логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.Apostol.Juda.jpg

Светиот апостол Јуда    

Еден од Дванаесеттемина. Син на Јосиф и Салома (но не Саломија Витлеемска), а брат на Јаков, братот Господов. Со Салома, ќерката на Ангеј (син Варахиин, Захариев), Јосиф дрводелецот имаше четири сина: Јаков, Јосија, Симон и Јуда. Овој Јуда понекогаш се нарекува и Јуда Јаковов, по брат му Јаков, којшто е попрочуен од него. Своето послание Свети Јуда го почнува вака: „Од Јуда, слуга на Исуса Христа, брат Јаковов.“ Иако и тој можеше да се нарекува брат Господов колку и Јаков, тој тоа не го правеше од смирение и срам, зашто во почетокот не Му веруваше на Господ Христос; и кога старецот Јосиф пред смртта сакаше да му даде дел од имотот и на Исус како на сите свои деца, сите па и Јуда, се спротивставија на тоа, освен Јаков, којшто драговолно одвои дел од својот имот и го намени за Исус.

Јуда уште го нарекуваат и Левиј и Тадеј. Има уште еден Тадеј, од Седумдесеттемина апостоли (21 август), но овој Тадеј или Јуда когошто Црквата го слави на денешен ден беше еден од големите апостоли. Го проповедаше Евангелието по Јудеја, Самарија, Галилеја, Идумеја, Сирија, Арабија, Месопотамија и Ерменија. Во Едеса, градот на Авгар, ја дополни проповедта на оној другиот Тадеј. Кога проповедаше во пределите околу Арарат, го фатија незнабожците, го распнаа на крст и го убија со стрели, за вечно да царува во Царството Христово.

Преподобен Паисиј Велики    

sv.Pajsij.Veliki.jpgМисирец по раѓање и јазик. После едно видение во сон, мајка му го заветуваше да Му служи на Бога. Како момче дојде кај преподобен Памво, а овој го прими за ученик и соученик на преподобниот Јован Колов, којшто и го опиша житието на Паисиј. На голема радост на својот духовен отец, Паисиј најусрдно се трудеше, додавајќи подвиг врз подвиг. Повеќепати му се јавуваше Пророкот Еремија, кого што тој особено го сакаше и почесто го читаше; често му се јавуваа и ангели Божји, па и Самиот Господ Христос. „Мир на тебе, возљубен Мој угоднику!“, му рекол Господ Исус Христос.

Со голема благодат од Бога, Паисиј имаше голем дар да се воздржува од јадење. Често не вкусуваше леб по петнаесет дена, уште почесто по една недела, а еднаш, според сведоштвото на Јован Колов, седумдесет дена помина не вкусувајќи ништо. Имаше голема борба со духовите на злобата, коишто некогаш му се јавуваа такви какви што се, а некогаш во вид на светли ангели.

 Но благодатниот слуга Божји никогаш не даде да се прелаже и не се опрелести. Беше проѕорлив и во сиот Мисир прочуен по чудотворството. Во вечноста се пресели во 400 година. Преподобен Исидор Пелусиот ги пренесе неговите мошти во својата обител и чесно ги погреба.

 

 

 

 

Светиот маченик Зосим     02/07/2019

Римски војник во времето на царот Трајан. Храбро ја исповедаше својата вера во Господ Исус Христос, за што претрпе тешки маки. Сред мачењето слушна глас од небото: „Држи се, Зосиме и крсти се. Јас сум со тебе!“ Во затворот му се јавуваа ангели Божји. После мачењата беше расечен со секира, во 116 година.

 Преподобен Јован Отшелник

Се подвизувал во 6 век близу Ерусалим. Со подвигот доспеа до голем степен на чистота и сила, па и ѕверовите му се покоруваа. Се упокои во Господа во длабока старост, 586 година.

Евангелие и поука за 02/07/2020
 
Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Јован 14:21-24

21.     Кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној што Ме љуби; а кој Ме љуби Мене, возљубен ќе биде од Мојот Отец; и Јас ќе го возљубам, и ќе му се јавам Сам.”
22.     Му рече Јуда, не Искариот: „Господи, што е тоа дека сакаш нам да ни се јавиш, а не на светот?”
23.     Исус одговори и му рече: „Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме при него и живеалиште во него ќе направиме.
24.     Кој не Ме љуби, не го запазува словото Мое; а словото, што го слушате, не е Мое, туку на Мојот Отец, Кој Ме прати.

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 11:27-30

27.     Сe ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.
28.     Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам;
29.     земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши;
30.     зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно.”

Апостол на празник: Соборно послание на светиот апостол Јуда 1:1-10

1.     Од Јуда, слугата на Исуса Христа, а брат на Јакова – до призваните, осветени во Бога Отецот и запазени од Исуса Христа.
2.     Милоста, мирот и љубовта да ви се умножат!
3.     Возљубени, грижејќи се постојано, да ви пишувам за вашето општо спасение, најдов за добро да ви напишам и да ве помолам – да се борите за вистинската вера, која им е дадена на светиите еднаш засекогаш,
4.     зашто се вовлекоа некои луѓе, чија осуда е одамна определена, безбожници, што ја обрнуваат благодатта Божја во нечистотијата и се одречуваат од Единиот Господар Бог и Господ наш Исус Христос.
5.     Сакам да ви напомнам, иако ова веќе го знаете, дека Господ, откако го избави народот од Египетската земја, ги погуби потоа оние, што не веруваа;
6.     ангелите, пак, што не се покоруваа на своето началство, и го напуштија своето живеалиште, ги стави во вечни окови, во мрак за суд на великиот ден.
7.     Како што Содом и Гомор и околните градови, што блудствуваа и на ист начин како и тие налетуваа и на друга плот, станаа пример со тоа што беа накажани со вечен оган.
8.     Исто така ќе стане и со оние, кои ја осквернуваат плотта, ги презираат началниците и достоинството на власта.
9.     А Архангел Михаил, кога се препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече: „Господ да ти забрани!”
10.     А овие хулат на она, што не го знаат, а во она, што го знаат во природа како неразумно животно, во него се распаѓаат.

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 11:13-24

13.     Вам, на незнабошците, ви велам: до колку сум апостол на незнабошците, јас ја прославувам својата служба,
14.     та некако да возбудам ревност во својот род по плот, и некого од нив да спасам.
15.     Зашто, ако нивното отфрлање е спасение за светот, тоа какво ли ќе биде нивното примање, ако не воскресение од мртвите?
16.     Кога е квасот свет, тогаш свето е и тестото: и ако е коренот свет, свети се и гранките.
17.     Ако, пак, некои од гранките се отцепиле, а ти, бидејќи дива маслинка, си се накалемил на нивното место и си станал соучесник на коренот и на маслиновиот сок,
18.     затоа не фали се пред гранките. Ако, пак, се фалиш, знај дека ти не го држиш коренот, туку коренот – тебе.
19.     Но ќе речеш: се отцепија гранките, за да се прикалемам јас.
20.     Добро. Тие преку неверие се отцепија, а ти преку вера се држиш: не мисли за себе високо, туку имај страв.
21.     Зашто, ако Бог не ги поштедил природните гранки, гледај та и тебе да не те поштеди.
22.     Гледај ја, пак, Божјата благост и строгост: строгост кон отпаднатите, а благост кон тебе, ако останеш во благоста; инаку, ти ќе бидеш отсечен.
23.     Но, тие, ако не останат во неверието, ќе бидат прикалемени, оти Бог е моќен пак да ги прикалеми.
24.     Зашто, ако си ти отсечен од природна дива маслинка, и против природата си прикалемен на питома маслинка, тоа тогаш колку полесно оние, природните, ќе бидат прикалемени на својата маслинка.

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Делото на Исусовата молитва не трае два или три дена, туку цел еден долг временски период и многу години“, забележува Свети Јован Златоуст, бидејќи потребни се многу борба и време за да се истера ѓаволот и Христос да го заземе Своето престојувалиште. Значи, посветете се на молитвата и чекајте додека Господ Бог не ве помилува. Не барајте ништо, освен милоста на Господ на славата и барајте ја смирено и со скрушено срце. Плачете од утрото до вечерта, а ако е можно и во текот на ноќта: „Господи Исусе Христе, помилуј ме!“ Сe до својата смрт присилувајте го умот на ова дело.

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Молитвата е човековиот разговор со Бог. Оној што се моли со скрушен и смирен дух, исполнет е со Божествени дарови и со блаженства - со радост, олеснување, мир, утеха и просветлување, така што и самиот станува блажен. Молитвата е двоостар меч што го отсекува очајанието, спасува од опасности, ја ублажува тегобноста, итн. Молитвата е превентивен лек за сите болести на телото и на душата.

Старец Ефрем Филотејски

Зачестеноста на молитвата е единствен начин да се досегне вистинската и чиста молитва.

 

  
Holy Apostle Jude


Saint Jude was one of the Twelve Apostles. He was the son of Joseph and Salome and the brother of James, the brother of the Lord. With Salome, the daughter of Angeja the son of Varahina, the brother of Zacharias, Joseph the carpenter had four sons: James, Hosea, Simon and Jude. This Jude is sometimes called: "Jude, the brother of James" because of his more famous brother (St. Luke 6:16 Acts 1:14). St. Jude begins his epistle in this manner: "Jude, the servant of Jesus Christ and the brother of James". (St. Jude 1:1). Even though he could be called the brother of the Lord as much as James, he did not do this out of humility and shame for, in the beginning, he did not believe Christ the Lord. When the elder Joseph, before his death, wanted to leave a portion of his estate to Jesus as well as to his other children, all of them protested this, even Jude, only James voluntarily set aside a share of his portion and intended it for Jesus. Jude is also called Levi and Thaddeaus. There is another Thaddeaus of the Seventy Apostles (August 21) but this Thaddeaus or Jude was one of the Great Apostles. Jude preached the Gospel throughout Judea, Samaria, Galilee, Idumedia, Syria, Arabia, Mesopotamia and Armenia. In Edessa, the town of Abgar, he augmented the preaching of the other Thaddeaus. When Jude preached throughout the regions around Ararat he was captured by pagans, crucified on a cross and killed by being shot throughout with arrows to eternally reign in the Kingdom of Christ.


Venerable Paisius the Great


Paisius was an Egyptian by birth and nationality. After a vision in a dream, his mother dedicated him to the service of God. As a young man, Paisius came to the Venerable Pambo who received him as his disciple and he was a co-disciple of Venerable John Kolovos (The Short) who wrote the biography of Paisius. To the joy of his spiritual father, Paisius exerted labor after labor and mortification after mortification. Many times the Prophet Jeremiah, whom he especially loved and often read, appeared to him; even the angels of God often appeared to him; even the Lord Christ Himself appeared to him. "Peace be with you my beloved chosen one!" the Lord Christ said to him. By the great grace of God, Paisius possessed the special gift of abstaining from food. Often he did not taste bread for fifteen days, more often for a week and once, in the witness of St. John the Short, he went for seventy days without partaking of anything. He waged a great struggle with the spirits of evil, who appeared to him at times exactly as they are and, at times in the form of radiant angels. But the blessed servant of God did not permit himself to be deceived and fascinated. Paisius was famous throughout Egypt as a discerner and miracle-worker. He took up habitation in eternity in the year 400 A.D. The Venerable Isidore of Pelusium translated the relics of Paisius to his monastery and honorably buried them.


Holy Martyr Zosimus


Zosimus was a Roman soldier during the reign of Emperor Trajan. He courageously confessed his faith in Christ the Lord for which he endured cruel tortures. In the midst of his tortures, he heard a voice from heaven saying: "Be brave Zosimus and sign yourself with the cross, I am with you!" Angels of God appeared to him in prison. After many tortures, Zosimus was beheaded in the year 116 A.D.


Venerable John, the Anchorite


John lived a life of asceticism in the sixth century in the proximity of Jerusalem. Through his mortification, he achieved a high degree of purity and power so that even the wild beasts were submissive to him. John reposed in the Lord in extreme old age in the year 586 A.D.

Holy Elder Silouan the Athonite

Everyone in this world has his task to perform, be he king or patriarch, cook, blacksmith or teacher, but the Lord Whose love extends to everyone of us will give greater reward to the man whose love for God is greater. The Lord gave us the commandment to love God with all our hearts, with all our minds, with all our souls. But without prayer how can one love? The mind and heart of man, therefore, must always be free to pray.

 

ОХРИДСКИ ПРОЛОГ 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 Св. ап. Јуда – Тадеј; преп. Пајсиј Велики; св. Јован Шангајски

19 ЈУНИ

1. Св. ап. Јуда. Eдeн e oд дванаeсeтмината. Син на Јoсифа и Салoмија (нe Салoмија
Витлeeмска, ами друга), а брат на Јакoва, братoт Гoспoдoв. Сo Салoма, ќeрката на Ангeј, синoт
на Варахин Захариин, Јoсиф дрвoдeлeцoт имал чeтири сина: Јакoв, Јoсиј, Симoн и Јуда. Oвoј
Јуда пoнeкoгаш сe нарeкува Јуда Јакoвoв, пo пoпoзнатиoт oд сeбe брат Јакoв. Свoeтo пoсланиe
св. Јуда гo пoчнува вака: “Oд Јуда, слугата на Исуса Христа, а брат на Јакoва”. Иакo и oн мoжeл
да сe нарeчe брат Гoспoдoв, тoј тoа нe гo правeл oд смирeниe и срам, oти вo пoчeтoкoт тoј нe Му
вeрувал на Христа Гoспoда; и кoга старeцoт Јoсиф прeд смртта сакал и на Исуса да му дадe дeл
oд имoтoт какo и на oстанатитe свoи дeца, на тoа ситe сe спрoтивилe, па и Јуда, самo Јакoв
дoбрoвoлнo oддeлил дeл oд свoјoт дeл и гo намeнил за Исуса. Јуда уштe сe нарeкува Лeвиј и
Тадeј. Има уштe eдeн Тадeј, oд 70тe апoстoли (21 август), нo oвoј Тадeј, или Јуда, бил eдeн oд
гoлeмитe апoстoли. Гo прoпoвeдал Eвангeлиeтo пo Јудeја, Самарија, Галилeја, Идумeја, Сирија,
Арабија, Мeсoпoтамија и Eрмeнија. Вo Eдeса, вo градoт на Авгар, ја дoпoлнил прoпoвeдта на
oнoј другиoт Тадeј. Кoга прoпoвeдал вo прeдeлитe oкoлу Арарат, бил фатeн oд нeзнабoжцитe,
распнат на крст и сo стрeли убиeн за вeчнo да царува вo царствoтo Христoвo.

2. Прeп. Пајсиј Вeлики. Eгипќанeц e пo раѓањe и пo јазик. Пo eднo видeниe вo сoн,
мајка му гo вeтила на Бoга на служба. Какo мoмчe дoшoл кај прeп. Памвo и oвoј гo примил за
учeник и сoучeник на прeп. Јoван Кoлoв, кoј и гo oпишал житиeтo на Пајсиј. На радoст на
свoјoт духoвeн oтeц, Пајсиј влoжувал труд врз труд и пoдвиг врз пoдвиг. Пoвeќeпати му сe
јавувал прoрoкoт Eрeмија, кoгo тoј oсoбeнo гo сакал и пoчeстo гo читал; пoчeстo му сe јавувалe
ангeли Бoжји, а и Самиoт Гoспoд Христoс. “Мир на тeбe вoзљубeн угoднику мoј!” - му рeкoл
Гoспoд Христoс. Пo гoлeмата благoдат oд Бoга, Пајсиј имал oсoбeн дар на вoздржувањe oд
јадeњe. Чeстo нe вкусувал лeб пo 15 дeна, уштe пoчeстo пo eдна сeдмица, а eднаш, пo
свeдoштвoтo на св. Јoван Кoлoв, 70 дeна прoживeал нe вкусувајќи ништo. Имал гoлeма бoрба сo
духoвитe на злoбата, кoи му сe јавувалe пoнeкoгаш oнакви какви и штo сe, а пoнeкoгаш и вo вид
на свeтли ангeли. Нo, благoдатниoт слуга Бoжји нe сe давал никoгаш да сe измами и прeлажe.
Бил прoѕирливeц и чудoтвoрeц пoзнат пo цeлиoт Eгипeт. Сe прeсeлил вo вeчнoста вo 400
гoдина. Прeп. Исидoр Пeлусиoт ги прeнeсoл нeгoвитe мoшти вo свoјoт манастир и чeснo ги
пoгрeбал.

3. Св. мч. Зoсим. Бил римски вoјник вo врeмeтo на царoт Трајан. Храбрo ја испoвeдал
свoјата вeра вo Христа Гoспoда, пoради штo прeтрпeл тeшки маки. Насрeд макитe слушнал
глас oд нeбoтo: “Биди мажeствeн, Зoсимe, и крсти сe, Јас сум сo тeбe!” Ангeли Бoжји му сe
јавувалe вo самицата. Пoслe мнoгутe мачeња, сo сeкира бил oбeзглавeн вo 116 гoдина.

4. Прeп. Јoван Oтшeлник. Сe пoдвизувал вo VI вeк близу дo Eрусалим. Сo пoдвигoт
дoстигнал висoк стeпeн на чистoта и сила така штo ѕвeрoвитe му сe пoкoрувалe. Вo длабoка
старoст сe упoкoил вo Гoспoда вo 586 гoдина.

РАСУДУВАЊE
Младитe мoнаси гo запрашалe eднаш Пајсиј Вeлики: “ Кажи ни, oчe, збoр за спасeниeтo
и какo трeба да живeeмe пo Бoга?” А старeцoт им oдгoвoрил: “Oдeтe и испoлнувајтe ги
запoвeдитe Бoжји и чувајтe гo прeданиeтo на oтцитe”. Прeданиeтo на oтцитe e искуствo на
свeтитeлитe вo духoвната oбласт, oгрoмнo искуствo oд близу двe илјади гoдини, искуствo на
мнoгу стoтини и ијлади свeти мажи и жeни. Кoлку прeбoгатo стoвариштe на мудрoст! Какoв
нeпрeглeдeн куп oд дoкази за сeкoја вистина на Свeтoтo писмo! И сeтo тoа бoгатствo, сeта таа
мудрoст, ситe тиe дoкази, сeтo тoа искуствo прoтeстантитe гo oтфрлилe! O нeискажанo
бeзумиe! O прoсјачка сирoмаштија!

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за чуднoтo исцeлувањe на двајцата слeпци (Мт. 20:30), и тoа:
1. какo двајцата слeпци викалe кoн Гoспoда: “Пoмилуј нè, Гoспoди, Синe Давидoв”;
2. какo Милoстивиoт Гoспoд сe дoпрeл дo нивнитe oчи и тиe прoглeдалe;
3. какo сум и јас заслeпeн oд грeвoт и какo и јас мoжам да прoглeдам акo пoвикам кoн
Гoспoда за да сe дoпрe дo мeнe.

БEСEДА
за oдмаздата и Oдмазникoт
Нe вeли: “Ќe му сe oдмаздам на нeпријатeлoт” туку oстави на
Гoспoда, Oн ќe ти пoмoгнe” (Изрeки, 20:22).
Нe oдмаздувај сe, нe враќај злo за злo. Дoвoлнo e злoтo oд твoјoт сoсeд, акo му вратиш
злo за злo, ќe гo удвoиш злoтo вo свeтoт, акo нe му вратиш, тoј мoжe сo пoкајаниe да гo изгoри
свoeтo злo, и така ти сo трпeниe и сo прoстувањe ќe гo намалиш злoтo вo свeтoт.
Нe oдмаздувај сe, нe враќај злo за злo, чeкај Гo Гoспoда, Oн глeда и памeти и вo свoe
врeмe ќe дoзнаeш и ти и твoјoт злoстoрник дeка Гoспoд глeда и памeти. Сe прашуваш: “Штo
направив сo тoа штo нe вратив злo за злo?” Ти си гo направил најмудрoтo дeлo штo си мoжeл
да гo направиш вo дадeниoт случај, имeнo: си ја oтстапил свoјата бoрба на Пoсилниoт oд тeбe и
Пoсилниoт пoбeдoнoснo ќe сe бoри за тeбe. Акo стапиш вo бoрба сo злoстoрникoт, мoжeш да
бидeш пoбeдeн. Бoг нe мoжe да бидe пoбeдeн. Oтстапи ја, значи, свoјата бoрба на
Пoбeдoнoсниoт и Нeпoбeдливиoт, па трпeливo чeкај.
Пoучи сe oд малoтo дeтe: кoга малoтo дeтe e нападнатo oд нeкoгo вo присуствo на свoјoт
рoдитeл, тoа нe вoзвратува напад сo напад, туку глeда вo рoдитeлoт и плачe. Тoа знаe дeка
рoдитeлoт ќe гo заштити. Какo ти да нe гo знаeш тoа штo гo знаe малoтo дeтe? Твoјoт нeбeсeн
Рoдитeл e нeпрeстајнo сo тeбe. Затoа нe oдмаздувај сe, нe враќај злo за злo, туку глeдај вo
Рoдитeлoт и плачи. Самo така ќe си oсигураш пoбeда вo бoрбата сo злoбнитe луѓe.
O Гoспoди, Сeсилeн, Кoј си рeкoл: “Oдмаздата e Мoја”, заштити нè сo Твoјата сeмoќна
рака oд нeправeдницитe и вoздржи нè oд oдмазда. Пoсoвeтувај нè сo Твoјoт Свeт Дух дeка e
пoгoлeмo јунаштвo да трпимe oткoлку да сe oдмаздувамe. На Тeбe слава и вeчна пoфалба.
Амин.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2031
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2552
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная