логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Мудрото слово Мисирково

 

ГАНЕ ТОДОРОВСКИ

Во подготовка на академикот Блаже Ристовски, пред извесно време излезе од печат, во издание на МАНУ, вториот том од Собраните дела на Крсте Петков Мисирков. Колку за информација, веднаш ќе напоменеме, дека пред две години (во текот на 2005 година) беше објавен првиот том на Мисирковите „Собрани дела“, исто така во издание на МАНУ. Замислата на редакторот е едицијата да содржи вкупно шест томови: 1. Текстови на македонски јазик (1900-1905), 2. Печатени истражувања и статии (1898-1909), 3. Објавени статии и одзиви (1919-1926), 4. Ракописно наследство (истражувања, документи, писма и материјали), 5. Животот и делото на Крсте Мисирков 1 и 6. Животот и делото на Крсте Мисирков 2. Во предговорот кон првата книга од изборот приредувачот предочува дека „така претставено целокупното дело на К.П. Мисирков не само што ќе претставува панорама на македонскиот културно-национален развиток во еден клучен период од нашата историја, туку ќе стават крај и на разновидните употреби (и злоупотреби) на мислата и делото на Мисирков во последниве сто години. Македонскаа наука и' го должи тоа на македонската и на странската заинтересирана јавност, а македонскиот народ треба да ја знае полната историска вистина и за Мисирков и за себе“.

Постојаните факти говорат дека ние, Македонците, како општествена јавност која познава повеќе постоења на цели шеесет и две години континуиран и регуларен слободен развиток, еве, дури сега, во финалните години од првата деценија на 21. век почнуваме да добиваме целосна претстава за делото на гласовитиот идеолог на нашата национална самобитност! По се' личи кобната дистанца од еден век во користење на изворната фактографија за нашите претходници е неизбежниот ракурс на нашето самопознавање, па на овој план малку ни помагаат и знајбите од теоријата за забрзаниот развиток на општествата што доцнат со правовремена појава на историската сцена. Како и да е - тоа е што е!

Вториот том на „Собраните дела“ од Крсте Мисирков, објаснет содржински преку поднасловот „Печатени истражувања и статии (1898-1909)“ го расветлува почетниот период на Мисирковата научна и публицистичка актива и фрла широк сноп светлина врз стартот на нашиот национален пророк во светот на науката. Книгата содржи вкупно четиринаесет прилози, пишувани главно на руски јазик и делумно на бугарски. Прилозите се преведени на македонски јазик од Блаже Ристовски, Билјана Ристовска Јосифовска и Вангелија Десподова. Првиот текст е публикуван во текот на 19. век (1898) и го најавува раѓањето на визионерот што во лингвистиката, етнографијата и историографијата допрва ќе внесува во научната мисла на Словенскиот Југ недоумици и причини за горешти јавни расправи. Тоа е статијата „За значењето на моравското или ресавското подрачје за современата и историска етнографија на Балканскиот Полуостров“ - научното деби на Мисирков, негов старт во сферата на јавните ангажмани, со кои ќе ја исполнува идната прва четвртинка на 20. век. Прилогот е публикуван на руски јазик во списанието „Живаја старина“, кое излегува во руската престолнина, Санкт Петербург, уредувано од Владимир Иванович Ламански, иден негов духовен ментор и морален прикрепник. Потоа следат прилозите: „Можностите за решение на балканското прашање“, „Неколку збора по повод научната експедиција во Македонија“ и друго. Шест прилози му се посветени на рускиот конзул Александар Ростковски, убиен во Битола во почетокот на 1903-та година. Во блокот на статиите публикувани помеѓу 1898-1904 г. е вместена познатата расправа на Мисирков - „Економските причини за македонското движење“ и „За српско-бугарското братимство“. Вториот блок статии, вкупно пет на број, проблемски се поврзани со теми за потеклото на името Словени, за наставата по историја на Словените во руските средни училишта, за пограничните линии помеѓу бугарскиот и српско-хрватскиот јазик и народ, за основите на едно српско-бугарско зближување, а најголемата по обем и најпривлечна по содржина статија (од преку 120 страници) е „Јужнословенски епски преданија за женидбата на кралот Волкашин во врска со прашањето на причините за популарноста на кралот Марко кај Јужните Словени“. Статијата е објавена на руски јазик во Одеса.

Како вовед во вториот том од Избраните дела на Мисирков е објавен прилогот на Блаже Ристовски „Објавената истражувачка и публицистичка дејност на К.П. Мисирков“ (стр. 5-20), во кој ни се поднесени на увид факти од функционално значење за познавање на материјата што за првпат на македонски јазик се објавува. Во прилогот се даваат и поопшти дефиниции за научно-истражувачкиот профил на „визионерот на нашата сегашнина“ и за „идеологот на македонската современа нација и држава“, за „кодификаторот на нашиот денешен македонски литературен јазик и правопис“, за „најподготвениот македонски славист и прв национален комплексен истражувач на македонската филологија, историја, етнографија и фолклор“, воопшто човекот кого што Македонија, за жал, се уште целосно не го познава...

Бездруго, формулациите (издашни и штедри) на приредувачот на изданието, Блаже Ристовски, со призвук на јавни комплименти и елоквентни суперлативи, воопшто не се никаква вербална пренагласка, имено поради најобичниот факт што до денов - денешен Мисирков поцелосно не ни е достапен. Академикот Блаже Ристовски, гласовито име на македонската современа народонаука и културологија, извесен како долгогодишен и суверен познавач и проучувач на животот и делото на Крсте Мисирков (1874-1926) го продолжува објавувањето на интегралниот книжевно-историски и публицистички опус на идеологот на македонската нација и првиот најсестран коментатор и толкувач на историскиот развиток на македонската нација. Издавањето на вториот том од Мисирковите „Собрани дела“ е уште една светла точка во серијалот на тие негови перманентни напори да ни се доближи како практичен компендиум Мисирковата мисла. Годинава 2007-ма, бездруго, ќе остави бликотна и блескотна трага во посестраниот зафат нашето време и средина да му се оддолжат поосмислено и поорганизирано на Пророкот од Пела: Фондацијата на филантропот Велија Рамковски му подигна среде Скопје монумент (дело на скулпторот Боро Митриќевски), го објави делото „За македонцките работи“ во голем, енормен за наши издавачки услови тираж од преку 50.000 примероци, а Државниот архив на Република Македонија ги објави „Писмата на Мисирков“ од периодот 1912-1917 година, откриени во руските архиви од страна на историографот Растко Терзиоски (Скопје, 2007, стр., 278). Изданието е билингвално (на руски и македонски) и раскошно ни ги збогатува знајбите за Мисирков.

Пасионираната посветеност на академикот Блаже Ристовски во проучувањето на животот и делото на Крсте Мисирков трае повеќе од пет децении и претставува уникатен, единствен во својот вид, исклучив и недостигнат, недосежен и неспоредлив пример и образец на сестрано, системно и континуирано истражување, кое долго и долго ќе самее во тековите на современата наша научна мисла како апсолутен творечки дострел и врв. Сето тоа ни влева силна надеж дека набргу ќе го дочекаме целокупниот Мисирков како знајба што ќе ни ја врати вербата во историската оправданост на нашето постоење.
 

извор: „Утрински весник“

 

 Vikipedija

Крсте Петков Мисирков (Постол, Пазарско/Ениџевардарско,[1] 18 ноември 1874 — Софија, Царство Бугарија, 26 јули 1926) — македонски филолог,[2] кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија,[3] раководител на ТМОК и личност на македонскиот XX век.[4]

Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на книжевни дела и собирање на народни творби.[5]
Живот и дејност
Родната куќа на Мисирков во Постол, Егејска Македонија.

Крсте Петков Мисирков е роден во ноември 1874 година во селото Постол, Ениџевардарско во Егејска Македонија. Селото се наоѓа недалеку од античката македонска престолнина Пела. Шест одделенија основно училиште завршил во родното место, слушајќи настава на грчки јазик. Лошата материјална состојба на неговото семејство не му дозволила да го продолжи веднаш неговото образование. По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво „Свети Сава“. Тоа биле првите закани за навлегување и на српската пропаганда во Македонија, преку инсталирање на разни стипендии за образовање на т.н. свој кадар како што веќе правеле грчката и бугарската пропаганда во Македонија[2]

Користејќи ја извесно време оваа стипендија, Мисирков сфатил дека српската буржоазија ја започнала својата грда игра. Чувствувајќи ја денационализаторската политика, изразена преку дејноста на друштвото „Свети Сава“, тој учествувал во немирите што ги пројавиле македонските стипендисти. Потоа со неколкумина свои едномисленици избегал од Белград во Софија. Тоа што го дочекало во Бугарија речиси по ништо не се разликувало од Србија. За да го продолжат понормално своето образование во Софија, македонските студенти морале да се пишат како Бугари. Мисирков не го прифатил тоа. Тој повторно пребегнал во Србија, за да запише трет клас, но сепак тоа не му успеало. Во Белград, сакал или не сакал, се запишал во прва година како семинарист на богословско-учителската школа, која имала своја посебна цел и тоа: македонските ученици да ги подготвува за српски свештеници и учители кои подоцна би се вклучиле на македонски терен за да го пропагираат српското име. Овој пат македонските ученици го искажале своето незадоволство: тие кренале бунт, по кој училиштето било затворено, а македонските ученици биле испратени во внатрешноста на Србија. Така Мисирков се нашол во Шабац, каде завршил четврти клас гимназија[2].
Крсте Петков Мисирков во 1899 година

Крсте Петков Мисирков, иако ја завршил гимназијата, сепак се решил повторно да се запише во друго средно училиште: белградската учителска школа, која целосно ја завршил во 1895 година. Во ова училиште Мисирков основал ученичка дружина и ја нарекол „Вардар“, со своја програма која членовите на дружината Негоіите членоіи да се запознаіат и да си изработат іедна програма, коіа ќе iа осашчествуваат во Македониіа таіно од србцката пропаганда. Членовите на дружината во извесна смисла ја продолжиле идејата на т.н. „Лозари“. Тоа за Мисирков претставувало почеток на организирана национално-политичка активност која ќе продолжи околу 30 години[2].
Деновите во Русија
Дипломата на Мисирков од Петроградскиот Универзитет.

По завршувањето на учителската школа Мисирков се здобил со служба во Приштина. Но, наместо да се појави на своето работно место, Мисирков тајно се префрлил во Одеса. Таму не му го признале образованието. Така, Мисирков бил принуден да се запише во духовна богословија во Полтава и дури по две години да започне со студирањето: отпрвин на Медицинскиот факултет во Петродонски Словен. Вклучувајќи се во петроградската студентска средина, Мисирков станал многу активен. Меѓу другото, напишал и еден блескав реферат под наслов За значењето на моравското или ресавското наречје за современата и историската етнографија на Балканскиот Полуостров, што го прочитал пред членовите на Императорското руско географско друштво, а го објавил и во списанието „Живија старина“.[2]

Во екот на најголемата борба за превласт на пропагандите во Македонија, Мисирков се вратил во Македонија, во родното село Постол. Тогаш и се запознал потемелно со македонското револуционерно движење. Во исто време собрал богат фолклорен и етнографско-топографски материјал што подоцна го објавил во своето списание „Вардар“.[2]

При следното доаѓање во Петроград Мисирков станал член на Бугарското студентско друштво и со неколкумина истомисленици го основал Тајниот македонско-одрински комитет. Меѓутоа, Русија се наоѓала во предреволуционерен период и руската влада го затворила Петроградскиот универзитет. Поради тоа на Мисирков не му останало ништо друго, а и здравствено се почувствувал лошо, па заминал во Одеса. Од тоа време датира студијата Кон прашањето за народноста и причината за популарноста на македонскиот крал Марко, што била неговата дипломска работа. Во 1902 година, Мисирков блескаво го завршил факултетот во Петроград.[2]

Истата година било основано и Македонското студентско другарство во руската престолнина. Во организирањето на ова друштво значаен придонес дал и самиот Мисирков. Само една година подоцна ова научно-литературно другарство било преименувано и оттогаш дејствувало како Македонско научно-литературно друштво „Свети Климент“. Членовите на ова другарство испраќале од своите редовни седници барања пред сè до руската влада, па и до владите на другите европски држави, да се признае правото на македонскиот народ на самостојност, да му се признае правото на литературен јазик, правото за обновување на Охридската архиепископија.[2][6]
Соработката со Ростковски и деновите во Битола

Крсте Мисирков му станал соработник на научникот Петар Лавров. Но тој ја жртвувал својата универзитетска кариера. Го напуштил Петроград, добил служба во Битолската гимназија, во која се вработил како егзархиски професор. Во Битола се сретнувал со рускиот конзул Александар Ростковски, кој бил познат како заштитник на рајата. Во тие лични залагања Ростковски ја немал поткрепата на својата влада. Дури бил и предупредуван и укоруван. Турските власти во август 1903 година исценирале убиство над него и Мисирков повторно морал да замине во Русија. Тој заминал со мртвото тело на конзулот.[2]
Соработка со Војдан Чернодрински, За македонцките работи и реакции во Србија
Писмо на Новаковиќ каде тврди дека Македонците веќе почнале да пишуваат на македонски јазик.

Крсте Мисирков во Битола работел врз планот за отворање на македонски училишта. Токму во тоа време избувнува и Илинденското востание, во кое Мисирков не учествувал лично. Подоцна во Русија тој го образложил своето отсуство од Илинденското востание со откривање на причините за неуспех на востанието. Во Русија развил широка активност, пред сè публицистичка, работејќи над текстовите од својата книга на која и дал наслов За македонцките работи, како и над некои ракописи за учебници. Со цел да ја публикува својата книга, Мисирков заминал во Софија. Во тоа време доаѓа периодот кога Бугарија и Србија се договараат за поделба на сферите за дејство на своите пропаганди во Македонија. Мисирков и се придружил на театарската група на Војдан Чернодрински, која имала намера да даде неколку претстави на пиесата „Македонска крвава свадба“ во неколку градови во Србија. Во Белград Мисирков одржал предавање за македонското прашање во светлината на српско-бугарското зближување. Дел од белградскиот печат жестоко го нападнал Мисирков за тоа предавање што го одржал во салата на Велика Школа. Меѓутоа, забележана е реакција на Андра Гавриловиќ, кој во списанието Бранково коло, а под наслов Пред четвртата јужнословенска литература, пишува дека претставите на Војдан Чернодрински не се изведени во никаков јазичен жаргон, туку тоа е проба на една нова култура, почетоци на една нова јужнословенска литература. Во таа смисла тој, го имал и предавањето на Мисирков.[2]
Понатамошни активности и смртта
Последна слика на Мисирков.
Споменикот на Крсте Мисирков на плоштадот Пела, во центарот на Скопје
Споменикот на Крсте Мисирков пред Саат кулата во Битола.
Гробот на Мисиркови во Софија, Бугарија.

Мисирков се вратил во Софија со надеж да ја подигне од печатницата својата нова книга, но сепак не одело сѐ така лесно. Имено, книгата му била откупена од тамошните власти и изгорена. Од изданието се зачувале само мал број на примероци. По таквиот настан организиран од бугарската пропагандистичка машинерија, следел организиран напад врз Мисирков[2]. Тој бил присилен да ја напушти Бугарија. Мисирков повторно се нашол во Русија, активирајќи се повторно во друштвото „Свети Климент“ и набргу го прифатил професорското место во Берѓанската гимназија, каде започнал со размислување за издавање на една македонска публикација именувана како „Вардар“. Така, Мисирков го напуштил Берѓанск и обезбедил престој во Одеса. Тој го подготвил првиот број на своето списание за печат и предал во печатница. Меѓутоа, нема доволно финансиски средства за да го подигне отпечатениот материјал. Со тоа завршило неговото одушевување. Но првиот а воедно и единствен број на списанието содржи драгоцени материјали напишани на македонски јазик. Тие, речиси, во сè го потврдуваат Мисирков околу книгата „За македонцките работи“ и за погледите кон македонскиот јазик и македонската нација.[2]

Неговиот престој во Одеса бил исполнет со нови активности. Покрај подготовката на списанието „Вардар“ што се отпечатило во септември 1905 година (но не и во продажба), Мисирков бил вклучен во работата на Историско-филолошкото друштво.

Во текот на Првата балканска војна тој бил воен дописник од фронтот во јужна Македонија. за време на Втората балканска војна веќе бил назад, во Кишињев на професорска должност. Во 1913 година Македонската колонија од Петроград започнала да го издава списанието „Македонский голос“. Мисирков веднаш воспоставил контакти со Колонијата, соработувајќи со останатите луѓе што го издавале списанието. Мисирков објавувал под свое име но и под псевдонимот К.Пелски.[2]
Молба на Мисирков со која бара од Белград да му се овозможи работа во Југославија.

Понатака, Мисирков ги дочекал револуционерните настани од 1917 година. Во ноември 1917 година бил избран за пратеник во Земскиот собор на Бесарабија. На 9 април 1918 година, при гласањето за воспоставување на унија на Бесарабија и Романија, Мисирков гласал воздржано. Како противник на присоединувањето на Бесарабија кон кралството Романија, па поради тоа и го протерале од Кишињев во Одеса. Но повеќе не можел да остане во таа средина. Бидејќи имал и семејство, тој заминал од Одеса во Софија, каде го пречекале со недоверба. Сепак добил служба во Етнографскиот музеј, потоа бил испратен во Карлово, но и понатака му се заканувале поради неговите отворени ставови во однос на македонското прашање. Побарал да добие служба во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Неговата молба останала без одговор. Оневозможен да се врати во Русија, фрлен на служба во провинциско место Копривштица, Мисирков западнал во криза. ВМРО го сметала за штетен за делото, но по средбата на Мисирков со претставник на Организацијата, таа решила да не презеде конкретни чекори против него.[7] Мисирков се разболел тешко, претходно преплашен со закана дека ќе биде ликвидиран, па така се нашол во „Александровската болница“ во Софија, каде умрел на 26 јули 1926 година. Неговото семејство (сопруга и син) ги оставил без основни средства за живеење.[2]

Мисирков е закопан во софиските гробишта парцела 89, ред 17, гроб 4 каде се наоѓаат и посмртните останки на Екатерина Михајловна-Мисиркова, Сергеј Мисирков и Борис Мисирков.[8]

Според спомените на неговата сопруга Екатерина, шест недели Крсте е лекуван без точно утврдена дијагноза, односно со претпоставка дека е менингит или енцефалит. По шест недели болки и повремени несвестици, на 26 јули 1926 година Крсте Петков Мисирков умира во Александровата болница. Подоцна е утврдено дека умрел од тумор во мозокот. Мртов, цел ден лежел во креветот, до него била само сопругата. Немало кој да го пренесе во мртовечницата, а сопругата немала пари за погреб. Свеќите што ги запалила, ѝ ги донеле милосрдни сестри. Болницата понудила да го остават телото за секцирање, но Екатерина и синот Сергеј одбиле. До гробот за сиромашни во софиските гробишта го испратиле само десетина души.[8]

Творештво
„За македонцките работи“
Оглас за печатење на книгата „За македонцките работи“
Главна статија: За македонцките работи
„За македонцките работи“, издадена 1903 година во Софија
Мисирков во библиотеката во Одеса.

Најзначајно дело напишано од раката на Крсте Петков Мисирков е книгата „За македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Во таа книга Мисирков ја обработува положбата на македонскиот народ, актуелната тогашна политичка и етнографска состојба на Македонија и пошироко. Најзначаен дел е последната глава од книгата наречена „Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик“ во кој јасно Мисирков дава предлог за оформување на литературен стандарден македонски јазик заснован врз централните говори.[10] Од поголемо значење е и тоа што Мисирков користи азбука што е база за денешната македонска кирилична азбука.[11]

Книгата „За македонцките работи“ била испечатена во 1903 година во Софија, тогашно Кнежевство Бугарија, и била печатена во т.н. „Либерален клуб“.[12] Самата книга има над 120 страници и поделена на пет дела и предговор. Четири од петте поглавја се всушност и говори кои Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен кружок во Русија. Поглавјата на книгата се:

Предгоор
Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?
Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?
Нациіоналниот сепаратизм: земишчето, на коіе се имат развиіено и ќе се развиіат за однапред.
Состауала, состауат и можит ли Македониіа да состауат от себе оддел’на етнографцка и политична іединица?
Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик.

Сите делови, со исклучок на предговорот и последните две глави, биле прочитани пред македонското друштво „Свети Климент“ во Русија. Така, втората глава од книгата била прочитана на 21 септември на 1-та седница на петроградското Македонско научно-литературно другарство „Св. Климент“, третата глава била прочитана на втората седница и четвртата глава била прочитана на третата седница на друштвото.
Значењето на книгата „За македонцките работи“

Остварување на идејата за одделен македонски јазик е објавувањето на книгата „За македонцките работи“ (во Софија, 1903) од Крсте Петков Мисирков. Книгата на Мисирков е политичка анализа на положбата на македонскиот народ и предлог-програма за македонското народноослободително движење. Истовремено, таа ја разоткрива асимилаторската политика на соседните земји насочена против македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет.[13]
Списание „Вардар“
Главна статија: Вардар (списание)
Списание Вардар

Списанието „Вардар“ е првото списание за наука, литература и политички прашања целосно на македонски јазик со уредник Крсте Мисирков што го печатил 1905 година во Одеса. Излегло во еден единствен број.[14]

Започнува со уводник на македонски „Од наредилницана“, пренесен и на руски јазик. Веднаш по рускиот превод на уводникот објавена е песната „Патник“ од Петар Прерадовиќ, што претставува прв превод од хрватска поезија на македонски јазик. Носечки текст во првиот број е „Извикнуваiн`ето и разбор на бугарцката и србцка теориiи за народноста на мак`едонците“. За жал, Мисирков во првиот број ја обработува само бугарската теорија, додека српската ја планира за вториот број, па ова негово видување никогаш не е објавено. Потоа, во првиот број на списанието „Вардар“ следел етнографско-демографско-статистичкиот труд „Список села од iужна Мак`едониiа (Пазарцко, Гевг`елиiцко и Кукушко)“ што го составил Мисирков како студент во 1900 година. За жал, направената „Обiаснителна забелешка за тоi список и за Солунцкото равнишче, со планиiн`ето“ авторот најавува дека „к`е бидит дадена во друг`от броi на Вардар“, кој никогаш не е составен и испечатен. Потоа следи рубриката „Народни песни“ со единствениот запис на народна песна од Мисирков, како и два записа на безнасловни песни од Ф. Николов. На крајот е рубриката „Современ живот“ во која Мисирков објавува два кратки, непотпишани хроничарски записи за Македонија и Русија.
Статии

Други позначајни пишани творби на Мисирков се неколку статии меѓу кои:[15]
Статијата Самоопределението на Македонците објавена во весникот Мир, бр.7428, во Софија, 25 март 1925.

Антируските демонстрации во Софија — oбјавено во угледниот руски дневен весник „С.-Петербургскија Ведомости“ во мај 1901.
Македонија и славјанството — објавена во „Славјанскија Известија”, Петроград, 1.5.1914, 146–147.
Говор во Одеса на 6 август 1914 — ЦГАОР, Москва, ф. 579, оп. 1, ед. хр. 1728. лл. 1–3.
Македонски и болгарски национални идеали — „Македонскиј голос (Македонски глас)”, II, 10, 13.8.1914, 10–14.
Борбата за автономија — „Македонскиј голос, (Македонски глас)”, II, II 29.11.1914, 205–207.
Македонска култура — објавена во „Миръ“, 19 април 1924.[16]
„Народността на Македонците“ — в-к "20 јили. Македоно-одрински лист", год. I, бр. 5, Софија, 11 май 1924 г.
Противоиадие — објавено во „Пирин”, 20.1 1924[16]
Патот на примирението — објавено во „Илинден”, V, 5, Софија, 30.1. 1925, 2.[16]
Македонски национализам — објавена во списанието „Мир“, 12 март 1925.[16]
Самоопределувањето на Македонците — објавена во „Мир“, 25 март 1925.

Исто така ги напишал и пробугарски дела:

Белешки за јужнословенската филологија и историја, објавено во Македонско-одрински преглед Софија 1907, кн. 34–401908.
Колењето и интелигенцијата во Македонија, објавено во Одески листок, бр. 178, Одеса 2 август 1912.
Нашиот народен епос и Македонија, објавено во Развитие, 1919, кн. 2–3, с. 80–81.

Според статијата „Белешки за јужнословенската филологија и историја“, Мисирков се откажал од книгата „За македонцките работи“ велејќи дека нејзината содржина стои далеку од беспристрасната наука и дека со тоа што во неа истапил како импровизиран политичар по македонското прашање си задал удар на својата научна дејност и интереси.[17]
Дневникот

Во книгата „Писма“, во која е поместен Дневникот на Крсте Петков Мисирков, македонската историја добива нови сознанија различни од сите досегашни интерпретации на делото на македонскиот преродбеник. Неговиот дневник беше запишано кога тој беше во Русија, во едно писмо кон Бугарски министер за надворешни работи тој сам се декларира како "Македонски-Бугарин"[18] но после во неговиот Дневник тој нагласува дека неговата причина за вакви декларици е заради страв од Бугарската влада. Во еден случај кога поминувал границата кон Егејска Македонија кога беше прашан за идентификација тој кажал "Бугарин" но во неговиот дневик запишал дека човекот што го праша беше Македонец што знаел дека Крсте Петков се изкажува како Бугарин за да не биде фатен.[19] Во својот дневник тој се нагласува како Македонец и ја именува Македонија како неговата прва татковина (тој исто ја именува Русија како негова втора татковина).[20] тој ѝ дава предност на Бугарија, сметајќи дека е природно да се приклучи кон Бугарија, а не кон Србија и Грција.[21]

Сепак оваа ситуација со новопронајдениот „Дневник“ во македонската научна јавност и воопшто кај македонскиот народ нема дилеми околу идентитетот на Мисирков. Имено, потписот со кој Мисирков се потпишал („македонски Бугарин“) означувал Македонец со бугарско државјанство, бидејќи Мисирков до смртта живеел во Бугарија и со тоа тој докажувал дека е државјанин на некоја држава, но Македонец во етничка смисла.[22]
Бугарски погледи

Во Бугарија Мисирков го сметаат за бугарски филолог, покрај фактот што тој бил македонист и јавно се залагал за македонската нација и култура.[2] Според одредени извори, Мисирков се изјавувал и како македонски Бугарин.[23][24] Од 1913 до 1918 година живеел во Кишињев, Бесарабија и таму бил бугарски претставник во локалното собрание.[25][26] Во својот „Дневник“ од 1913 година по распарчувањето на Македонија Мисирков изнел ставови со кои ги оправдува бугарските интереси во Македонија, Македонците ги именува како македонски Бугари, културата и традициите, исто така, како бугарски. Во овој период од животот јавно се залагал за националните права на бугарското население во Македонија, кои според него биле „погазени од Србите и од Грците“ и „крвта пролеана од Бугарите за Македонија ги чинела неоспорливи правата на бугарскиот народ на Македонија“.[27] Тој самиот се нарекувал македонски Бугарин. Сепак според Владо Поповски ваквите негови ставови се последица на Балканските војни и Букурешкиот договор, тој смета дека кога веќе не и дозволено да биде посебна држава подобро е Македонија да остане цела и да биде дадена на една држава отколку да биде поделена. Во таа смисла тој и дава предност на Бугарија поради историската и културна блискост.[28]

 

 

 

 https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B5_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%BE%D0%B2_%D0%9C%D0%B8%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2308
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2838
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Многу е карактеристично за ваквата заедница што внатре во неа никогаш и од никого не може да се чуе слово за умно-срдечната молитва, додека пак, што било друго од коешто...

БEСEДА  за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд...

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...Има и друго...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

18/03/2025 - вторник


Велигденски пости; (
строг пост )

Преп. Герасим Јордански; Св. ЈЈаков Пустиник

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. 42 Аморејски Христови маченици 19 март/6 март 2025

Тропар на св. 42 Аморејски Христови маченици 19 март/6 март 2025

Свеќници пред престолот Божји,запалени за спасение на родот човечки,исповедници на вистината пред суетата човечка,Аморејски свети маченици,верата ваша ги надмина времињата  

Тропар на св.преподобен Исихиј постник 18 март/5 март /  2025

Тропар на св.преподобен Исихиј постник 18 март/5 март / 2025

Пустината затворена за погледот човечкиочи ти избистри, собеседник на ангелитете направи, а ти Христа го прославиКој желбата на твојата душа...

Тропар на светите Христови маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск 16 март/ 3 март  2025

Тропар на светите Христови маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск 16 март/ 3 март 2025

Вас на кои Христос Бог ви е богатство и чест, сила и слава,вас кои великиот Теодор во верата ве просветли,вас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Манастирски посни рецепти

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная