логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


13.


Студениот ветер шибаше наоколу, додека го поминувавме малиот парк  на една  скопска населба. Со сопругот забележавме две суштества, едно до друго,  на  другиот крај  од патеката. Под сенката на разгранетата жалосна врба,  стуткано во положба  на ембрион, лежеше и сонуваше девојче  од десетина години. Паралелно до неа,  скоро  во иста должина како нејзиното тенко  телце,  лежеше песот скитник. И тој  беше  во  дремка. Рачињата со исцрнетите тенки  прсти  девојчето ги   беше  ставило под  образот. Лицето ѝ  беше  прошарано со  траги од  прав, кал и  засушени  остатоци од храна. Едното ноџенце ѝ беше  без  чорапа, а чевлињата искинати. Косата, пак, сосема неуредна и преполна со  лисја  и чички,  беше  распослана по сувата трева. Двете  глави,  нејзината и на  песот, личеа една  на  друга. Тоа беше трогателна слика  што не  се заборава: две суштества на  едно  место што ги поврзува отфрленоста, осаменоста и страдањето.
Од размислувањето и глетката нѐ тргна брзото  раздвижување на  очните капаци, како  при  со- нување, при  што  таа  ги  отвори очите  со вџашен поглед со израз на  страв и спремност за бегство. Девојчето потсетуваше на беспомошна срна,  навикната на   прогонство. Таа кревка  фигура ме врати во  детството и на  ликот  од приказната за малата Козета.
Подоцна, Козета беше чест гостин во нашиот дом.  Веќе  не беше  валканото, мрсулаво девојче  од паркот. Косата  ѝ светеше, а лицето ѝ беше  чисто.  Се воодушевуваше на топлата вода и чешмата што се врти - така  таа велеше. Уште повеќе беше   фасцинирана од  првото   сознание за постоење на видео игрите.
Следните денови гости  ни  беа  нејзината мајка  и братчето. Нивните погледи се исполнија со топлина и доверба. Имаа на некој начин семејство. Некаде беа  добредојдени. Имаа толку многу - цел месец  за млеко и леб.  Тоа беше  доволно за да бидат  среќни луѓе.
Овие тројца  беа  нашите добротвори, спасите- лен  мост  до  чистата радост, до  љубовта  што  не бара  назад, поблизу до  Христос,  до Неговата бе- седа  на Гората.
Подоцна почнав  да   ги   препознавам,  да  ги разликувам оние безгрижни дечиња на  крстосниците, кои научено, по навика ги повторуваа исти- те додворувачки фрази. Секако и за нив не требаше да недостига милост.
Но, кога пред себе ќе го здогледав достоинствениот  старец со телесна мана, со сув, но, продорен поглед, затреперував во  стравопочит. Во тој таинствен поглед се содржеше целото знаење, мудрост и опит на страданието. Неговата рака не беше  подадена, не  бараше, но сепак, изнудуваше солза и  желба  да  го  прегрнам  неговиот свет   и што и да  му кажев,  што  и да  му помогнев, ќе бе- ше премалку, зашто сфатив - неговото присуство за нас од оваа страна е благослов - Христос!
Знам  дека  кај  многумина од вас,  овој дел од приказната за будењето звучи по малку  патетично,  по малку детски и наивно. Но знам, ве има многумина,  кои  точно   знаете за  што  зборувам. Знаете дека човечките зборови и на најнадарениот се недоволни да се објасни  тоа, што со Божјата љубов едноставно се вкусува.

 

 

14.


Иако   патот  кон   Бога   води   напред,  сепак, многу често, облаците на искушенијата ме  враќаа  назад, за подоцна повторно да се тргне по подолгиот, потешкиот пат. Неретко спокојството ме напушташе, трпението  исто  така,   молитвата  се претвораше во сувопарно, формално  изговарање зборови. Чувството на вина и понатаму ме разјадуваше. Верата ми  слабееше... Потоа, облаците се подигаа, и повторно се појавуваше зрак на  надеж,  молитва  со  радост,  со  солза  или  без   неа,  желба  за давање.
Си поставував и вакви шпекулативни прашања. Дали давањето не значи всушност купување љубов? Ако е така, каде е тогаш безусловноста на давањето себе си  на  другите. Но,  ако  љубовта  е апсолутен принцип, сѐ и над сѐ во Бога и од Бога, тогаш дали  вистинското давање не се  содржи,  не е едно  со љубовта,  а  љубовта  со давањето. Тогаш би констатирале дека  вистинското давање со љубов не  ја бара, не ја купува  љубовта, зашто самото тоа е Љубов.
Веднаш по  ова  си  префрлав: „Ти ли  ќе  умуваш, Марија и ќе  бараш логика и објаснување во Божествената  наука?  Дали  се возгордеа?  Туку, продолжи да си гледаш и слушаш со очите  на  детето и не барај  ништо  повеќе!"
Но,  искушенијата, како  верен  сопатник, про
должија  да се редат  кога  најмалку очекував.


* * *

Беше пладне. Се јави  љубезен и познат  глас  на  дамнешна  пријателка која  ме замоли за средба. Беше помлада од мене,  по професија актерка, со плодна кариера.
Седевме надвор пред кафулето во ТЦ „Буњаковец". Госпоѓа Марина беше видно  вознемире- на.  Интонацијата на гласот, нејзините гестикулации оддаваа немир и незадоволство.  Постојано, како  под  принуда, ги  вадеше и повторно ги  вра- ќаше  на  очитет  скапите темни очила. Зборуваше дека сѐ  е против неа,  дека  сите  ѝ биле виновни  и од никој  не била разбрана.
- Сиве  овие  пет-шест години не  можам  да  си го пронајдам  мирот,  да си воспоставам хармонија, проблеми дома,  проблеми со колегите, што дури  ми  влијаат   на  креативниот капацитет.  Знам дека веќе одамна си прекинала со поранешната активност, но не те викнав со таа цел. Би те замолила   да   ме   посоветуваш  дали   нешто  битно   ќе смени  во мојот живот  ако  најпосле  постам,  се причестам.
- Дали  се  слушна себе  си?  За  најпосле, за на крај,  ти  го  остави   најважното, лекот  за  душата, отворањето на  твоето срце за Бога. Во уште  пострашна состојба и пустош  беше  мојата  душа,  но ја започнав борбата - ѝ реков.
- Борбата! Што  значи пак тоа, повторно ли ми предлагаш борба  наместо радост? - нестрплива беше  таа.
- Е,  така  и мене ме  научија. Тоа  е  патот  до
вистината... Патот до радоста е долг и тежок.  Како голгота  е  и трае сѐ до смртта. Тоа е борба со страстите во нас.
- Чекај,  подзастани, ме  наежи,  иако  малку  те разбрав.
- Еве,  ќе поедноставам. Ќе ти дадам најпрост пример. Ти  си  одамна разведена  жена.  Живееш сама со синот,  колку  што знам.  Го љубиш  повеќе од себе  си. Се бориш  со многу  проблеми - материјални, здравствени, го подучуваш, го  воспитуваш. Ти си го зела  крстот и сама, одлучно  паѓаш, стануваш, но сепак  одиш  напред. Секој  неуспех на твоето дете  го чувствуваш како свој и обратно. Се радуваш со неговата насмевка, тагуваш со не- говата солза. Тоа  е борба, тежок  пат,  борба  што ќе  трае во  добро и зло,  сѐ  додека си  жива.  Дали би  застанала? Дали би  се  откажала од  љубовта кон  своето  дете?  Во љубовта  сѐ  се поднесува, нели? - се обидов  да ѝ дообјаснам.
- Почнав по малку  да  те  сфаќам, Марија, но од каде  ти е ваквиот резон?
 - Ме научија Светото Писмо,  духовните книги, мојот духовен  отец...
Госпоѓа Марина, по малку  нервозно ја зафрли  со  раката долгата црна  коса,  а  во  изразот ѝ видов   малку  разочарување;  како   да   очекуваше некој  стар  рецепт со кој се  подготвува среќа, па скоро  плачејќи, извика.
- Не  знам,  веќе  ништо  добро  не очекувам, во ништо не верувам!
- Внимавај на бемката под десното рамо,  необично е голема! - како од топ,  на  мое  сопствено изненадување, без  најава, едноставно ми излетаа
зборовите.
Настана молк.  Вџашена, во шок,  држејќи се за  срцето,  по  неколку   секунди госпоѓа  Марина бавно  го  подигна долгиот  ракав од блузата. Непосредно под десното  рамо  ја видов бемката со големина на бадем.
- Како знаеше за ова?!  - прошепоти скршено.
Пред  да  бидам  свесна што изговорив, од мојата уста  излета реченицата.
- Дали сега веруваш во Бога?
Излетав од кафулето речиси  без  поздрав и со брзи чекори стигнав до мојот дом. Не стигнав ниту  да ја затворам влезната  врата, се стрчав и клекнав пред  иконите. „Господе, ти згрешив, се погордеав. Пак ли  сум  во падот?  Заштити ме  од искушенија."
Отприлика по три  месеци, во текот  на Богородичниот пост,  на денот  Преображение на  Исус Христос,  таму  во  Соборниот храм,  чекав  во  редот  за  причест. На метар-два од мене,  со наведната  глава чекореше  госпоѓа Марина. Со рацете на  градите се поднаведна, си  го  кажа името и се причести. Ми запеа душата...
Подоцна, кога  се  сретнавме пред  портата на
Храмот, со мил поглед,   одлучно  ми рече.
- ’Фала  му на  Бога,  тука  сум.  И знаеш што?
Знам  зошто  сум тука...

 

 

15.


На денот  на  чествувањето на  празникот Успение на  Пресвета  Богородица следуваше ново искушение, нова борба со видливото и  невидливото.  Но,  веќе  помирливо и со очекување ги  прифаќав  нападите  што  наидуваа.  Сепак,  ова  што следеше беше  премногу.
Литургијата заврши, а јас и сопругот се  упативме кон автомобилот. Чувствувајќи се лесно, измиено, само  што сакаше да го запали моторот, на  отворениот прозорец од  страната на  возачот одненадеж и дрско  се  потпре  со двете  раце  средовечна непозната жена. Без претходна дозвола, таа  без никаков повод почна неврзано да зборува на  македонски јазик со необичен акцент. Споменуваше нешто во врска со нашите деца,  за нивната  среќа, брзо  и  неразговетно. На  некој   начин таа гаташе. На кратко застана и со наредувачка интонација побара сума  пари,  како  услов  да  продолжи.
- Јас знам сѐ, ајде  платете, па ќе се уверите.
Дискретно го замолив сопругот да  тргнеме. Тој љубезно ја поздрави, заблагодарувајќи  се  на понудата, но  таа  не  се  симнуваше; остана така, обесена на прозорецот.
 - Не  сакаме ваша  услуга, тргнете се,  ве  молам, брзаме - ѝ рече  тој вторпат.
Изразот на  лицето се измени, вилицата ѝ се затресе и со налутен и груб глас, извика:
- Нема да  се  тргнам додека не  платите, а јас тогаш ќе продолжам.
Веќе  видно  вознемирен, сопругот со нервозно  движење го затвори прозорецот, а таа беше принудена да се повлече наназад. Ненадејно и како  како разгневен ранет ѕвер, испушти силен,  неартикулиран вресок. Не разбравме што кажува, кога таа веќе во два чекора се најде пред  автомобилот.
Не си  верувавме на  сопствените очи.  Среде бел ден,  среде Скопје,  пред  Храмот,  по  светата причест, ваков  ужасен настан! Случаен ли беше?
Значи, се нафрли со двете  раце  врз  предната хауба  на автомобилот. Лицето ѝ беше сосема блиску  до моето  од  другата страна на  предното стакло.
- Господе - си  реков  - во жената е бесот!  Лицето ѝ стана неверојатно изобличено како да  беше од гума во страотен гнев, омраза и бес. Очите и беа ококорени, а долните капаци  закрвавени; едноставно не сакаше да ја изгуби  битката. Добив  чувство   дека  почнува  да  гребе  со  ноктите околу бришачите.
- Заобиколи ја и бегај,  те молам  - преплашено реков.
За кратко таа се повлече на половина метар од автомобилот, ги подигна рацете кон  небото, а од  устата  како  огнени змии   исфрлаше  зборови што  не  ги  разбиравме. Беше  во  некој  чуден  за- нес,  како  да се  обраќа некому кому  таа  му  верува. Но по изразот на лицето очигледно беше дека тоа  беа отровни клетви. Рацете како во некаков ритуал згрчено ги дигаше и спушташе. Скоро  во скок  повторно дојде  кај прозорецот на сопругот и победнички, цинично, со одвратен глас, заканувачки процеди низ  стиснатите вилици:
- Ти  фрлив  проклетство!  Ќе  видиш  која  сум јас,  ќе  видиш  што ќе  те снајде! Не  може  ни Господ да ти помогне и ќе ме бараш јас да ти помогнам.
