Живеејќи со 35.000 книги
Том Џонсон (83) живее во музеј-библиотека. На еден свој недигитален начин, тој го чува семејното наследство, 35.000 книги кои живеат во 113-годишна куќа во Осиџ Ривер.
Куќата била изградена од дедото на Џонсон во 1899, и била наменета за колекција од 8.000 книги. Во 1990, била изградена додатна библиотека бидејќи старата била преполна. Дедото на Џонсон бил познат како „мудрецот“ од местото.
Музејот и библиотека „Џонсон“ станал непрофитна компанија во 1990. Еден од водачите е Дејвид Ричардс, професор на универзитет во Мизури. Оттогаш, книгите може да ги користат и студентите и учениците.
Трите генерации Џонсонови никогаш немале намера да направат колекција од ретки книги, туку собирале книги кои им биле интересни, а тие биле од многу различни сфери. Голем дел од книгите се на латински или грчки и датираат од 16-ти и 17-ти век.
Најстарата книга во библиотеката е од 1489, иако Џонсон вели дека можеби има и некоја постара која се крие незабележливо. Еден дел од библиотеката е посветен на Индија и Санскрит, јазик од Индија. Тетката на Џонсон го изучувала јазикот. Таа починала во 1967.
Има и колекција од Библии. Но, каде и да погледнете нема да најдете компјутер. Во ова дигитално време, кадешто иднината на печатените книги не е сигурна, Џонсон живее опкружен со овој испечатен свет.
Извор: факултети