Направивме промоција, собравме пари, купивме подароци и отидовме кај децата. Вредеше.
Скопје, 17-ти декември 2015 год.
Направивме промоција, собравме пари, купивме подароци и отидовме кај децата. Вредеше.
На 17. декември 2015. во МКЦ направивме промоција на книгата "Бавчи на Трендоленд". Клуб ресторанот беше преполн, имаше убав свет, се свиреше Азра.
За книгата и пишувањето мудруваа Теофил Панчиќ и Трендо.
За примерок од книгата баравме по 200 денари. Многумина оставаа и повеќе. Се продадоа доста книги.
Со сите собрани пари купивме школски прибор и детски занимации.
Им ги однесовме подароците на децата од Дневниот центар за грижа на деца од улица, во Шуто Оризари.
А децата - преубави!
Таму има над 80 деца. Имаат родители кои не можат или пак не сакаат да се грижат за нив. Затоа го имаат центарот каде им се дава љубов, знаење, можност за играње на топло и безбедно. Да го немаат тоа, ќе бидат на улица. Луѓето од центарот секојдневно обавуваат една тивка но херојска улога. Малите рецитират, пејат. Имаат научено многу и сето тоа е просто фасцинантно.
Им донесовме ние и школски прибор и работи за играње на кои искрено им се радуваа. Но тие најмногу од сè сакаат да се гушкаат.
Им благодариме на авторите на книгата "Бавчи" и на сите кои ја купија.
Вредеше.
Се гледаме пак за убави работи.
Извор: http://off.net.mk/lokalno/razno/promocijata-na-bavchite-i-nejziniot-