Учењето странски јазик е важно. Дури и во САД и Велика Британија (кадешто луѓето немаат толкава потреба од познавање странски јазик) речиси сите ученици изучуваат друг јазик покрај мајчиниот. Јазикот е еден од главните начини на комуникацијата. Но јазиците, освен потреба, се и забава за многумина. Следуваат некои факти за нив кои ќе направат тие да бидат уште позабавни.
Има приближно 7.000 јазици во светот.
Кинескиот јазик има 50.000 знаци. Мора да знаете најмалку 2.000 за да читате весник.
12,44% од светското население зборува мандарински јазик како мајчин.
Во Азија има приближно 2.200 јазици.
Една четвртина од светското население зборува барем основен англиски јазик.
Во Луксембург, 50% од времето поминато на училиште е посветено на учење англиски, германски и француски јазик.
Има 13 начини на кои може да се напише звукот „о“ на француски јазик.
2.400 јазици во светот се сметаат за „загрозени“.
231 јазик се целосно изумрени.
На секои 14 дена умира по еден јазик.
Во „Господарот на прстените“ има 12 измислени јазици.
Есперанто е неприроден јазик, но се зборува од страна на 500.000-2.000.000 луѓе, а на овој јазик биле направени два филмови.
Во ЕУ се работи на 24 јазици.
Има 6 официјални јазици на ОН.
Библијата е преведена на 2.454 јазици.
Најстариот пишан јазик бил напишан околу 4500 п.н.е.
Јужноафриканска република има 11 официјални јазици - најмногу за една земја.
Папата „твита“ на 9 јазици.
САД нема официјален јазик.
Во Ватикан може да користите банкомат на латински јазик.
Извор: Факултети