Еден рибар превезувал со чамецот некој човек.
Патникот го брзал рибарот:
– Побрзо, доцнам на работа!
И тогаш, видел дека на едното весло е напишано „моли се“, а на другото „работи“.
– Зошто ти е тоа? – го прашал тој.
– За да се сеќавам – одговорил рибарот. – За да не заборавам, дека треба и да се молам и да работам.
– За работа, јасно е, сите треба да работиме, ама молитва – човекот одмавнал со раката – тоа не мора. Никому тоа не му треба, зошто да трошиме време на молитва.
– Не треба? – препрашал рибарот и го извадил од водата веслото со натпис „моли се“, а самиот, продолжил да весла со едното весто. Чамецот почнал да се врти во круг.
Ете, гледаш штое трудот без молитвата. На едно место кружиме и воопшто не се движиме напред. Оттаму е јасно: за успешно да пловиме низ бурното животно море, треба силно да ги држиме во рацете двете весла: молитвата и трудот.
Извор: Преспанско- пелагониска епархија