Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски, Свети Кирил Александриски
Тропар, глас4.
Боже на нашите татковци, Кој секогаш постапуваш со нас според Твојата кроткост, Твојата милост од нас не одземај ја, но со нивните молитви нашиот ѓивот во мир упати го.
Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Символот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.
Глава 1.
Родословот на Исус Христос. Христос е и Свештеник и Цар. Он е Свештеник затоа што Самиот Себе се принесе како жртва за нас. Он е Цар затоа што се зацари да ги победи гревот и смртта.
Колена четиринаесет. Зошто за колената е речено: колена четиринаесет, кога се наведени дванаесет? Мислам затоа што Евангелистот под едното колено го подразбирал самото преселување (вавилонско), а под другото – Христос.
Глава 2.
Бидејќи ја видовме Неговата ѕвезда на Исток. Кога за секој човек би постоела ѕвезда на небото, зошто тогаш небото се исполнило со безмерно и безбројно мноштво ѕвезди во третиот ден, а Адам е создаден во шестиот ден?
А дека со нашите дела не управуваат судбината, раѓањето, движењето на ѕвездите, јасно е од следното. Ако сè што се случува зависеше од спомнатото, а не од човековата слободна волја, зошто тогаш казнуваш слуга фатен во кражба, зошто ја судиш жената прељубница? Што се срамуваш кога ќе направиш нешто лошо? Зошто не можеш да истрпиш збор што те прекорува? Ако некој те нарече прељубник, или блудник, или пијаница, или нешто слично, зошто тогаш тоа го сметаш за навреда? Ако твојата слободна волја не е во тоа да грешиш, тогаш и за она што си направил нема твоја вина, ниту во тоа што си кажал нема навреда. Но, тогаш, бидејќи не му простуваш на оној што згрешил, а и самиот, кога ќе направиш нешто лошо, се срамуваш и настојуваш тоа да го сокриеш, а за оној што тебе ти припишува лоша постапка сметаш дека те навредува, со самото тоа признаваш дека нашите постапки не се врзани со неопходност, туку се одликуваат со слободата на волјата. На оние кои се врзани со неопходност можеме да им простиме. Ако некој бесомачен ни ги искине алиштата или не удри, ние не само што не го прекоруваме, туку го сожалуваме и му простуваме. А зошто? Затоа што тој тоа не го направил со слободната волја, туку принуден од зол дух. Заради тоа, кога и другите грешки би настанувале по неопходност и по неизбежна судбина, тогаш ќе простувавме. Но, бидејќи знаеме дека тоа не е неопходно, не простуваме – ниту господари на слуги, ниту мажи на жени, ниту жени на мажи, ни татковци на деца, ни старешини на потчинети, туку напротив, стануваме строги мачители и казнувачи на дрскост, прибегнуваме кон судови, виновните ги подложуваме на удирање, ги караме, и преземаме сите мерки да ги одвратиме од злото.
Роден и пораснат во Александрија, св. Кирил го наследил неговиот вујко Теофил како епископ на градот во 412 г. На почетокот од епископското служење (412-238) тој бил посветен на објаснувањето на Светото писмо (типолошкиот метод е особено нагласен кај него) и на побивање на еретиците и неверните. Вториот период на неговото епископство (428-433) бил најинтензивен и најплодоносен и се истакнува со неговото спротивставување на Несториј, кое се запечатува со свикувањето на Третиот вселенски собор во Ефес (431), на кој и бил осуден Несториј. Последниот период од животот на Кирил (433-444) бил мирен, иако тој морал да го објасни своето учење на критичарите, и од александриската, и од антиохиската страна.
Св. Кирил е еден од најистакнатите богослови на Црквата. Следејќи го св. Атанасиј и кападокијците, тој го прифатил никејското омоусиос (едносуштие): трите ипостаси (личности) на Отецот, Синот и Светиот Дух и единството на божествената усија (суштина), која се гледа во трите испостаси и е изразена во нивната заедничка волја и дејствие. Особено обраќа внимание на сотириологијата (учењето за спасението), кое претставува интерес наследен од св. Атанасиј. Тој спасението го разбира како „учество“ и „подражавање“ на човечката природа по однос на Божествената, објективно во Христа, а субјективно од страна на сите човечки суштества преку Светиот Дух, Кој дејствува во и преку светите тајни. Објективниот аспект на спасението во Христа е особено нагласено во неговото учење за оправданието преку благодат, вешто разработено во неговото евангелско толкување на Законот во „За поклонението во Дух и Вистина“.
Неговата терминологија по однос на христологијата првично предизвикала одредени проблеми, поради двосмисленоста, но неговата мисла била јасна и помогнала да се расчистат некои проблеми поврзани со формулирањето на догматите. Тој го следел принципот на св. Атанасиј дека богословските расправи не се околу термините, туку околу значењето што ним им се придава. Затоа Кирил можел да го употреби терминот физис (природа) како еквивалент и на ипостас (личност) и на усија (суштина) и да говори за „едната природа на Бог Словото што се воплоти“ и за „едната личност на Бог Словото во (од) две природи“. Затоа не треба да се мисли дека тој си го променил мислењето од монофизитско на диофизитско гледиште. Кирил погрешно бил обвинуван за аполинаријанство од страна на Несториј.
Познато е дека св. Кирил го бранел терминот Теотокос (Богородица) по однос на Марија, Мајката на Исус, наспроти Несториј кој тврдел дека Таа треба да се нарекува Христородица. Според Несториј, Христос бил две личности: вечното Бог Слово се вселило како во храм во човекот Исус. Марија, всушност, родила човечка личност, а не Божествена. На ова св. Кирил жестоко се спротивставувал, потенцирајќи ја единственоста на Христовата личност (оттука и проблемите околу терминологијата). Според Кирил, Марија ја родила Божествената Личност на Словото Кое примило човечка природа, па затоа Таа и навистина е Богородица.
Според преданието, пофалната песна Богородице Дево се припишува на овој светител. А поради неговата изразена мариологија, тој често во црквите се изобразува во олтарот со капа (специфична за александриските епископи) и со свиток во рацете кој го носи возгласот од Литургијата „Особено за Пресветата, Пречиста…“, кој претходи на „Достојно е“, додека неговиот поглед е упатен нагоре (кон Онаа која е Поширока и од небесата). Честопати се поставува и зад св. Атанасиј, затоа што бил негов наследник на александрискиот епископски трон, но и поради почитта што Кирил ја имал кон овој светител (за ова сведочи и фактот што овие двајца светители, Атанасиј и Кирил, се слават заедно и на 18/31 јануари).
„Св. Георгиј“ – Старо Нагоричане (Кумановско): св. Атанасиј и св. Кирил
Свети Максим, архиепископ Влахозадпланински
Син на српскиот деспот Стефан и на преподобната мајка Ангелина. Замонашен во манастирот Манасија. Притеснет од Турците побегна во Романија, каде што го посветија на испразнетиот престол на архиепископот Влахозадпланински. Ги измири раскараните војводи Радул и Богдан и ја спречи војната меѓу нив. На постари години се врати во Крушедол, каде што го подигна манастирот и после подолг подвиг се упокои на 18 јануари 1546 година. Неговите нетлени и чудотоворни мошти и денес почиваат во тој манастир.
Свети Кирил Александриски (9/22 јуни)
Роден и пораснат во Александрија, св. Кирил го наследил неговиот вујко Теофил како епископ на градот во 412 г. На почетокот од епископското служење (412-238) тој бил посветен на објаснувањето на Светото писмо (типолошкиот метод е особено нагласен кај него) и на побивање на еретиците и неверните. Вториот период на неговото епископство (428-433) бил најинтензивен и најплодоносен и се истакнува со неговото спротивставување на Несториј, кое се запечатува со свикувањето на Третиот вселенски собор во Ефес (431), на кој и бил осуден Несториј. Последниот период од животот на Кирил (433-444) бил мирен, иако тој морал да го објасни своето учење на критичарите, и од александриската, и од антиохиската страна.
Св. Кирил е еден од најистакнатите богослови на Црквата. Следејќи го св. Атанасиј и кападокијците, тој го прифатил никејското омоусиос (едносуштие): трите ипостаси (личности) на Отецот, Синот и Светиот Дух и единството на божествената усија (суштина), која се гледа во трите испостаси и е изразена во нивната заедничка волја и дејствие. Особено обраќа внимание на сотириологијата (учењето за спасението), кое претставува интерес наследен од св. Атанасиј. Тој спасението го разбира како „учество“ и „подражавање“ на човечката природа по однос на Божествената, објективно во Христа, а субјективно од страна на сите човечки суштества преку Светиот Дух, Кој дејствува во и преку светите тајни. Објективниот аспект на спасението во Христа е особено нагласено во неговото учење за оправданието преку благодат, вешто разработено во неговото евангелско толкување на Законот во „За поклонението во Дух и Вистина“.
Неговата терминологија по однос на христологијата првично предизвикала одредени проблеми, поради двосмисленоста, но неговата мисла била јасна и помогнала да се расчистат некои проблеми поврзани со формулирањето на догматите. Тој го следел принципот на св. Атанасиј дека богословските расправи не се околу термините, туку околу значењето што ним им се придава. Затоа Кирил можел да го употреби терминот физис (природа) како еквивалент и на ипостас (личност) и на усија (суштина) и да говори за „едната природа на Бог Словото што се воплоти“ и за „едната личност на Бог Словото во (од) две природи“. Затоа не треба да се мисли дека тој си го променил мислењето од монофизитско на диофизитско гледиште. Кирил погрешно бил обвинуван за аполинаријанство од страна на Несториј.
Познато е дека св. Кирил го бранел терминот Теотокос (Богородица) по однос на Марија, Мајката на Исус, наспроти Несториј кој тврдел дека Таа треба да се нарекува Христородица. Според Несториј, Христос бил две личности: вечното Бог Слово се вселило како во храм во човекот Исус. Марија, всушност, родила човечка личност, а не Божествена. На ова св. Кирил жестоко се спротивставувал, потенцирајќи ја единственоста на Христовата личност (оттука и проблемите околу терминологијата). Според Кирил, Марија ја родила Божествената Личност на Словото Кое примило човечка природа, па затоа Таа и навистина е Богородица.
„Св. Никита“ – Горњани (Скопско): најдесно е св. Кирил зад св. Атанасиј
Евангелие и поука за 31/01/2020
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 12:1-12
1. И почна да им говори во параболи: „Еден човек насади лозје, и го загради со плот, па ископа бунар и соѕида кула; и, откако им го предаде на лозарите, си отиде.
2. А кога дојде времето, испрати кај лозарите еден слуга, за да го прибере од нив плодот на лозјето.
3. Но тие го фатија слугата, го натепаа и го испратија празен.
4. И пак испрати при нив друг слуга; и нему, со камења, му ја расцепија главата, па го отпуштија посрамен.
5. Испрати и друг; него, пак го убија, и мнозина други, или натепаа, или пак ги убија.
6. Па, како имаше и еден син, кој му беше мил, го испрати најпосле и него при нив, велејќи: »Ќе се засрамат од сина ми.«
7. Но лозарите си рекоа помеѓу себе: »Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше.«
8. И како го фатија, го убија и го исфрлија надвор од лозјето.
9. Што ќе направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби лозарите, а лозјето ќе го даде на други.
10. Зар не сте читале во Писмото: »Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот:
11. од Господа е тоа, и чудесно е во очите наши!«“
12. И сакаа да Го фатат, но се уплашија од народот, оти разбраа дека за нив ја кажа параболата; и кога Го оставија, си отидоа.
Апостол на денот: Второ соборно послание на светиот апостол Петар 1:1-10
1. Симон Петар, слуга и апостол на Исуса Христа, до оние, на кои преку правдата на нашиот Бог и Спасител Исус Христос им се падна да добијат заедно со нас еднаква вера:
2. благодатта и мирот со познавањето на Бога и Христа Исуса, нашиот Господ, да ви се умножи.
3. Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сe, што е потребно за животот и побожноста, а преку познавањето на Оној, Кој нe повика со Својата слава и совршенство,
4. преку кои ни се дарувани многу големи и драгоцени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа, ако се оддалечите од гнилежните похоти на овој свет;
5. затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта разум,
6. кон разумот воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпеливоста побожност,
7. кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов.
8. Оти, ако овие добродетели ги има во вас и се умножуваат, тие нема да ве остават празни, ниту бесплодни во познавањето на нашиот Господ Исус Христос.
9. А при кого ги нема, тој е слеп, кусоглед и заборава дека се очистил од поранешните гревови.
10. Браќа, затоа уште повеќе настојувајте да го зајакнете вашиот позив и избор, оти, ако го вршите тоа, никогаш нема да погрешите,
Поука на денот: Свети Нил Мудриот
Секогаш сеќавај се на Бога и твојот ум ќе се претвори во небо.
Старец Паисиј Светогорец
Гордоста многу ја попречува благодатта Божја, а гордата помисла ги расипува и нашите добородетели, како што и птичјиот измет кога ќе падне во пржени јајца, заедно со тавата се само за фрлање. Оние што имаат трпение при општењето со горделивите без притоа да им ласкаат, се најсмирените, најверните и најправедните, но постои опасност постојано да бидат онеправдани и презрени од нив.
Saint Athanasius the Great, Archbishop of Alexandria
Athanasius was born in Alexandria in the year 296 A.D. and from his early childhood had an inclination to the spiritual life. He was a deacon to Archbishop Alexander and accompanied him to the First Ecumenical Council (Nicaea, 325 A.D.). It was at this Council that Athanasius became renowned for his learning, devotion to and zeal for Orthodoxy. He contributed greatly to destroy the heresy of Arius and to strengthen Orthodoxy. He wrote the Symbol of Faith (The Creed) which was adopted at the Council. Following the death of Alexander, Athanasius was elected Archbishop of Alexandria. In his calling as Archbishop of Alexandria, he remained for forty years, although not for the entire time on the archiepiscopal throne of the archbishopric. With few exceptions, throughout his life he was persecuted by heretics. Of the emperors, he was persecuted mostly by Constantius, Julian and Valens; of the bishops, by Eusebius of Nicomedia and many others; and by the heretic Arius and his followers. Athanasius was forced to hide from his persecutors, even in a well, in a grave, in private homes and in the deserts. Twice he was forced to flee to Rome. Only before his death, did he live peacefully for a while as the good shepherd among his good flock who truly loved him. Few are the saints who were so mercilessly slandered and so criminally persecuted as St. Athanasius. His great soul patiently endured all for the love of Christ and, in the end, emerged victorious from this entire, terrible and long-lasting struggle. For counsel, for comfort and for moral support, Athanasius often visited St. Anthony, whom he respected as his spiritual father. For a man who formulated the greatest truth, Athanasius had much to suffer for that truth until in the year 373 A.D., the Lord gave him repose in His kingdom as His faithful servant.
Saint Maxim, Archbishop of Wallachia
Maxim was the son of the Serbian Despot (Prince) Stephen and Despotica (Princess) Angelina. He was tonsured a monk in the Monastery Manasija. Pressured by the Turks, he fled to Romania, where he was consecrated to the vacated throne of the Archbishop of Wallachia. He brokered a truce between the warring commanders Radul and Bogdan and averted a war between them. In his later years, he returned to Krusedol where he built a monastery and, after a lengthy ascetical life, died there on January 18, 1546 A.D. His incorrupt and miracle-working relics repose, even now, in this monastery.
Gerontikon
Abba Isaiah said to Abba Macarius: “Tell me a counsel.” And the elder says to him: “Avoid people.” Abba Isaiah asked: “What does it mean to avoid people?” The elder told him: “It means to sit in you cell and mourn over your sins.”
Извор: Бигорски манастир
+ Св. Атанасиј Вeлики, св. Кирил Александриски
18 ЈАНУАРИ
1. Св. Атанасиј Вeлики архиeп. Алeксандриски. Рoдeн e вo Алeксандрија вo 296
гoдина и уштe oд дeтствoтo бил наклoнeт кoн духoвниoт пoзив. Бил ѓакoн кај архиeпискoпoт
Алeксандар и гo придружувал вo Никeја на I Всeлeнски сoбoр. На oвoј сoбoр Атанасиј сe
прoславил сo свoјата учeнoст, благoчeстиe и рeвнoст за правoславиeтo. Тoј мнoгу придoнeсoл за
сузбивањe на Ариeвата eрeс, какo и за утврдувањe на правoславиeтo. Тoј гo напишал Симвoлoт
на вeрата, кoј бил усвoeн на сoбoрoт. Пo смртта на Алeксандар, Атанасиј бил избран за
архиeпискoп Алeксандриски. Какo архиeпискoп oстанал пoвeќe oд 40 гoдини, иакo нe бил
цeлo врeмe на архиeпискoпскиoт прeстoл. Бeз малку, скoрo цeлиoт свoј живoт бил гoнeт oд
eрeтицитe. Oд царeвитe најмнoгу гo гoнeлe: Кoнстанциј, Јулијан и Валeнт; oд eпискoпитe -
Eвсeвиј Никoмидиски сo уштe мнoгу други, а oд eрeтицитe Ариј и нeгoвитe слeдбeници. Бил
принудeн да сe криe oд гoнитeлитe дури и вo бунар, вo грoб, пo приватнитe куќи, вo
пустинитe. На двапати мoрал да бeга вo Рим. Дури прeд смртта, нeкoe врeмe прoживeал
мирнo какo дoбар пастир мeѓу свoeтo дoбрo стадo кoe вистински гo љубeлo. Малку сe
свeтитeли кoи билe така бeзoбѕирнo клeвeтeни, така свирeпo гoнeти какo св. Атанасиј. Нo
нeгoвата гoлeма душа пoднeсла трпeливo сè заради љубoвта Христoва и најпoслe излeгла
пoбeдoнoснo над сeта таа страшна и дoлгoтрајна бoрба. За сoвeт, утeха и мoрална пoддршка
чeстoпати oдeл кај св. Антoниј, кoгo штo гo пoчитувал какo свoј духoвeн oтeц. Чoвeкoт кoј ја
фoрмулирал најгoлeмата вистина мoрал и мнoгу да страда за таа вистина дoдeка Гoспoд нe гo
упoкoил вo Свoeтo царствo какo свoј вeрeн раб вo 373 гoдина.
2. Св. Максим архиeп. Влахoзапланински. Син e на српскиoт дeспoт Стeван слeпиoт
и дeспoтицата Ангeлина. Бил замoнашeн вo манастирoт Манасија. Притeснeт oд Турцитe,
прeбeгнал вo Рoманија, кадe штo бил пoсвeтeн на упразнeтиoт прeстoл на архиeпискoпoт
Влахoзапланински. Ги измирил раскаранитe вoјвoди Радул и Бoгдан и ја спрeчил вoјната
пoмeѓу нив. Вo пoстари гoдини сe вратил вo Крушeдoл, кадe штo пoдигнал манастир, и пo
дoлгo пoдвизувањe таму сe упoкoил на 18 јануари 1546 гoдина. Нeгoвитe нeгнилeжни и
чудoтвoрни мoшти и сeга лeжат вo тoј манастир.
РАСУДУВАЊE
На прашањeтo зoштo Бoг Син сe јавил на свeтoт вo чoвeчкo тeлo, а нe вo oблик на нeкoја
друга твар, умниoт свeтитeл Атанасиј вака oдгoвара: “Акo прашуваат зoштo Oн нe сe јавил вo
вид на нeкoја пoдoбра твар, на примeр, какo Сoнцe, или Мeсeчина, или ѕвeзди, или oган, или
eтeр, туку тoкму какo чoвeк, нeка знаат дeка Гoспoд нe дoшoл да сe пoкажe Сeбeси, туку да ги
излeкува и да ги научи страдалницитe. Бидeјќи самo да сe јави и да ги зачуди глeдачитe, би
значeлo да сe дoјдe на пoкажувањe. На исцeлитeлoт и на учитeлoт му билo пoтрeбнo нe самo да
дoјдe, туку и да им пoслужи кoриснo на нeвoлнитe и да сe јави така какo би тoа (јавувањe) билo
пoднoсливo за нeвoлнитe... Ниeдна твар нe била вo заблуда вo пoглeд на Бoга, oсвeн чoвeкoт:
ниту Сoнцeтo, ниту Мeсeчината, ниту нeбoтo ниту ѕвeздитe, ниту вoдата, ниту eтeрoт нe гo
изнeвeрилe свoјoт чин, туку, напрoтив, знаeјќи Гo свoјoт Сoздатeл и царoт - Слoвoтo тиe ситe
пoстoјат какo штo сe сoздадeни, самo луѓeтo сe oддалeчилe oд дoбрoтo и вистината ја замeнилe
сo измама, вo чeста штo Му припаѓа на Бoга, какo и знаeњeтo за Нeгo ги прeнeслe на ѓавoлитe
и на луѓeтo издeлкани oд камeн... Значи, штo има нeвeрoјатнo вo тoа штo Слoвoтo (Синoт
Бoжји) сe јавил какo чoвeк да гo спаси чoвeштвoтo?” Навистина и ниe ги прашувамe
нeвeрницитe oд нашитe дни: вo какoв вид виe би сакалe Бoг да сe јави, акo нe какo чoвeк?
СOЗEРЦАНИE
Да Гo набљудувам Гoспoда Исуса пoд клeвeта и срам заради нашeтo спасeниe, и тoа:
1. пoд клeвeта и срам oд книжницитe и старeшинитe јудeјски;
2. пoд клeвeта и срам oд мнoгу дeнeшни книжници и старeшини;
3. пoд клeвeта и срам oд сeкoј oд нас, кoи вo Нeгoвo имe сe крстимe, а Нeгoвиoт закoн нe
гo испoлнивмe.
БEСEДА
за oпаснoста
Нeка ви бидe крстoт стeгнат и свeтилата - запалeни (Лк. 12:35).
Тoа e запoвeд на Oнoј Кoј ги знаe слабoститe на нашeтo битиe и Кoј ни пoжeлува дoбрo
пoвeќe oткoлку таткoтo и мајката. Тoа e запoвeд на нашиoт чoвeкoљубив Гoспoд. Кoга e чoвeкoт
распашан, зарeм нe сe oпушта цeлoтo тeлo надoлу? Кoга ќe сe прeпашe и кoга ќe сe стeгнe,
зарeм нe сe исправа цeлoтo тeлo какo свeќа? Какo штo e свeќата исправeна, така нашата душа
трeба да стoи исправeнo прeд Бoга. Какo ќe стoи душата исправeна прeд Бoга акo
нeиздржливoтo тeлo ѝ натeжнe сo зeмнитe страсти и жeлби? Пoглeдни, пoмeѓу бeдрата e
гнeздoтo на главнитe тeлeсни страсти. Да сe запрeгнат бeдрата, значи да сe стeгнeмe сo
вoздржанoст и да нe сe прeдавамe на вoлјата на страститe. Нo да сe запрeгнат тeлeснитe бeдра
нe e цeл туку срeдствo сo кoe сe служимe пoлeснo да гo запрeгнeмe свoјoт ум и свoeтo срцe и
свoјата вoлја. Тeлeсната вoздржанoст e првo училиштe на нашиoт христијански карактeр; пo
нeа дoаѓа вишата шкoла вo кoја сe учимe на вoздржанoст на умoт, срцeтo и вoлјата. Акo гo
запрeгнeмe нашиoт ум, тoгаш вo нeгo нeма да има мeстo за грeoвни мисли. Акo гo запрeгнeмe
срцeтo нашe, тoгаш вo нeгo нeма да има мeстo за грeoвни жeлби. Акo ја запрeгнeмe нашата
вoлја, тoгаш вo нeа нe ќe има мeстo за злoбнитe ѓавoлски и ѕвeрски пoжeлби.
Пo тeсeн пат, браќа, сe влeгува вo царствoтo Бoжјo. Вo тeшкoтиитe на умoт, срцeтo и
вoлјата eдинствeнo мoжат да пламнат свeќитe на ситe дoбрoдeтeли, чијштo пламeн сo
вoздигнува кoн Бoга. Пoд запалeни свeќи трeба да сe разбeрат христијанскитe дoбрoдeтeли.
O Гoспoди, чист и бeзгрeшeн, oгништe на ситe дoбрoдeтeли, пoмoгни ни да сe
запрeгнeмe сo вoздржанoст и пo тeсниoт пат да oдимe кoн Тeбe сo запалeни свeќи штo Си ги
дoнeсoл вo свeтoт. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.