Бардот на македонската поезија, Гане Тодоровски своите 80 години живот ги одбележа со нова поетска книга, насловена како "Горди акорди". Изборот го подготви самиот автор, а го објави "Дијалог" од Скопје.
Најновата збирка симболично содржи 80 песни, кои го содржат творечкиот развоен пат на поетот. Во него има песни од 12 поетски книги на авторот со објавени стихови од раната младост, а има и десетина напишани во 21 век (2006 до 2009 год.).
- Силно е присуството на Гане Тодоровски во сите клучни фази од развојот на современата македонска поезија, во време од шест децении, период рамен на една цела епоха од развојот на националната литература..., ќе напише во дел од предговорот за книгата Веле Смилевски. Ликовното обликување на "Горди акорди" го направи Глигор Чемерски.
Акад. Гане Тодоровски (1929, Скопје) е македонски поет, преведувач, професор, есеист, литературен критичар, историчар и публицист.
Извор: Вечер