Сфаќате ли сега, мои  пријатели, кои  сѐ  уште не знаете, во какви чудовишта се претвораат вашите спасители. Од многумина од вас порано бев чула дека  сте  виделе добро  од нивните дарби, дека ви  растурале магии и  дека ви  го  олеснувале животот. Каква врска имаат со љубовта ваквите луѓе?  Какво  добро  очекувате од спасители кои  се претвораат  во  ѕверови штом  ќе  им  го  покажете крстот? И кои сили не го љубат крстот?
Само по десетина дена  од настанот, сопругот ненадејно се разболе. Тој е човек со добра  кондиција и ова беше  прв пат во заедничкиот живот да се разболе посериозно. Доби  неподносливи бубрежни болки со  компромитација  на бубрежната функција. Причината не беше  јасна.
Го пронајдовме нашиот  духовен  отец  Ѕ и по телефон  му  раскажавме за  непријатната  случка. Вообичаено за него, воздржано, без  многу видливи емоции, тој нѐ сослуша  и нѐ успокои. Знаев  дека ќе биде со нас  на само  нему познат начин!
Со верувањето  дека  ако  сме  цврсто  во Бога  никој  ништо  не  ни  може,  болеста се  повлече за неполн месец. Настанот со вештерката и нејзините клетви, никогаш веќе  не го спомнавме.

 


16.


Се снаоѓавме некако во животот на  професионален план во политичкиот амбиент, каде  што владееја посебни закони и  правила.  Животот во тој период  јас  го доживеав  како  една исклучителна театарска претстава со многу  ликови и содржини.  Настаните во  првиот чин  се  редеа со однапред подготвено сценарио, а  актерите непогрешливо точно ги повторуваа своите реплики и дијалози.
Вториот чин  од претставата речиси по ништо  не се разликуваше од претходниот, освен  што беа  дозволени мали  импровизации и некои нови ликови. Во претставата секој можеше  да  личи  на секого, но  не  беше  возможно  да  личиш на  себе си,  да  бидеш  свој,  оној што си!  Сепак, и тоа  ново животно  искуство беше  интересен предизвик со необични доживувања и емоции.
Во тој  период  ми  беше   дадено  нешто,   што ниту  во најсмелите соништа не  ми беше  дозволено да го сонувам.

 

... Патувавме веќе  неколку часа пред  да  нѐ пресретне  денот  во одминување, таму,  зад  црве- ната огнена топка. Таа го опожаруваше и во позлатеност го славеше небото, кое, пак,  посветено и љубоморно го прекриваше избраниот град, градот на избраниот народ.
Се спуштавме таму, во светиот град Ерусалим.  Сакав  да  заплачам, но не му верував на  сонот.  Сакав  да  се  разбудам за да  клекнам тука  на рајската  земја,  да   заблагодарам  што   милоста стигна и до разбојникот на крстот и до грешница- та  и до блудниот син. Не сум особено надарена и не  знам да ви го пренесам со зборови говорот на моето срце,  како  што  не  може  да  се  објасни со зборови  вкусот   на  малината.  Повторував само
„Господе, господе, господе...", доволно тивко за да не го разбудам сонот.


* * *


Очите ми ги маѓепса глетката врз  величествено кадифената појава со пурпурни обриси. Изгрејсонцето над Ерусалим го разбуди и свечено го најави нашиот прв ден таму.  Првичниот позитивен стрес од возбудувањето се намали.  Патешествието по фантастичите предели започна. Чекоревме на местата каде што чекореа нозете на Богочовекот.
Нѐ пресретна градот Витлеем јудејски, таму каде   што  се  роди  Богочовекот. Стоевме во  ред стотина луѓе   пред  малата  црква. Врз  неа   беше
подигната поголема  блескава  црква.   Возбудени чекавме стуткани еден  до друг на температура од речиси педесетина степени. Неверојатната тишина  ја нарушуваше  само по  некоја воздишка или тивок  радосен плач.  Жената пред  мене со руски акцент извикуваше „Господе  мој". За  да  се  ѕирне во пештерата каде што се роди Богочовекот, мо- раше  да   се  клекне  на   коленици.  Таа   клечеше ничкум со челото на земја, ставајќи ги  рацете во тесниот влез од пештерата. Го бакнуваше прагот, воздивнуваше. Кога се  исправи, наоколу имаше траги од нејзините солзи.
Во пределите Галилејски се издигаше градот Назарет, местото каде  што  Исус  се  насели, за да се  исполни кажаното  од  пророците. Архиереите кои патуваа заедно со нас, во  црквата во  Назарет,  со молитвено пеење му благодареја на Бога. Веднаш зад  нас  во истата црква  и скоро  во истиот миг се разлеа молитвено пеење на црковни  луѓе од Грција, нормално на грчки  јазик.
Следниот ден  пред  нас  како  змија кривулеше реката  Јордан. На  брегот  се  тискаа  разнобојни зелени крошни на дрвјата, што се поклонуваа врз стаклено чистата вода, огледувајќи се  во неа.  Реката наликуваше на разнобоен кристал.
По проповедта во пустината, Јован  крштеваше  тука,  на  Јордан, а  подоцна  од Галилеа дојде Царот и се крштеваше во водите јордански.
Ја посетивме и пустината Јудејска каде што
Исус бил искушуван од ѓаволот.

Евангелие во живо. Се редеа светиња до светиња... Капернаум, местото каде што  Спасителот се насели и започна да проповеда.
Оттогаш почна Исус  да  проповеда и да  говори:  „Покајте  се, зашто  се приближи царството небесно!" (Мат.3.2)
Ги посетивме и синагогите во Галилеа. Таму Исус подучуваше и лекуваше болни.  Во пределот на Десетоградието, нахрани тој четири илјади луѓе и тука  прв пат  човекот го чу совршенството на сите совршенства, пак, изразено во човечки збор за сите  векови,  Беседата на Гората.
Во тие пет дена  бевме  удостоени нашите очи да  ја видат  планината Тавор.  Нејзините стрмнини  пркосеа на  петстотини осумдесет и осум  метри  надморска височина врз рамнината  на Јудејската долина. Тука Исус го покажа чудото, па со пет леба  и две риби нахрани пет  илјади  луѓе.
Следуваше Витанија, Елеонската Гора од каде што Исус со своите ученици стигнал во Гетсиманија, каде  бил предаден на Римјаните.
Не можевме да  поверуваме дека  стоевме на местото каде што нашиот  Господ  Исус Христос  ја
одржа  Тајната Вечера.
Свесно, брзо и сувопарно ви ги набројав светите  места, без  да  навлегувам подлабоко во моите  чувства и чувствата на оние  околу  мене.  А како  може  да  се  објасни она  што  не  може да  се  објасни,  зашто кај  секој  различно се  случува и доживува.
Слушнав гласови на различни јазици. Имаше огромен  број  посетители од  целиот свет.  Некои лежерно  чкрапкаа  со  фото-апаратите,  некои   се воодушевуваа  од  грандиозната   архитектура  на црквите,  некои   безгрижно грицкаа  сендвич   со шунка,  а на оние  кои животот  свој го посветија на Бога, ова веројатно им беше неизмерна  вознесеност  и блаженство на душата.
Кај некои  окото ја создаваше сликата на  она што  го  гледаше однадвор, а кај  другите окото  ја отсликуваше душата  одвнатре, ја  пресликуваше
содржината на срцето.
Сепак, ќе  ми  дозволите  да  ви  ги  пренесам впечатоците од два настана кои  ќе  бидат  тука  во срцето мое сѐ  додека  сум жива.
Во текот на  целиот овој период за кој ви зборував досега,  здравствената  состојба  ми   беше  загрижувачка. Сите болки  што  сум  ги  преживеала  дотогаш во текот  на  целиот мој живот, со сета силина,  жестоко   ме  нападнаа  одненадеж токму таму.
Ете  така, со последните сили  додека сонцето жежеше врз  главите чекоревме по Патот на  болката до Голгота. Пред нас се исправи божествена грандиозна црква, во чија  внатрешност  се издигаше мала црква, а во неа векуваше гробот на нашиот Господ.
Верувам дека  на  поголемиот  дел  од вас им е познато чувството на немир, стравопочит и спокојство   секогаш кога  влегуваат во  црква. Ако  е тоа  така   во  нашата  црква   во  нашиот  град   при средбата со Него,  тогаш знам  дека  ќе сфатите како се чувствуваше целото мое јас при  сознанието кон  Кого  чекорам. Тоа мое јас однадвор  како  да не постоеше. Не значеа ништо  ударите на срцето во слепоочниците, ниту потта што ме капеше, ни- ту солзите што ми го замаглуваа видот...
Времето минато се отсликуваше во патината на надворешните камени зидови на црквата. Влеговме низ големата порта. Лево од неа се простираше огромен хол  накитен со илјадници златни, сребрени свеќници, крстови и што уште  не. Толку многу  сјај одеднаш можеше  до најмали поединости  да  го  анализира  само  рамнодушно  љубопитно  око. Но со нас не  беше  така. Целата група бевме  еуфорично вознемирени, не верувајќи каде нозете чекорат, каде  очите гледаат.
Најнапред водичот нѐ упати десно. Дваесетина тесни  камени скали нѐ водеа  горе  до местото каде  што  беше  поставен крстот. Познатата фигура  на  Господ Исус Христос во  речиси  природна големина  блескаше распната  на  златниот крст, поставен на  вистинското место  каде  што  Богочовекот  беше  распнат пред  токму две  илјади  години. Сѐ што купивме во Ерусалим, иконите, крвчињата,  можевме да ги оставиме и осветиме долу на подножјето на крстот  во оригиналниот отвор.
Луѓето  клечеа,  се  молеа,  ги  ставаа  рацете внатре во позлатениот отвор каде што беше  закован   крстот, а долгата колона немаше  крај. Оддругата страна, паралелно со скалите по кои се качувавме,  беа   поставени   исти   такви   скали  за симнување до местото каде што беше  спуштено телото и беше  извршено  помазанието. Тоа  беше  с иво  црвена мермерна плоча каде  што  исто така се вршеше осветување на предмети.
Се упативме лево  кон  огромниот хол,  целиот во  раскошен  сјај,  како   што  доликува  на  Синот Божји. Всушност, малата црквичка беше  пештерата каде  што бил погребан Исус Христос.  Тесната  врата водеше  до  мал   претпростор.  Од  него, пак, се влегуваше во пештерата која  блескаше во сјајот  што трепереше од здивот на стотиците свеќи  поставени на  златните свеќници, блескаше и од  нетварната светлина која  дишеше наоколу и во нас. Човек  треба да има  храброст да му  поверува  на тој  призор што  го  гледа душата, на  тој бисер,  за  кого  во замена би го дал  целото богатство во пределите на светот.
Димензиите на   светиот  простор   беа   околу два на два метри, на десната страна беше  поставена  плочата врз  која  било поставено телото  на Спасителот на светот. Тоа не беше монолитна плоча, туку две  споени парчиња едно до друго. Централно стоеше раскошен свеќник со три свеќи.  На  горниот  дел,  десно   од  гробот,   икона   од воскреснатиот  Исус, а  над  средишниот  дел   од гробот, ликот Господов исклесан во камен. Дозволено беше одеднаш да влегуваат петмина и да се  задржуваат кратко. За редот вешто  се  грижеа
палестински чувари, стражари на гробот во зелени униформи и со  црвени  фесови на  главите. Тука,  на  таа  плоча  беа  втиснати солзите, молитвите, воздишките на целото човештво низ  вековите. Го прегрнував гробот на мојот Господ, го  прегрнував  воскреснатиот и целиот свет.
Вечерта бев вистински уморна и решена да заспијам. Сепак, нешто ме предомисли, станав од креветот, се упатив до прозорецот, ги тргнав тешките драпери во хотелската соба  на десетиот кат. Глетката буквално ме остави без здив,  панорамата беше ноќна  бајка, како море од светулки и величествени „дворци" што  му даваа  волшебен и таинствен изглед на Ерусалем. Од една  страна, огномет   од  муслимански  симболи,   од  другата христијански, помеѓу нив  украсени ѕидови  на  синагогите со  хебрејски симболи и  знаци.  Нормален  човек пред тој призор само  би се поклонил и би останал во молк.
Сѐ уште  не знам што ме принуди да ја земам камерата  со   желба  да  ја  овековечам глетката. Сликајќи така, изрецитирав  текст кој почнуваше вака:
„Израиле, Израиле..." Понатаму, ниту  на  сон не  ми  доаѓа  да  продолжам  да  го  повторам тоа
што   го   изговорив,  но   тоа   беше   добро   срочен текст, па  дури  и  со  мала  рима,  претходно воопшто неподготвен. Тој содржеше осуда на  Израилот и народот израелски. Ја исклучив камерата и повторно  ја  вклучив  со  намера  да  ја  погледам
снимката. На  мое  изненадување, таа  беше  неуспешна.   Како   под   принуда,  повторно  застанав пред  прозорецот и пак ја повторив истата постапка - текстот и осудата.
 И само  што  самозадоволно ја спуштив камерата, се  случи   ужас!  Верувајте ми,  во  следниот миг  бев слепа! Не  гледав ништо  освен  густ,  сиво-бел чад.  Бев  сама  горе,  па  со талкање се  обидов да го пронајдам мобилниот телефон и да го пови- кам  сопругот. Знаев   дека  тој  е  некаде  тука,  на службен   разговор во  хотелот „Давид".  Шетав   со рацете  по  креветот, но  не  го  најдов.   Се  упатив кон  ѕидот.  Потпирајќи се  на  него,  чекор по чекор  стигнав до вратата на  тоалетот. Ги запалив, па  ги  изгасив светлата, но  не  почувствував  промена. Си реков:  „Ослепев тука  во Светата Земја"! Лизгајќи се  со  грбот  по  ѕидот,  се  спуштив до подот   и  така   клекната  останав сама  уште   околу еден  час.  Сопругот ме најде  во истата положба.
- Што прави  вака  стуткано моето исплашено девојче?
Му го опишував  настанот во детали долго во ноќта.  Не се  согласив да повикаме доктор.  Останав будна,  но без поголем страв.
 Го дочекав утрото   гледајќи го  Ерусалим од истиот прозорец. Се  капеше во сонце.  Сепак остана прашањето до овие  дни! Што се  случи?  Случајно  ли беше?  И ако беше,  што се случи?

 

 

(Продолжува)
* * *
Сите настани и ликови во романов  се апсолутно веродостојни.
Сменети се само  имињата  на некои  ликови

Друго:

Matka.odLit4.jpg

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2537
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная