логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Светите маченици Онисифор и Порфириј

Овие двајца прекрасни мажи беа мачени за името Христово во времето на царот Диоклецијан. Беа многу биени, а потоа горени на железна леса, па врзувани за опашките на коњите и влечени по камења и трње. Така беа растргнати на парчиња и Му ги предадоа своите свети души на Бога. Нивните мошти се погребани во Пентапол.

7.Vselenski.sobor

Преподобен Јован Колов

Се вбројува меѓу најголемите мисирски подвижници. „Колов“ значи малечок, а тој беше малечок по раст. Во Скитот дојде заедно со својот брат Данило и со преголема ревност се предаваше на подвиг, така што брат му Данило мораше да го насочува на умереност. Му беше ученик на Св. Памво, а подоцна на Св. Арсениј Велики. Негов соученик кај Св. Памво беше Св. Пајсиј Велики. Еднаш додека тој и Пајсиј разговараа каков начин на подвиг да превземат, им се јави ангел Божји и му нареди на Јован да остане на своето место и да ги поучува другите, а на Пајсиј да оди во пустината и да живее како пустиник. За да ја испита послушноста на Јован, Св. Памво му нареди да залева еден сув стап забоден во земја, сѐ додека не зазеленее. Без размислување и сомневање Јован го залеваше ова суво дрво три години секој ден, додека навистина, со Божјата сила, не се раззелени и донесе плод. Тогаш Памво ги собра плодовите од она дрво, ги однесе в црква и им ги раздели на браќата, велејќи: „Пристапете и вкусете од плодот на послушанието!“ Јован Колов имаше мноштво ученици. Некои од неговите мудри изреки се сочувани. Се упокои мирно и се пресели во радоста на својот Господ.

Преподобна Матрона Цариградска

Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека и под името Вавила стапи во машкиот манастир на Св. Васијан во Цариград. Но бидејќи мажот ѝ непрестајно трагаше по неа, таа беше принудена да смени многу места, како Емеса, Синај, Еусалим, Бејрут и најпосле повторно дојде во Цариград. Се замонаши кога имаше дваесет и пет години, а се подвизуваше седумдесет и пет години. Живееше вкупно сто години и кога се упокои беше игуманија на еден манастир во Цариград. Мирно почина и се пресели во радоста на својот Господ, во 492 година.

Преподобен Ефтимиј Дохијарски
и неговиот ученик Неофит

По потекло се Срби и роднини на високи византиски аристократи. Ефтимиј најпрво му беше другар на Св. Атанасиј и економ на неговата Лавра, а потоа основач на манастирот Дохијар. Се упокои мирно во 990 година. Неговиот внук Неофит го наследи својот чичико како игумен на Дохијар, го умножи братството и изгради голема црква. Се упокои во почетокот на 9 век.

Свети Симеон Метафраст

Беше многу надарен цариграѓанин. Имаше и светско и духовно образование. Стана царски логотет и прв големец на дворецот. Но живееше чисто и непорочно како вистински аскет. Се одликуваше и со голема војничка храброст и со државничка мудрост. Заради тоа царот Лав Мудриот многу го ценеше и еднаш го испрати на Крит да преговара за мир со Арапите, коишто во тоа време го беа зазеле овој остров. Откако успешно ја заврши оваа мисија тој се врати во Цариград и наскоро се повлече од светот и од светските работи. Пишуваше житија на светителите, и тоа состави сто давесет и два нови животописи и исправи петстотини триесет и девет. Се упокои околу 960 година. Од неговото тело потече благоухано и исцелително миро.

Преподобна Теоктиста Пароска

Родена е на островот Лезбос. Се замонаши во својата седумнаесетта година. Дивите Сарацени удрија на овој остров и ги заробија сите што им дојдоа под рака, па и Теоктиста со сестра ѝ. Кога Сарацените ги изведоа робовите на пазар на осторвот Парос, Теоктиста им побегна од толпата и се скри. Се криеше во некој напуштен храм сред островот и таму се подвизуваше триесет и пет години. Се упокои мирно во 881 година.

vozdvizenie.jpg

Свети Нектариј Егински

„Силно посакувам да им помогнам на луѓето
бидејќи Го гледам Христос.
Он сѐ уште е распнат…
Присутен сум во светот со своите мошти.
Свештеникот што ме познава,
нека ги благослови сите што доаѓаат,
барајќи олеснување, очистување или простување…
Моите мошти се мојот епитрахил, на земјата.“


Свети Нектариј е роден на 1 октомври 1846 година, во Силвира, регионот на Траки (Грција), како петто од вкупно шест деца во сиромашно семејство. Неговото име било Анастасиос Кафалас. На возраст од 14 години се преселува во Константинопол (Истанбул), каде што почнува да работи за да може да го продолжи образованието. Во 1866 година се преселува на островот Киос, каде што наредните години го надополнува своето образование. Бидејќи беше од сиромашно семејство, кога сакаше да замине од својот дом, немаше пари за да го плати билетот на бродот, а капетанот не сакаше да го пушти да влезе без билет. И неколку дена бродот не можеше воопшто да се помрдне. Дојдоа најдобрите мајстори, но не можеа да откријат зошто бродот не може да исплови. Свети Нектариј целото тоа време седеше спроти бродот нажален, и дури кога капетанот му го фати погледот, сфати зошто бродот не може да тргне. Во моментот кога го пушти свети Нектариј да се качи, во тој час бродот исплови.

Во 1876 година, на возраст од 30 години се замонаши и го доби името Нектариј. Во 1885 година дипломираше на Универзитетот во Атина. За време на своето студирање, напиша многу книги и даде многу свои коментари на Библијата. По дипломирањето, заминува во Александрија, Египет, каде што е ракоположен за јеромонах и служи во црквата во Каиро. Заради неговата побожност и дарба за проповед на Евангелието, во 1889 година е назначен за Митрополит на Пентаполи од Патријархот Софрониј. Остана во Каиро една година, и неправедно и без објаснување беше преместен далеку од Египет, како резултат на клевети и лаги кажани за него. Во 1891 година се враќа во Грција, и две години служи на Евија. Во 1894 година именуван е за директор на Црковното училиште, каде неговите служби оставаат длабок траг и печат. Напиша многу студии и книги, за сето време додека служеше во Атина. Во 1904 година, на барање на неколку монахињи основа женски манастир на островот Егина. Манастирот го посвети на Света Троица, а изградбата заврши во 1910 година. Исто така, основа и многу цркви и параклиси низ целиот остров.

Во декември 1908 година, на возраст од 62 години, ја напушти функцијата директор, и се пресели во манастирот, каде што остана до крајот на својот живот, во длабоко тихување како монах. Додека се градеше манастирот, секогаш им помагаше на работниците, работејќи заедно со нив. Многу сакаше цвеќиња и дрвја. Се претстави пред Господ на 21 ноември 1920 година (во 22 часот), на 74-годишна возраст. Последните неколку години свети Нектариј боледуваше, и последните денови ги помина во болницата во Атина.

Кога го пренесуваа од Атина во Егина, мирото непрестајно течеше од неговото чело. Сите беа вчудоневидени. Преблагиот мирис најпрвин се разлеа низ целата болница, па потоа и низ цела Егина. Во болницата, кога докторите дојдоа да го пресоблечат, случајно неговата кошула ја фрлија на соседниот кревет на кој лежеше парализиран човек. Во истиот момент кога тој се допре до кошулата на свети Нектариј, се излекува. На неговиот погреб присуствуваше многуброен народ. Пристигнуваа од секаде, за да се допрат до свети Нектариј. За Свететител е прогласен на 20 април 1961 година. Секој 22 ноември мноштво народ доаѓа во манастирот на свети Нектариј за да се поклони на неговите мошти.

 Image may contain: 2 people, people standing

 Пресвета Богородица Брзопослушничка (Незина копија во Струмица, РМ- дар на монасите од манастирот Дохијар)

Ништо не започнувајте, чеда мои, без благослов од Царицата Небесна. А кога ќе го завршите делото за кое сте барале благослов, заблагодарете Ѝ на Неа, брзата Помошничка во сите добри дела. Рековме дека секој Божји дар само преку Неа го добиваме. Од таму и молитвата: „Господи Исусе Христе, Богородицеју, помилуј нас!“

дедо Наум

 

Иконата на Пресвета Богородица " Брзопослушничка"

7.Vselenski.sobor

Историјата на иконата е поврзана сo светогорскиот манастир – Дохијар, во кој првпат била пројавена благодатната сила на оваа чудотворна икона.
Се претпоставува дека иконата била насликана во 10 век, за време на игуменот на Дохијарската обител, преподобен Неофит.

Околу средината на 17 век, таа се наоѓала во нишата на надворешниот ѕид, пред влезот во манастирската трпезарија. Таму често поминувале монасите, а по послушание, блиску до иконата најчесто поминувал трпезникот Нил, навечер, држејќи во рацете запален факел, од кој излегувал густ чад.

Еднаш, одејќи покрај иконата, тој слушнал глас: – Оче Ниле, во иднина не приближувај се овде со запален факел и не чади го Мојот лик.
На почетокот монахот се уплашил, но потоа, мислејќи дека тие зборови ги рекол некој од браќата, брзо заборавил на случката и продолжил ноќе да поминува покрај иконата со запален факел.
По некое време, тој повторно го слушнал истиот глас:
– Монаху, недостоен за тоа име! Уште долго време ли така безгрижно и бесрамно ќе го оштетуваш Мојот лик!?
Слушнувајќи ги тие зборови, монахот веднаш ослепел. Покајаниот монах за миг паднал на колена пред иконата и цела ноќ, до доаѓањето на браќата, Ја молел Пресветата Дева за прошка.

Монасите, кога разбрале за чудото, во страв припаднале пред чудотворната икона. Пред неа запалиле незгасливо кандило, а на новиот трпезник му наредиле секоја вечер да пали темјан и да кади пред иконата.
Монахот Нил, надевајќи се на големата милост на Божјата Мајка, останал покрај иконата и решил да не си оди сѐ додека не добие исцеление. Усрдната молитва набргу му била услишана. По некое време, коленичејќи пред иконата, тој повторно го слушнал познатиот глас:

– Ниле, услишана ти е молитвата, простено ти е, и повторно се враќа видот на твоите очи. Извести ги сите браќа дека Јас сум покров, грижа и закрила на нивната обител, посветена на архангелите.
Тие, и сите христијани, нека Ми се обраќаат во неволјите, а јас никого нема да го оставам.
На сите што со побожност ќе прибегнат при Мене ќе им бидам Застапничка, а сите нивни молитви ќе бидат исполнети од Синот и Мојот Бог, поради Моето застапништво пред Него.
Отсега па натаму, оваа Моја икона ќе се нарекува Брзопослушничка, зашто на сите што ќе прибегнуваат кон неа, брзо ќе им се смилувам и брзо ќе ги услишувам нивните молитви.


По овој случај било востановено постојано празнување на иконата. Преминот кон трпезаријата на страната каде што се наоѓала иконата бил затворен, местото околу чудотворната икона било заградено, а од десната страна на иконата, при самата трпезарија, бил изграден параклис во чест на иконата „Брзопослушничка“.

7.Vselenski.sobor

Копии од оваа чудотворна икона се наоѓаат во многу православни земји, од кои им се излева благодатна сила на сите што прибегнуваат со вера и скрушено срце кон нив.
Прва икона на оригиналот од чудотворната икона се наоѓа во метохот на Дохијарската обител, во с. Сохос, во Р. Грција.
Втората се наоѓа во светиот град Ерусалим, во Спасо- вознесенската обител на Елеонската Гора.
Третата се наоѓа во црквата „Свети вмч. Пантелејмон“ во Николајскиот двор, во Китај-город, Русија.
Четвртата се наоѓа во манастирот „Свети Архангел Михаил“ на Зверинце во Киев.
Петтата икона, „Gorgoepikos“ (Брзопослушничка), се наоѓа во градот Струмица, Р. Македонија.
Иконата е подарок од игуменот на Дохијарската обител, архимандрит Григориј, и неговото братство за градот Струмица и за целата наша земја.

Kога Старецот лично ја испраќаше иконата од Света Гора, тој покади пред иконата, а пред да ја подигнат и да тргнат кон пристаништето, заплака и сиот во солзи ѝ се обрати:

„Пресвета моја, еве, дојде време да заминеш. Ќе одиш кај добри луѓе и свет народ. Те молам помогни им, како што и нам ни помагаш, закрилувај ги, како што и нас тука нѐ закрилуваш“.
На пристаништето, пак, рече:
„На оваа икона не може да се направи копија на друго место освен во оваа света обител. Но, ние не ви испраќаме копија, туку вистинскиот образ на Пресветата.
Самата Мајка Божја заминува со вас. Да ве чува и закрилува, а вие чувајте ја Нејзината света икона“.

Празникот во чест на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“ се слави на 22 ноември.(Православие МК)
Пресвета Богородице, спаси нѐ!

 

vozdvizenie.jpg

Евангелие и поука за 22/11/2020

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 8:41-56

41.     И ете, дојде еден човек, по име Јаир, кој беше управник на синагогата. Па кога падна пред нозете Исусови, Го молеше да појде во домот негов,
42.     зашто имаше една единствена ќерка на дванаесет години и таа умираше. А кога одеше Исус, народот се туркаше во Него.
43.     И една жена, која страдаше дванаесет години од крвотечение, и сиот свој имот го беше потрошила по лекари, а ниеден не можел да ја излекува,
44.     пристапувајќи одзади, се допре до крајот на Неговата облека и наеднаш ? престана крвотечението.
45.     И рече Исус: „Кој се допре до Мене?” А кога сите се откажуваа, Му рече Петар и оние што беа со Него: „Учителе, народот Те опколил и Те притиска, а прашуваш: »Кој се допре до Мене?«“
46.     Но Исус рече: „Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене.”
47.     Жената, штом виде оти не може да се сокрие, со треперење пристапи, па како падна пред Него, Му кажа пред сиот народ зошто се допрела и дека веднаш оздравела.
48.     А Он ? рече: „Не бој се, ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир!”
49.     Додека Он уште зборуваше, дојде некој од управникот на синагогата и Му рече: „Ќерка ти умре; не мачи Го учителот!”
50.     Но Исус, штом го чу тоа, одговарајќи, му рече: „Не бој се! Само верувај и ќе биде спасена!”
51.     А кога пристигна во куќата, никому не му позволи да влезе, освен на Петра, Јована и Јакова, и на таткото и мајката на девојката.
52.     Сите плачеа и ридаа по неа. Но Он им рече: „Не плачете, таа не е умрена, туку спие.”
53.     И му се потсмеваа, знаејќи дека е умрена.
54.     А Он откако ги истера сите, ја фати за рака и извика, велејќи: „Девојко, стани!”
55.     И се поврати нејзиниот дух, и се дигна веднаш, и заповеда да ? дадат да јаде.
56.     И се зачудија родителите нејзини. А Он им заповеда, никому да не кажуваат за тоа што стана.

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Ефесјаните 2:14-22

14.     Зашто Он е нашиот мир, Кој од двата народа направи еден и ја разруши преградата, што беше меѓу нив,
15.     откако со плотта Своја го уништи непријателството, а со учењето Свое – Законот на заповедите го обессили, за да создаде во Себеси од двата народа еден нов човек, правејќи мир,
16.     и во едно тело да ги помири обата народа со Бога преку крстот, откако на него го уништи непријателството.
17.     И, откако дојде, Он ви благовести мир, на вас далечни и блиски.
18.     зашто преку Него и едните и другите имаме пристап при Отецот, во еден Дух.
19.     И така, вие веќе не сте туѓи и придојдени, туку сте им сожители на светиите и свои на Бога,
20.     оти се утврдивте на темелите, поставени од апостолите и пророците, имајќи Го како аголен камен на темелот Самиот Исус Христос,
21.     врз Кого целата зграда, стројно зглобена, прераснува во свет храм на Господа;
22.     врз Кого и вие ќе се соѕидате во живеалиштето Божјо преку Духот.

Поука на денот: Свети Ефрем Сирин
‘Царството Божјо е внатре во вас’ (Лука 17, 21). Влези во самиот себеси, усрдно барај, па без напор ќе го најдеш... Влези во себеси и живеј во самиот себеси, во прекрасната ќелија на духот (умот) свој – и таму барај го Царството, како што нe учеше нашиот Спасител... Влези, значи, во себе, пребивај во своето срце, зашто таму е Бог. Тој не те напушта тебе, туку ти Го напушташ Него... Прекрасно е ова и чудесно, недостижно за небесните и неискажливо за земните. Недостапниот, за секој ум, влегува во срцето и пребива во него; Сокриениот од оние што со оган зрачат се населува во срцето. Земјата не може да издржи под Неговите стапала, а чистото срце Го носи во себе. Небото е мало за Неговите дланки, а срцето е Негово живеалиште. Целата твар не може да Го смести во своите граници, но ако тоа го побара срцето Тој ќе се смести и во малото срце.

Поука на денот: Свети Игнатиј Брјанчанинов
Причина за солзите е духовното гледање, спознанието за својата гревовност. Причина за солзите е – сиромашноста на духот: бидејќи самата по себе блаженство, таа пораѓа друго блаженство, плач, го храни, го поддржува и го јакне. „Не потекнува плачот од солзите, туку солзите од плачот “ – рекол преподобниот Јован Пророк. Кога некој од братството ја отсекува својата волја и не обрнува внимание на туѓите гревови, стекнува плач. На тој начин се собираат неговите помисли, и така собрани раѓаат во срцето тага, плач по Бог, а плачот раѓа солзи. Солзите, кои се дар Божји, служат како знак за милоста Божја.

 

Свети Игнатиј Брјанчанинов

При исполнувањето пак на Исусовата молитва и воопшто на молитвата, целосна и верна заштита е смирението наречено плач. Плачот е срдечно чувство на покајание, спасителна тага, заради гревовноста и разнообразните, многучислени слабости на човекот. Плачот е смирен дух, срце понизно и смирено кое Бог нема да го отфрли, т.е. нема да го предаде во власта на демоните како што го предава гордото срце, исполнето со самоувереност, самопреценување и суета. Плачот е онаа единствена жртва која Бог ја прима од паднатиот човечки дух до обновувањето на човечкиот дух од Светиот Дух Божји. Нека биде нашата молитва проникната од чувството на покајание, нека се соедини со плачот и прелеста никогаш не ќе подејствува во нас.

 


Holy Martyrs Onesiphorus and Porphyrius


These two holy Martyrs suffered for the Name of Christ during the reign of the Emperor Diocletian. They were mercilessly beaten, stretched on a gridiron and tortured by fire, then tied by the feet of horses and dragged over stones and thorns. Their flesh was torn apart and thus they committed their holy souls to God. Their holy relics were buried in a village called Panceanon.


Venerable John Colobos


He is numbered among the greatest ascetics from Egypt. “Colobos” means short, for he had a small figure. In the Skete he came together with his brother Daniel and gave up to ascesis with such great zeal that his brother Daniel had to counsel him to consider moderation. He was a disciple of Saint Pambo, and later of Saint Arsenius the Great. Along with him, Saint Paisus the Great was also a disciple of Saint Pambo. One day, while he and Paisius were discussing what kind of ascetic struggle to undertake, an angel of God appeared to them and ordered John to stay at that place and to teach the others, while Paisus should leave for the desert. In order to test John’s obedience, Saint Pambo ordered him to water a dry wooden stick planted in the ground, until it produced fruit. Without thinking or doubting, John watered the wooden stick every day for three years until it in actual fact came to life with God’s help and produced fruit. Then Pambo picked the fruit from the tree, carried it to the church and offered it to the brothers saying: “Come and eat of the fruit of obedience!“ John Colobos had many disciples. Some of his wise sayings have been preserved. He fell asleep in peace and inhabited the joy of his Lord.


Venerable Matrona of Constantinople


Saint Matrona was born in Perge, a city of Pamphylia. She soon grew dissatisfied with her marriage with Dometian, a noble youth from Constantinople, so she fled, dressed in male attire, and joined the monastery of Saint Bassian in Constantinople, where she introduced herself as Babylas. But as her husband continually searched for her, she had to move many times as to Emesa, Sinai, then to Jerusalem, Beirut and at last she returned to Jerusalem. She took the monastic vows when she was twenty-five years of age, and led an ascetic struggle for seventy-five years. She lived a hundred years and fell asleep in peace as the abbess of a monastery in Constantinople. She inhabited the joy of her Lord in the year 492.


Venerable Euthymius of Dochiariou and his disciple Neophytus


They are Serbs by origin and relatives of high Byzantine aristocrats. Euthymius was a friend of Saint Athanasius and a steward in his Lavra, and afterwards he founded the Monastery of Dochiariou. He fell asleep in peace in the year 990. His nephew Neophytus succeeded his uncle as the abbot of Dochiariou, enlarged the brotherhood and built a great church. He fell asleep in the Lord at the beginning of the 9-century.


Venerable Symeon Metaphrastes


Saint Symeon was a very talented citizen of Constantinople. He possessed great spiritual and secular knowledge. He was raised to the rank of Imperial Counsellor (Logothete and Magistros) and was the most important person at the court. Still, he lived in chastity and honesty as a true ascetic. He was distinguished by his bravery in military matters and by his wisdom in state matters. Owing to this the Emperor Leo the Wise honoured him greatly and sent him to Crete to negotiate with the Arabs, at the time when they had occupied the island. Having completed his mission with great success, he returned to Constantinople only soon afterwards to withdraw from the world and worldly matters. He wrote Lives of the Saints - actually he composed 122 new hagiographies and corrected 539. He died in peace about 960. Sweet smelling and healing myrrh flew from his body.


Venerable Theoctiste of Paros


She was born on the island of Lesbos. Took the monastic vows when she was seventeen years of age. The barbarous Saracens raided the island and captured all the people they had found there, among them Theoctiste and her sister. When the Saracens brought them to the market in Paros to sell them as slaves, Theoctiste managed to escape from the crowd and hide in the wilderness. She hid in a deserted church at the middle of the island, where she led an ascetic combat for thirty-five years. She died in peace in the year 881.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 † Преп. Матрона; св. Нектариј Егински; св. Јован Колов


9 НOEМВРИ


1. Св. мч. Oнисифoр и Пoрфириј. Oвиe двајца прeкрасни луѓe билe мачeни за имeтo
Христoвo вo врeмeтo на царoт Диoклeцијан. Билe мнoгу тeпани, билe гoрeни на жeлeзна лeса,
па пoтoа билe врзани за oпашкитe на кoњитe и билe влeчeни пo камeња и пo трњe. Така билe
растргнати на парчиња и ги прeдалe свoитe свeти души на Бoга. Мoштитe им билe пoгрeбани
вo Пeнтапoл.
2. Прeп. Јoван Кoлoв. Сe вбрoјува пoмeѓу најгoлeмитe Eгипeтски пoдвижници. Кoлoв
oзначува “мал”, бидeјќи бил сo низoк раст. Вo Скит дoшoл заeднo сo свoјoт брат Данил и сo
прeгoлeма рeвнoст сe прeдал на пoдвиг, така штo нeгoвиoт брат Данил мoрал да гo oпoмeни да
бидe умeрeн. Бил учeник на св. Памвo, а пoдoцна му бил учитeл на св. Арсeниј Вeлики. Нeгoв
сoучeник кај св. Памвo бил и св. Пајсиј Вeлики. Eднаш кoга тoј и Пајсиј разгoваралe какoв
начин на пoдвиг да прeзeмат, им сe јавил ангeл Бoжји и му нарeдил на Јoвана да oстанe на
свoeтo мeстo и да ги пoучува другитe, а на Пајсиј му рeкoл да oди вo пустината и да живee какo
oтшeлник. За да ја испрoба пoслушнoста на Јoван, св. Памвo му нарeдил да залива eдна сув
стап забoдeн вo зeмјата сè дoдeка нe раззeлeни. Бeз размислувањe и сoмнeж, Јoван гo залeвал
тoа сувo дрвo пoлни три гoдини, oд дeн на дeн, дoдeка навистина, пo Бoжјата сила, тoј стап нe
раззeлeнил и нe дoнeсoл плoд. Тoгаш Памвo ги сoбрал плoдoвитe oд тoа дрвo, ги oднeсoл вo
црквата и ги раздeлил на браќата, вeлeјќи: “Пристапeтe и вкусeтe oд плoдoт на пoслушнoста!”
Јoван Кoлoв имал мнoгу учeници. Нeкoи oд нeгoвитe мудри изрeки сe сoчувани. Сe упoкoил
мирнo и сe прeсeлил вo радoста на свoјoт Гoспoд.
3. Прeп. Матрoна Цариградска. Oд Пeргија Памфилиска. Брзo ѝ сe смачил бракoт сo
нeкoј цариградски вeлмoж Дoмeтијан, та пoбeгнала, сe прeсoблeкла вo машка oблeка и пoд
имeтo Вавила стапила вo манастирoт “Св. Васијан” вo Цариград. Бидeјќи нeјзиниoт маж
нeпрeстајнo ја барал, таа била принудeна да прoмeни мнoгу мeста, какo: Eмeс, Синај,
Eрусалим, Бeјрут и најпoслe пак дoшла вo Цариград. Сe замoнашила на 25. гoдина и сe
пoдвизувала 75 гoдини. Живeeла 100 гoдини и мирнo пoчинала и сe прeсeлила вo радoста на
свoјoт Гoспoд вo 402 гoдина.
4. Прeп. Eвтимиј Дoхијарски и нeгoвиoт учeник Нeoфит. Срби пo пoтeклo и
рoднини на висoки византиски аристoкрати. Eвтимиј првo бил другар на св. Атанасиј и
икoнoм на нeгoвата лавра, а пoтoа бил oснoвач на манастирoт “Дoхијар”. Мирнo сe упoкoил вo
990 гoдина. Нeгoвиoт внук Нeoфит гo наслeдил свoјoт стрикo какo игумeн на “Дoхијар”, гo
умнoжил братствoтo и изградил гoлeма црква. Сe упoкoил вo пoчeтoкoт на ЏИ вeк.
5. Св. Симeoн Мeтафраст. Надарeн чoвeк oд Цариград. Имал свeтскo и духoвнo
oбразoваниe. Пoстанал царски лoгoтeт и прв висoк службeник на двoрeцoт. Нo, живeeл чистo
и нeпoрoчнo какo вистински аскeт. Сe oдликувал и сo гoлeма вoјничка храбрoст и сo
државничка мудрoст. Заради тoа царoт Лав Мудри прeмнoгу гo цeнeл и eднаш гo испратил на
Крит да прeгoвара за мир сo Арапитe, кoи вo тoа врeмe гo зазeлe тoј oстрoв. Кoга успeшнo ја
завршил oваа свoја мисија, сe вратил вo Цариград и наскoрo сe пoвлeкoл oд свeтoт и oд
свeтскитe рабoти. Пишувал житија на свeтитeлитe, и тoа сoставил нoви 122 и пoправил 539
живoтoписи. Сe упoкoил oкoлу 960 гoдина. Oд нeгoвoтo тeлo пoтeклo благoпријатнo и
исцeлитeлнo мирo.
6. Прeп. Тeoктиса Парoска. Рoдeна e на oстрoвoт Лeсбoс, сe замoнашила вo свoјата 17.
гoдина. Дивитe Сарацeни нападналe на тoј oстрoв и зарoбилe сè штo им дoшлo пoд рака, па и
Тeoктиса сo нeјзината сeстра. Кoга Сарацeнитe ги извeлe рoбoвитe на пазар на oстрoвoт Парoс,
Тeoктиса пoбeгнала oд групата и сe скрила. Сe скрила вo срeдината на oстрoвoт вo нeкoј
запуштeн храм кадe штo сe пoдвизувала 35 гoдини. Сe упoкoила мирнo вo 881 гoдина.
РАСУДУВАЊE
Пo дoлгата раздeлба сo свoјoт другар, Пајсиј гo пoсeтил oвoј Јoван Кoлoв и стапил сo
нeгo вo разгoвoр. Сe прашувалe eдeн сo друг кoј каква дoбрoдeтeл придoбил за тoлку врeмe.
Пајсиј рeкoл: “Сoнцeтo никoгаш нe мe видe да јадам”. Јoван Кoлoв пак рeкoл: “А мeнe никoгаш
нe мe видe да сe гнeвам”. Учeјќи ги браќата вo скитoт, св. Јoван ја упoтрeбувал oваа приказна за
пoкајаната чoвeчка душа: “Вo нeкoј град живeeла мнoгу убава жeна, нo била блудница, имала
мнoгу љубoвници. Нeкoј кнeз ѝ прeдлoжил дeка ќe ја зeмe кај сeбe да му бидe жeна, акo му
вeти дeка ќe живee чeснo и вeрнo вo бракoт. Таа му вeтила. Кнeзoт ја зeл вo свoјoт двoрeц и сe
вeнчал сo нeа. Кoга за тoа дoзналe нeјзинитe пoранeшни љубoвници, рeшилe нeкакo да ја
вратат кај сeбe на стариoт пат. Тиe нe смeeлe да излeзат прeд oчитe на кнeзoт, туку oтишлe зад
двoрeцoт и пoчналe да свиркаат. Жeната гo слушнала свиркањeтo и гo пoзнала. Брзo ги затнала
свoитe уши, сe скрила вo внатрeшната oдаја на двoрeцoт и ја зклучила вратата зад сeбe. Така сe
избавила oд нoвитe искушeнија”. Св. Јoван ја oбјаснувал oваа приказна вака. Жeната блудница
e душата; нeјзинитe љубoвници, сe страститe; кнeзoт e Христoс; внатрeшната oдаја e нeбeснoтo
живeалиштe, а љубoвницитe кoи свиркаат и ја мамат сe дeмoнитe. Акo душата сe свртува
нeпрeстајнo oд свoитe страсти и акo прибeгнува кoн Бoга, тoгаш и страститe и дeмoнитe ќe сe
исплашат и ќe пoбeгнат oд нeа.
СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за пoјавувањeтo ангeл на Павлe вo нoќта на бурата (Дeла, 27), и тoа:
1. какo нoќe му сe јавил ангeл Бoжји на Павлe и му рeкoл да нe сe плаши бидeјќи ќe бидe
спасeн и тoј и ситe сo нeгo;
2. какo Павлe им гo сooпштил тoа на луѓeтo вo лаѓата и мнoгу ги oхрабрил.
БEСEДА
за благoдатта штo спасува
Заштo прeку благoдатта стe спасeни (Eфeс. 2:5-8).
Кoј мoжe да замисли и да признаe дeка ниe прeку благoдатта смe спасeни? Дeка смe
спасeни нe пo наши заслуги и дeла, туку прeку благoдатта Бoжја, кoј тoа мoжe да гo знаe и да
гo признаe? Тoа мoжe да гo знаe и да гo признаe самo oнoј кoј знаe и кoј ја видeл oд eдна страна
бeздната на смртта и гнилeжoт вo кoја чoвeкoт прeку грeвoт прoпаднал, и oд друга страна,
висoчината на чeста и на славата на кoја чoвeкoт e вoздигнат вo нeбeснoтo царствo, вo
бeсмртниoт свeт, вo дoмoт на живиoт Бoг - самo тoј тoа мoжe да гo знаe и да гo признаe. Нeкoe
дeтe патувалo нoќe и сe сoпнувалo и паѓалo oд дупка вo дупка, oд јама вo јама, дoдeка најпoслe
нe падналo вo нeкoја прeдлабoка јама oд кoја на никакoв начин самo нe мoжeлo да излeзe. И
кoга дeтeтo сe прeдалo вo рацeтe на свoјата судбина и мислeлo дeка oвдe му e крајoт, oдeднаш
нeкoј застанал над јамата, му пуштил дoлгo јажe и му викнал на дeтeтo да сe фати и да сe држи
цврстo за јажeтo. Тoа бил нeкoј царски син, кoј гo зeл дeтeтo, гo измил и гo oблeкoл, гo oдвeл вo
свoјoт двoрeц и гo пoставил прeд сeбe. Дали oва дeтe сo свoја заслуга и сo свoeтo дeлo сe
спасилo? Никoгаш и никакo. Цeлата нeгoва заслуга била штo сe фатилo за крајoт на
дoфрлeнoтo јажe и штo цврстo сe држeлo за јажeтo. Какo e дeтeтo спасeнo? Сo милoста на
царскиoт син. Вo oднoс на Бoга кoн луѓeтo таа милoст сe нарeкува “благoдат”. Прeку
благoдатта стe спасeни! Oвиe збoрoви ги пoвтoрува апoстoл Павлe двапати вo кусo врeмe за
вeрнитe да знаат и да запамeтат.
Да знаeмe и ниe, браќа, и да памeтимe дeка прeку благoдатта смe спасeни прeку
Гoспoда Исуса Христа. Бeвмe вo устата на смртта и ни e дадeн живoт вo двoрeцoт на нашиoт
Бoг.
O Гoспoди Исусe Христe, Спаситeлу наш, прeку Тeбe смe спасeни. На Тeбe слава и вeчна
пoфалба. Амин.

Image may contain: one or more people and people standing

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1888
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2395
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная