логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


За послушанието – Игумен Гаврил

“Во една прилика четворица Скитјани, облечени во кожа, го посетиле Великиот Памво и секој раскажал за добродетелите на својот собрат. Едниот многу постел, другиот жеивеел во сиромаштво, третиот имал многу љубов, а за четвртиот велат дека дваесет години е послушник на својот Старец. Им одговорил Памво: ’Ви велам дека доблеста на последниот е најголема. Зашто секој од вас со својата волја ја задржал доблеста што ја стекнал, а овој, бидејќи ја отсекол својата волја, прави по волјата на другиот. Таквите луѓе биваат исповедници, ако издржат до крај“.9

Знаејќи го тоа и Авва Мојсеј советува да го бараме послушанието. А послушанието е: – “совршено откажување од својата душа докажано со посредство на телесни дејствија и дејствие без расудување“10, какво што покажува Авва Јован Колов кога неговиот Старец го зел својот сув стап и го забил во сувиот песок, велејќи му: “секој ден полевај го ова дрво со чаша вода додека не донесе плод“. И Аввата секој ден одел до најблискот извор, излегувајќи наутро, а враќајќи се навечер, и го полевал дрвото. И, навистина, по три години тоа донело плод, “плодот на послушанието“.11

-“гроб на својата волја и воскресение на смирението“12 покажано преку примерот со Авва Сисој, кога овој, гледајќи го послушанието на Авва Атр, го запрашал каде го пронашол. А овој смирено му одговорил: “не е мое, туку намојот Старец (Ор)“. Покажувајќи му го послушанието на Старецот, зел две риби, едната ја расипал, а другата многу добро ја испржил, и му ја принел прво полошата, влејќи му:

-Добра ли е Старче?

-Добра е, многу е добра – одговорил овој.

Потоа му ја принел и подобрата и му рекол:

-Оваа ја расипав Старче!

-Да, малку си ја расипал –одговорил овој.13

-“непротивречење и нерасудување ниту во доброто ниту во привидно лошото, зашто одговорноста за се ја зема духовниот Отец“14, како што му направил авва Јосиф на еден брат, кога му рекол да јаде во петок наутро. Братот многу се збунил и не знаел како да постапи. Тогаш Авва Јосиф му кажал дека: “отците во почетокот не го кажуваат тоа што е погрешно, а ако видат дека тие (послушниците) го прават тоа што е погрешно, знаејќи дека тие во се се послушни.15 Така Авва Муис, за да го искуша и неговиот послушник Авва Саиј, му заповедал: “Оди и укради го тоа“, а Авва Саиј од послушание одел и крадел од своите браќа, благодарејќи на Бога за се.16

-воздржување од расудување дури и при богатство на расудливост“17, како во случајот со Авва Захариј кој имал видение од Бога, а неговиот Старец и телесен татко Авва Корониј, кој бил попрактичен и не многу темелен во тие работи, му рекол дека видението е од демонот. Но Авва Пимен и му го раскажал случајот. Тогаш овој расудливо му кажал: “Видението е од Бога, но сепак оди и покори му се на својот татко“18.

-уште послушанието е: “доброволна смрт, живот туѓ на љубопитство, безгрижна чедност, неподготвувано оправдание пред Бога, без страв од смртта, патување во сон“19, “отфрлање на лицемериeто и сопствената желба“20

  Послушник е оној кој со тело стои пред луѓето, а со умот удира во небесата преку молитва, или поетски од Лествичник речено: “Со едната нога подготвена за служење, а со другата неподвижно на молитва“21

  Демонот се труди телесно да го оскверни послушникот, го прави жестокосрдечен, го одбива од послушание, го прави прекумерно безспокоен, сув, безплоден, мрзлив за молитва, сонлив и помрачен, за да помисли дека нема никаква полза од послушанието, дури и да отстапи од него, па и од сиот подвиг. Зашто тој не му дозволува на послушаникот да сфати дека промислителното одземање од нас, на тоа што ни изгледа како добро, бива повод за најдлабоко смирение. А на оние, пак, кои достигнале некое совршенство под раководство на Старец, им внушува во умот дека се веќе духовно зрели и способни за безмолвие, или пак да се вратат во светот како ‘спасители’. Гордоста и неисповедувањето, па дури и на привидно незначајните помисли, претставуваат голема опасност за послушникот, а најголемата од сите во која се собрани сите предходно наведени, се нарекува своеволие.

  На првиот степен од духовниот раст, послушникот поднесува голема скрб, самонасилие и крваво самопринудување. Првиот знак за заздравувањето е самоосудувањето или спознавањето на својата сопствена слабост и немоќ. На вториот степен веќе не ја чувствува скрбта и доаѓа на некој повисок степен и заради вложениот труд очекува награда од Бога, да потоа со умот слегува адот на смирението, сметајќи се себеси за непотребен и недостоен за сите и за се, а особено за Бога.

  А да се дојде до целта е потребно постојаност во подвигот и неизоставно совршено безрасудно послушание кај опитен Старец, избран според својствата на нашите сопствени страсти. Чист образец на претходно кажаното наоѓаме во житието на Авва Јован Колов, кој добил помисла да води безгрижен ангелски живот и така да го слави Бога. Паднал на помислата и заминал сам во пустината. Но по една седмица се вратил, си избрал духовник и се предал на послушание според нормите што ти наведува Авва Јован Лествичник: простота, трпение, незлобие, спокојно поднесување на навреди, укори, исмејување и ругање, секаков вид безчестење, па дури и физичко тепање, од страна на духовникот, ближниот или непријателот, а од себе засрамување, што во душата на послушникот се горчливи како пелин, но и ја очистуваат од страстите.

  Водејќи здрав монашки живот во послушание, скрушение, бдеење над срцето, самоунижување, воздржување на умот и телото, духовно безмолвие, рамнодушност кон надворешноста, кроток јазик, целомудрие, сеќавање на смртта, ставајќи ја совеста како огледало на послушанието, послушникот ја прави својата совест чиста и мирна и далечна од секаков страв, па и од смртта.

  Исполнет со радост и љубов, од Бога бива обдарен со даровите што Он Му ги има подготвено за следењето на овој пат: смирение, од смирението расудување, од расудувањето распознавање, до дарот на прозорливост и совршената безстрасност.


*Текстот е извадок од дипломската работа на о. Гаврил на Теолошкиот Факултет свети Климент Охридски во Скопје, 2000 г.

 

23.06.2012

Извор: Манастир на св. Прохор Пчински, Донибрук, Австралија


 

 

 Obedience – Abbot Gavril
  

         In one occasion, four monks who lived in a skete, dressed in animal skin, visited Great Pamvo and all of them talked about the good deeds of their brothers. The first one used to fast a lot, the second one lived in great poverty, the third one had a lot of love, and the fourth one they said was twelve years obedient to his Elder. Pamvo answered to them: ”I say to you that the good deed of the last one is the biggest one. Since all the rest of you achieved what you wanted through your own will, and the last one, since he cut off his will, does everything according to the will of another one. Such people become confessors, if they endure to the end”.

         Knowing the same Abba Moses advises us to look for obedience. And the obedience is: “a perfect renunciation of our soul proven with physical deeds and deeds without reasonableness”, the way Abba John Kolov says, when his Elder took his dry cane and stick it in the dry sand saying: “Water this wood every day with a glass of water until it bears fruit”. And the Abba used to go to the nearest spring every day, rising early in the morning and coming back at night, watering the wood. And it truly bore fruit after three years, “the fruit of obedience”.


         “A tomb of our own will and the resurrection of humbleness” is shown through the example of Abba Sisoi, when he, looking at the obedience of Abba Atr, asked him where he found it. And he humbly answered to him: “It (the obedience) is not mine but my Elder’s (Or’s)”. Showing him the obedience towards his Elder, he took two fish, he ruined the first one, and fried the second one very well, and he gave the first on to him first, saying:

         “Is it good Father?”

         “It is good, very good”, he said.

Then he gave him the second one and told him:

         “I ruined this one Father!

         “Yes you ruined it a bit”, said the father.


         “Not contradicting others and being faint-hearted in what is good and what is seemingly bad, since the responsibility falls on the spiritual father”, the way Abba Joseph did to one of the brothers, when he told him to eat on Friday morning. The brother was greatly confused and didn’t know what to do. Then Abba Joseph told him that at the beginning the fathers do not say what is wrong, and when they see that the monks do the things which are wrong, they know that they are obedient ones. In the same way Abba Muis, in order to tempt his novice Abba Sai, he used to order him to go and steal, and Abba Sai in obedience used to go and steal from his brothers, thanking God for everything.


         “Refrain from judging even in abundance of reasonableness”, as in the case of Abba Zachary who had a vision from God, and his Elder and biological father Abba Koronij, who was more practical than him and not very thorough in those thing, told him that the vision was from the demon. But he went to Abba Pimen and told him about the case. The later reasonably told him:”The vision is from God, however you should now go and obey your father”.


         The obedience is also: “a voluntary death, a life which doesn’t know curiosity, endless modesty, unprepared excuse in front of God, fearless death, travelling in dream”, “repelling hypocrisy and our own will”.

         A novice is the one who with his body stands in front of people and with his mind beats the heavens through prayer, or poetically John Climacus says that: “Prepared with one leg to serve, and with the other one to pray immovably”.


         The demon strives to physically desecrate the novice, making him stubborn, rejecting the obedience, excessively restless, cold, fruitless, lazy for prayer, sleepy and dark, to start thinking that there is no use in the obedience, even to give it up, to give up the whole exploit. He doesn’t allow the novice to understand that the pondered taking away of what seems good to us becomes the reason for the deepest humility. And for those who achieved some perfection under the guidance of an Elder, the demon suggests to their minds that they are already spiritually mature and able to practice speechlessness, or to go back to the world as ‘saviours’. Pride and not confessing the sins, even those thoughts that seem unimportant, can be a great danger for the novice, and the biggest of all previously mentioned is called willfulness.

         At the first level of spiritual growth, the novice endures a great grief, self-violence and a very difficult self-forcing. The first sign of healing is self-condemnation and realizing his own weakness and helplessness. At the second level, he doesn’t feel the grief any more and reaches a higher degree, and because of the effort made he expects a prize from God, so that later he descends with his mind into the hell of humility, reckoning himself unnecessary and unworthy of all and of everything, especially God.

         And to reach the goal, you need constancy in the exploit and an obligatory, perfect and imprudent obedience to an experienced Elder, chosen according to the characteristics of our own passions. A pure example of everything said before we can find in the life of Abba John Kolov, who received the providence to lead an untroubled angelic life and praise God in that way. He accepted the thought and went to the desert alone. But after a week he came back, he chose a spiritual father and devoted himself to the obedience according to the rules that Abba John Climacus quotes: simplicity, endurance, goodness, a calm withstanding of insults, reprimands and scorning, any type of dishonouring, even beating from the spiritual father, the close ones or the enemy, and on the other hand being ashamed from yourself, which things are bitter for the soul of the novice, but purify if from the passions.

         Leading a healthy monastic life in obedience, grief, watch over the heart, self-humiliation, restraining the mind and the body, spiritual silence, indifference towards the outside world, gentle tongue, virginity, the memory of death, putting the conscience as the mirror of obedience, the novice makes his conscience pure and calm and far from any fear, even the fear of death.

         Filled with joy and love, he becomes presented from God with the gifts which He has prepared for those following this road: humbleness, reasonableness out of humility, good recognition out of reasonableness, until the gift of clear-sightedness and the perfect state of being passionless.


* The text is an excerpt from the graduation work of Fr. Gabriel at the TheologicalFaculty of St. Kliment Ohridski in Skopje in 2000

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная