти си  заминал рамнодушно. Можеби  ќе  „скокнеш"  во до мот за децата  без родители,  па на  првото дете  што  ќе го сретнеш  во дворот  ќе му го  подариш најголемото  чоколадо  и  уште повеќе, ќе му  подариш нешто што никој не му дал  - прегратка и макар за кратко - чувство на грижа и љубов!
 Ако  секој ден  се однесуваме  на  овој начин, Богоугодно, среќни  што  благодатта Негова се излила врз нас, сѐ повеќе духовно ќе растеме, ќе заздравуваме, ќе се обожуваме.
 Ако  секој ден  успееме да дариме барем само еден плод на Љубовта, како возвратно ехо  ќе ни  дојде  мирот и радоста  во срцето и желбата за уште повеќе такви дела.
 Таквото  давање-земање  нѐ  води по  нагорна  линија  по  скалилата  што  водат  до  Бога.

 

 Очите на  присутните зрачеа со благост, насмевка и вера.
 Сите бевме едно во радоста и уште  поревносно подготвени да ја следиме ѕвездата до Витлеем што ќе нѐ доведе таму, до Изворот, до Него!
 Ете  така,  ние  малите, простодушни, обични луѓе,  невино  детски, но искрено, учевме едни  од други. Со благодатта Негова по малку  прогледувавме, духовно  растевме. Ако не повеќе,  се надевавме дека барем не сме талкачи и осаменици во пустината на незнаењето.
 Сѐ уште  и до оваа  двеилјади и шестата сите
сме во истомисление. Сѐ уште го бараме патот до новото раѓање. Патот од  умот  до  срцето!

 Ако ми поверувавте дека бев искрена, повелете, придружете ми се! Борбата продолжува. Та нели  го зедов  крстот?
 А штотуку  стигнав до Почетокот...

 

* * *


 Марија ги доврши последните мисли... Поминаа само петнаесетина дена од големата одлука да се соочи со сопствената слика. Се  поклони и заблагодари.
 Воздивна со олеснување и  веднаш потоа  се почувствува невообичаено поинаку споредено со времето пред да ја донесе одлуката. Се  почувствува  како  човек пред  смрт  кому  по некое  чудо му е подарен живот, како затвореник кој штотуку ја зграпчил слободата, како  давеник кој во последен момент  го вдишал  спасоносниот здив...
 Таа  со  внимание, едвај  дишејќи ја  следеше состојбата на срцето и воопшто целокупната психофизичка  промена  што  ненадејно ѝ  се  случи. Сфати дека нејзиното ЈАС не е веќе распрскано и разделено на  две,  дека  едното  не  господари  со другото.  Низ  годините  научи  да го  препознава лелекот на  осамениот, див  и  заробен човек,  кој иако зафрлен таму во лавиринтот на  потсвеста, сепак беше  секогаш  тука  како  злокобен сведок; понекогаш во  екстаза од  ужасните  маки тој  во очај  стенкаше, кога  посилно, кога  нечујно, како пред  умирање. И тогаш  кога  стуткано, исплашено и помирливо молчеше и тогаш кога молитвено бараше прошка и помилување и  тогаш кога  непрекинато во рика корнеше и гребеше, тој стариот човек секогаш потсетуваше на своето присуство. Марија најчесто безмилосно со презир и со гнев му го вртеше грбот, неретко и го сожалуваше, но редовно  на  крајот ја трескаше  силно  вратата на совеста, верувајќи дека  е што  подалеку од паднатото ЈАС на старата Марија.
 Овој пат, спасително, не по сопствена волја ѝ се  случи  нешто ново.  Не беше  тоа  само  чувство на спокојство, ниту пак самозадоволство од завршената задача што си ја постави како  цел.  Таа со љубов,  без  да  знае,  ширум  ја отвори  вратата на срцето, ѝ  подаде рака и  со  срдечна насмевка ѝ посака   „добредојде  дома“  на   старата   Марија. Предолго тие  двете   беа  отуѓени и  заглавени  во времето и  просторот,  а  ова  беше   нивната прва  вистинска средба и соочување.
 Марија предолго го бараше мирот  во себе  си, без  да  сфати  дека  и ако  му простеше на  целиот свет,  дури и на убиецот на нејзината душа, ништо не ќе ѝ беше од полза, ако претходно не  воспоставеше мир  и не си простеше самата на себе  си. Конечно ја препозна чудесната промена што ѝ се случи денес, ја гушна изгубената овчичка, па така  ја  прибра во стадото на мирот. Знаеше дека  местото на  спасителната  средба  се  случи толку близу во неа, во единственото срце што им припаѓаше на обете.
 Таа свечено се исправи и се упати кон стаклената врата накај градината што дишеше во свежа чистота. Денот тивко се подготвуваше за починок  до следното будење...

 

 

(Крај)
* * *
Сите настани и ликови во романов  се апсолутно веродостојни.
Сменети се само  имињата  на некои  ликови

Друго:

Matka.odLit4.jpg

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2536
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная