логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


apostol.Timotej.jpg

ПСИХОЛИГИЈА И ПСИХОПАТОЛОГИЈА
НА ДУХОВНОТО РАКОВОДСТВО


Христијанството е предадено со таква јаснотија, што не постои оправдување за оние коишто не го познаваат.

Св. Игнатиј Брјанчањинов

 

СИНДРОМОТ КОРЕЈША,
или
ДВАЕСЕТ И ШЕСТТЕ МОСКОВСКИ ЛУДАЦИ


Иван Јаковљевич Корејша бил крајно необична личност. Во неговата судбина, како во некоја гротескна форма, се отсликува бедата на многумина целосно воцрковени луѓе, коишто бараат да се поклонуваат на жив пророк и чудотворец. Неизгасливата жед за чудесија ги поттикнува на понижувачки постапки коишто, главно, не соодветствуваат на христијанското учење.
Во 60-тите години на XIX век била објавена интересна книга со наслов „Дваесет и шестте московски лажни пророци, лажни јуродиви и лудаци“.81 Авторот, социологот Иван Прижов, направил портрети на 26 лажни праведници коишто станале почитувани и стекнале наклонетост од нивните современици. Таа книга, очигледно, му била позната и на Ф. М. Достоевски, кој во романот Демони го опишал јуродивиот Семјон Јаковљевич. Еве ги тие редови: „Семјон Јаковљевич беше доста висок, поддуен, жолт во лицето, на возраст од педесет и пет години, плав и ќелав, со ретка коса, избричен, десниот образ му беше потечен, устата некако искривена, имаше голема брадавица до десната ноздра, мали и тесни очи, спокоен, сериозен и заспан израз на лицето.“82 Во описот се забележува нескриен сарказам.
Ќе го наведеме само крајот на сцената на посетата на јуродивиот, опишана од Достоевски.

Една учесничка на „крајно интересна експедиција“ по трет пат со „пискав глас“ го прашува Семјона Јаковљевич:
 Како, Семјон Јаковљевич, зарем нема и мене да ми кажете некоја „изрека“? А јас толку многу сметав на вас.
 Тебе... тебе... тебе... !  наеднаш рече Семјон Јаковљевич, упатувајќи и крајно нецензурирани зборови. Тие зборови ги искажа свирепо и страшно јасно. Нашите госпоѓи вриснаа и истрчаа надвор, а кавалерите прснаа во смеа.83

Понатамошниот расказ за Иван Јаковљевич Корејша ја потврдува претпоставката на некои истражувачи84 дека ликот на „јуродивиот“ во делото на Ф. М. Достоевски е осмислен, пред сè, врз основа на материјалот од книгата на Н. Прижов.
Но, да се вратиме повторно на Иван Јаковљевич, кој повеќе од четириесет години се лечел во Преображенската психијатриска болница.

На ѕидовите од неговата соба се закачени голем број икони, како во некоја црква... Десно во аголот, на подот, лежи Иван Јаковљевич, покриен до половина со покривач. Тој може да оди, но веќе неколку години претпочита да лежи. Сите други болни беа облечени во бели платнени алишта, а облеката на Иван Јаковљевич беше од сив катун. И таа темна боја на облеката, и обичајот на Иван Јаковљевич да ги извршува обврските во кревет: ручек, ужина (јадеше со раце и ги бришеше рацете од облеката)  сето тоа од неговата постела правеше некаква темно-валкана маса, и на човек му беше тешко да се доближи до неа. Иван лежи на грб, со раце положени на градите. Има околу 80 години. Челото му е високо, главата ќелава, лицето некако згмечено. Молчи или речиси и не одговара на прашањата што му ги поставуваат...“85

Како што гледаме, Фјодор Михајлович прилично го облагородил надворешниот изглед на својот Семјон Јаковљевич во споредба со прототипот. Но, од каде дошол тој Иван Јаковљевич и со што го привлекувал вниманието на стотици поклоници?
Потекнувал од семејство на свештеник, учел во семинарија, потоа извесно време во Духовна академија. Откако ненадејно исчезнал, бил пронајден во шума без капа, како гребе по земјата со стап. Луѓето му изградиле колиба и почнале да доаѓаат при него. Неговата слава растела. Но, откако „јуродивиот“ искажал чудни претскажувања, коишто силно повлијаеле на сопругата на еден офицер, овој му ги прекршил нозете. По овој настан, Корејша го сместиле во московскиот Дом за умоболни, во кој престојувал 44 години без да излезе, „пророкувајќи“ им на поклоничките за нивните мажи, пророкувајќи за исцелувања, за мразеви, за суши, за колера и сл.
Принесените дарови Иван Јаковљевич ги „осветувал“ со своите раце и ги раздавал на посетителите. Уживал пророштвата да ги запишува на ливчиња, и притоа нарочно употребувал чкртаници и грчки и латински букви. Неговите претскажувања секогаш биле „загадочни“, дури и без каква и да е смисла. Во нив можело да се препознае сè и сешто, тие можеле да бидат објаснети така што да одговараат на мислите на секој поклоник, и безусловно се остварувале. Поклониците ги закачувале ливчињата на крст, сметајќи дека од нив произлегува исцелителна сила. Други начини на пренесување на „исцелителната сила“ биле следниве: девојчињата ги терал да клекнат до него на колена, и ги вртел лево-десно; постарите жени ги поливал со нечиста вода; им ги подигал фустаните; викал и пцуел, придавајќи му на сето тоа некакво символично значење.
По извесно време престанал да пости, терајќи ги и другите да јадат месо во Великиот пост, мешајќи го во еднородна маса мрсното јадење со други јадења. Нуждата ја вршел во кревет, така што мочта капела од креветот, и служителите морале да фрлаат песок под креветот. Тој песок поклониците го собирале и го носеле дома за лечење од најразлични болести. Многумина доаѓале оддалеку за да купат песок од чуварите. По смртта на јуродивиот, исцелителниот песок почнало да го снемува и неговата цена пораснала. Тогаш досетливите чувари почнале да носат песок од дворот, мокреле на него и потоа го продавале. Но, без оглед на тоа, „исцелителните сили“ на песокта не слабееле.
Погребот на „блажениот“ се претворил во безумие на суеверна толпа. По погребната служба, расплаканата толпа народ се вратила во Преображенската болница и на местото на Иван Јаковљевич „крунисала“ нов лудак, кој брзо се соживеал со улогата и веднаш почнал да дели невешто напишани ливчиња.86
Појавата којашто условно ја нарековме „синдром на Корејша“, подробно ја опишал во своите дела големиот ревнител на чистотата на Православието, св. Игнатиј Брјанчањинов. За самиот Иван Јаковљевич тој се изјаснува мошне неповолно. Светителот забележува дека претскажувањата на московскиот квази-јуродив многу наликувале на резултатите од контакти со зли духови, коишто на јуродивиот му доставувале „празни, телесни информации, коишто ги задоволувале славољубието на пророкот и љубопитноста на плотските луѓе што му се обраќале. Светиот Дух секогаш известува за нешто духовно, душеспасително, суштински нужно, а паднатиот дух секогаш известува за нешто плотско, бидејќи станал  по својот пад во гревовни страсти и во телесност  како лазач“.87
Меѓутоа, со тоа историјата на Корејша не завршува. Пред нас е книгата со наслов „Студент на студените води. Иван Јаковљевич Корејша“, издадена 1996 година од издавачката куќа „Лествица“. Авторот, А. Ф. Киреев, преку зборови на „богобојазливи старици“, го живописува животот и чудесата на блажениот, без каква и да е критичка анализа. Патем кажано, ако ì веруваме на книгата, тогаш во московската Преображенска психијатриска болница, освен Иван Јаковљевич, имало уште неколку собраќа по перо и по збор, коишто претскажувале како преку ливчиња, така и усно. Очигледно е дека појавувањето на таква книга нужно треба да ì се припише на отворената манифестација на бескрупулозноста во духовниот живот.88
Треба да правиме разлика меѓу благодатни исцелувања, дадени како Божја милост, и несомнено лажни исцелувања. Во последниве децении лекарите, особено психијатрите, се заинтересирале за одредени заболувања што се манифестираат на фонот на нервно-психичките растројства. Тие ја навестиле тенденцијата за зближување на психијатријата со соматската („телесната“) медицина. Регистрирани се голем број нервно-психички заболувања коишто се пројавуваат „под маската на телесната слабост“.
Има многу пациенти коишто чукаат на вратите на различни лекари специјалисти, со дијагнози на соматска патологија. Понекогаш вниманието на таквите болни е сосредоточено исклучиво на прашањата за нивното лично здравје. Притоа, таквите болни го прифаќаат измачувачкото чувство на внатрешно душевно растројство, коешто го попречува нормалното живеење, како „физички симптом“.
Треба да се нагласи дека сторениот грев продолжува да живее и да дејствува на нивоата на човековата свест и потсвест, претставувајќи „инородно тело“ за душата.89 Гревот ги нарушува нормалното душевно устројство и хармонијата на естеството, го оддалечува човекот од Бога. Човекот е мошне зависен од поддржувачката благодат и затоа крајно тешко го поднесува тој губиток. Поднесувањето е можно единствено во состојба на некаква хипноза или опиеност. Во таа смисла, ѓаволот можеме да го споредиме со змија која, пред да проголта птица, ја доведува во состојба на транс, гледајќи ја долго време во очите и нишајќи се притоа. Така и во човекот затапува чувството на неправда и тој станува неспособен да ги разликува своите мисли од сомнителните „помисли“. Како последица на тоа, се јавува дисхармонија на психата, а потоа и на телото. Резултат од сето тоа се долготрајни болести, невротични и психички растројства.
Секако, наведената шема не ги опфаќа сите можни причини за заболувања. Постојат луѓе коишто болеста ја носат како крст, како подвиг. Но, за нив тоа е нужно за да го победат гревот во себе. Други добиваат болести за вразумување или за одвраќање од гревот. Меѓутоа (со ретки исклучоци) во сите причини на болести е присутен ѓаволскиот отров кој еднаш смртно го отрул човештвото. 
Типичен услов за појава на различни заболувања е долготрајното дејство на психотрауматизирачките фактори врз човекот, на „ударите на судбината“. Долготрајните преживувања го истоштуваат нервниот систем, што претставува плодна почва за различни патолошки процеси. Големите напори на подвижниците, на светите луѓе, преоптоварувањата поврзани со телесните подвизи, не само што резултирале со телесни заболувања, туку и со нервни растројства.90 Но, кај луѓе со длабоки внатрешни проблеми, присутни се специфични типови психички реакции. Сите тие проблеми најчесто се засновани на хипертрофираното самољубие, на пасивниот однос спрема сопствените духовни проблеми, на стремежот да се обвинуваат други за своите сопствени проблеми. Овој феномен е познат во психологијата под називот „проекција“.
Во други случаи дејствува механизмот на истиснување кој, на пр., кај хистероидните личности диктира особен вид прилагодување на околната реалност.
Нема ништо необично во тоа што во опишаните услови хистеричните личности се исцелуваат од болеста. По правило, нивните заболувања имаат психосоматска природа и претставуваат своевидна заштита од околниот свет, начин да се предизвика сожалување и сочувство.
Хистеричните заболувања имаат редица карактеристични својства. Можат да се забележат најразлични симптоми, сè до напади на „епилепсија“ и „парализа“, коишто дури и искусните невропатолози не можат секогаш да ги разликуваат од вистинските.
Само типичните личносни квалитети можат да наведат на помисла дека пред нас е случај на манифестација на нервно растројство. На пример, во карактерните растројства на опишаниот тип луѓе обично се отсликуваат претставите на болниот за некакво телесно страдање. „Својата претстава тој настојува и да ја реализира“.91 Пациентите, притоа, се апсолутно убедени дека се заболени од сериозна болест.
Друга специфична црта на слични заболувања е  демонстративноста и особеноста. Дури и „нападите на епилепсија“ настапуваат само во присуство на поголем број луѓе и практично никогаш не се проследени со гризнување на јазикот или со други повреди. 
Затоа и „исцелувањето“ на таквите заболувања најчесто се случува во услови на напрегнато исчекување на чудо, при напрегнато внимание на присутните.
Во таквите случаи поразува токму евангелската неочекуваност и моменталноста на оздравувањето. Притоа, душевното и, уште повеќе, духовното устројство на тие луѓе не се менува. Но, без оглед на тоа, сличните „чуда“ силно го зацврстуваат авторитетот на лажните пророци и лажните старци и привлекуваат кон нив сè повеќе нови страдалници. Тие чуда, како што укажува св. Игнатиј, „немаат никаква добра, разумна цел, никакво определено значење, туѓи ì се на вистината, преисполнети се со лаги, тие се  злобно актерство лишено од смисла, актерство коешто принудува на восхит, коешто измамамува, соблазнува, доведува до недоумица и самозаборав, воодушевува со обземеност од раскошен, празен, глупав ефект“.92
Притоа, оној што сака да исцелува е во очигледна заблуда, сметајќи ги чудата, претскажувањата и пророштвата за нешто обично и често. Многугодишните молења за оздравување, постојаните посети на старците и на светите места, кај народот што верува во сето тоа не предизвикуваат ниту трошка негодување. Но, „да се искушува Бог, да се нарушува побожноста спрема Него, се забранува во секој случај; се дозволува да се бара Божја помош само во крајна нужда, кога човекот ќе ги исцрпи сопствените средства за да го реши проблемот.“93
Кога здравомислечки парохиски свештеник го советува нашиот „болен“ да го промени образот на мислите, да почне со самообвинување и со неосудување други, да твори дела на љубов и на смирение, наидува на агресивно неразбирање.
 Тоа не е тоа... Тој е световен поп... Мене ми е потребен старец кој ќе ми даде „духовна таблета“, и сè ќе биде како што треба!  расудува нашиот страдалник.
Резултатот од сето тоа е поробување на душата со суетна грижа за безусловно оздравување. Притоа, човекот се обраќа на сличен на себе, на заблуден, на човек кој само се претставува како „исцелител на духовни и на телесни страдања“. „Плотското умување болеста ја смета за несреќа, а исцелувањето од неа, особено ако се работи за чудесно исцелување, го смета за величествена среќа, и малку се грижи за тоа дали исцелувањето е полезно за душата, или е штетно за нас“  ја покажува св. Игнатиј духовната опачина на таквите стремежи.94
Истото може да се каже и за претскажувањата, за знаменијата и за виденијата од сличен вид. Свештеникот е должен да биде духовно доволно подготвен за да ја огради паствата од искушенијата што доаѓаат од чудесијата и од знаменијата. „Оти има и мнозина непокорни, празнословци и измамници, а особено меѓу обрезаните, на кои треба да им се затвори устата: тие растураат цели домови учејќи на она што не треба, поради одвратна печалба“ (Тит 1:10-11).

 

(Продолжува)


ОГЛЕДИ ОД СОВРЕМЕНА  ЦРКОВНА ПСИХОЛОГИЈА

А. С, Бочаров, А. В. Чернишев

 Издавач : Преминпортал

(Превел од руски: Михајловиќ С. Драган)

 

ПРЕДГОВОР

Да се каже дека живееме во сложено време значи  ништо да не се каже. Според зборовите на блажениот Августин, ние сме времиња. Имено, од нас зависи какво ќе биде нашето време. Но, сепак, не можеме а да не забележиме дека односот на Црквата спрема современиот свет е мошне сложен. Макар што е модерно во информативните медиуми грубо да се напаѓа Православието, гледиштата на нашите сонародници, макар што самите тие не се секогаш свесни за тоа, сепак се свртени кон Православната Црква. И макар што христијаните не се секогаш издигнати на доволно високо ниво, „Исус Христос е ист вчера, и денес и во веки“ (Евреите 13:8), а Црквата била и ќе биде Столб и Тврдина на Вистината (1 Тимотеј 3:15).

Повод за пишување на оваа книга е пријателството со еден виден човек кој во почетокот на својот црковен живот ја поминал „школата“ на служење како „младостарец“. Тој се заинтересирал за анализата на односот на луѓето, коишто пристапуваат кон Црквата, спрема многубројните феномени со коишто се среќаваат на тој пат. Резултатот на извршената анализа е мало психолошко истражување коешто ги одразува „сломовите на душата“ на современите православни верници. Ние се обидовме да ја истакнеме мислата дека Црквата е чиста и непорочна, и дека не треба да се поистоветуваат гревовите и проблемите на нејзините членови со некакво „разградување“ на Црквата. Затоа не треба да нè чуди што во гледиштата изнесени во оваа книга има толку многу описи на негативните карактеристики на луѓето коишто пристапуваат кон Црквата. Тоа воопшто не е проблем на самото Православие. Црквата е мајка, лекар, духовна тврдина кон која прибегнуваат оние што имаат потреба од исцелување. За луѓе со суштински проблеми и со аномалии во душевната сфера, само Православната Црква може да им даде сè што е неопходно за духот, без оглед на многубројните слабости на нејзините членови.

Гледано од страна, луѓе со различни отклонувања многу почесто се среќаваат во православната средина отколку во другите христијански конфесии. Таквото тврдење е само делумно точно. Зашто, каде на друго место ќе сретнеш толку многу духовно здрави луѓе? Каде на друго место сме виделе да се пројавува дејствувањето на вистинските благодатни дарови? Истовремено, се чувствува потреба да се постави прашањето: а каде на друго место треба да појде болниот, ако не во болница? „Денес во светот има мошне многу душевно болни луѓе. И особено многу ги има во Црквата“  смета протојерејот Владимир Воробјов.

Но, на оваа појава може да се гледа и од друг аспект. Се работи за тоа дека семожните патопсихолошки феномени се во разногласие со духот на Православието и јасно се видливи на неговиот фон. Навистина, карактеристично за Православната Црква е што таа јасно ги расветлува недостатоците и дисхармоничните црти на личноста. Како здрава средина, Православието не може да поддржува и да одгледува во себе каква и да е патологија.
За нас е очигледно дека Православието во целост го запазило вистинското Христово учење и дека претставува најздраво општество. Затоа, имено, во него  и никаде на друго место  јасно се забележуваат сите човечки слабости, меѓу кои и душевните, од кои произлегуваат пороците и телесните страдања (психосоматика).

И уште една теориска премиса од која тргнавме. Разгледувајќи ги акцентуациите и, воопшто, аномалиите на личностите, можеме да истакнеме два важни момента.
Како прво, сите тие се развиваат врз основа на одредени гревовни страсти, растат според мерата на нивното продлабочување и се намалуваат според мерата на борбата со нив.
Како второ, сите аномални црти имаат механизми на заштита од нападите на совеста и на чувството за покајание. А таа заштита не може лесно да се совлада. Тука спаѓаат сублимацијата, истиснувањето, проекцијата  нешта коишто не ги разбираме во смисла на фројдовската психоанализа, туку како психопатолошки механизми коишто овозможуваат да ја избегнеме духовната работа.

И така, Православната Црква ја има полнотата на благодатта којашто го храни човековиот дух. Меѓутоа, работите се посложени кога е во прашање организацијата на душевниот живот, зашто таа сфера директно зависи од оние луѓе коишто ја сочинуваат заедницата, парохијата, од личноста на духовникот.

Во процесот на пишувањето, оваа книга стана поопширна одошто планиравме. Во неа ги додадовме поглавјата за алкохолизмот и за психологијата на болеста. За жал, денес кај нас има многу малку целосни, завршени трудови од областа на православната психологија. Затоа и нашиот труд, кој ни најмалку не претендира на сеопфатност и на непогрешност, ги повикува читателите на размислување, па дури и на полемика.
Кратките поглавја „Ако заминуваш  заминувај“, „Пијанството и алкохолизмот“, „Гласот на песимистот“, „Психологија и психопатологија на духовното раководство“ и „Некои аномалии на личноста од гледна точка на православната психологија“, коишто влегоа во оваа книга, се посветени на анализата на дисхармоничните црти на личноста, со цел да се помогне во понатамошниот избор на правилен пат и на правилни средства за исправање на состојбите.

Описите на растројствата на личноста ги наведуваме како според одделните симптоми, така и според крупните синдроми, користејќи ги термините „хистероиден“, „параноиден“ или „депресивен“ тип на карактерот. Но, во практиката ретко се среќаваат апсолутно чисти типови. Најчесто во секој од нас, во чудни комбинации, се помешани аномалните и вредните својства, така што можеме да воскликнеме заедно со св. Теофан Затворник: „Еве ред во гревовната сфера! Секој грешник е целиот во неа, но главно се фаќа за еден грев!“Не треба да се заборави и на заострените црти на карактерот кои се резултат на одредени ситуации. Така, научник што работи на нова статија може со месеци да остане заглавен во својата тема, претставувајќи на тој начин упорна личност. Човек што претрпел тежок губиток може долго време да пројавува црти на депресивна личност, и сл.
Прашањето за тоа што се смета за норма, а што за патологија, секогаш било мошне сложено. Методолошкиот арсенал на православниот психолог е збогатен со такви јасни аскетски поими како што се грев, страст, гревовни навики и сл. Тоа знаење го става во поповолна положба во споредба со световните научници, коишто не ги разграничиле нормата и патологијата. Да се потсетиме дека во современото општество постои тенденција психичкото растројство да се смета како некаква варијанта на нормата, со тоа што таа не е применлива на доминантен општествен стереотип. 

Уште една премиса од којашто тргнавме. Еден од важните поими во Православието е преобразбата  не претворањето, туку одухотворувањето, возвишувањето, облагородувањето на сè што е природно, на сите нешта што се во човекот, меѓу другото и на неговите душевни сили. Ова пресудно влијаело врз утврдувањето на насловот на книгата.

Како автори, не направивме ниту најмал обид да ги класифицираме аномалиите користејќи се со веќе познати термини и поими. Не си го поставивме како цел ниту описот на сите можни патокарактеролошки феномени. Темите на нашите поглавја се ограничени на проблемите на патопсихологијата во контекстот на православниот поглед на душевниот живот на човекот. Тоа се нафрлени анализи на портрети на аномалните, невротичните, акцентуираните „стилови“  на егзистирање во ентериерот на црковниот начин на живеење, напишани со перото на православен психолог.

Меѓу задачите на оваа книга е и утврдувањето како се формираат одредени акцентуирани карактери, како личностите со таков карактер дејствуваат во условите што владеат во црковната заедница, со какви тешкотии се среќаваат, кои се патиштата на хармонизацијата на личноста и на преобразувањето на душата.

Во сферата на нашето интересирање најчесто влегуваа акцентуирани личности . Ние се обидувавме да ја разгледаме врската на акцентуацијата со гревовните навики, не заборавајќи дека и „здравиот“ човек може да биде голем грешник, без притоа да покажува знаци на растревоженост или грижа на совеста. Од друга страна, човек со сериозно нарушено психичко здравје може да биде значително почист и подлабок од т.н. просечен, „нормален“ човек.

Авторите воопшто не претендираат на оригиналност и на систематичност на излагањето. Оваа книга попрво претставува збирка огледи, обединети во една општа идеја. Освен тоа, ние намерно не го упростувавме материјалот, зашто за длабоките појави најдобро може да се зборува на јазикот на професионалниот психолог. Се смета дека е полезно секој човек, којшто се интересира за православната психологија, да влезе во светот на најдобрите достигнувања на психолошката наука. Од друга страна, сите психолошки феномени се разгледуваат во книгава од гледна точка на православната антропологија, затоа во текстот има толку многу повикувања на богословски текстови. Соодветно, оваа книга е наменета за луѓе коишто размислуваат и творат.

 +++

 а. Антипсихијатриска струја во 60-70-тите години во Западна Европа и во САД, а во почетокот на 90-тите години и во Русија.
 б. Поимот „стил на личноста“ е авторски термин на современиот психотерапевт Д. Шапиро.
ц.Термин предложен од страна на германскиот психијатар Karin Leonhard.


Друго:

apostol.Timotej.jpg

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: АКО ЗАМИНУВАШ - ЗАМИНУВАЈ

apostol.Timotej.jpg

http://preminportal.com.mk/content/view/5879/54/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2536
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная