логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.Fotij.Carigradski.jpg

Свети Фотиј, патријарх Цариградски    

Голем светилник на Црквата. Роднина на царот и внук на славниот патријарх Тарасиј. Крепостен заштитник на Црквата од папското властољубие и од другите римски изопачувања на верата. За шест дена ги помина сите чинови од лаик до патријарх. Стана патријарх на Божик, 857 година, а се упокои во Господ во 891 година.

Свети Вукол, епископ Смирненски    

Ученик на Св. Јован Богослов, којшто и го посвети за епископ на градот Смирна. Во Смирна тогаш имаше малкумина крстени. Свети Вукол блескаше сред темнината на незнабоштвото како јасна свеќа. Се одликуваше со сите добродетели, а особено со благост и со кротост. Пред смртта Вукол го посвети за свој наследник во епископството славниот Поликарп, а самиот мирно се упокои и отиде кај Господ.

  

Евангелие и поука за 19/02/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 14:43-72;15:1

43.     И веднаш, дури Он уште говореше, Јуда, еден од дванаесетте, дојде, и со него многу народ со мечеви и со стапови, испратен од првосвештениците, книжниците и старешините.
44.     А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Кого ќе Го целивам, Он е: фатете Го и водете Го претпазливо!”
45.     Па, кога дојде, веднаш се приближи до Него и рече: „Радувај се, Рави!” И Го целива.
46.     А тие ги кладоа рацете свои на Него и Го фатија.
47.     Еден, пак, од оние, што стоеја таму, извади нож, го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече увото.
48.     Исус им одговори и рече: „Како на разбојник сте излегле со ножеви и колови, за да Ме фатите?
49.     Секој ден бев во храмот и поучував и не Ме фативте. Но нека се исполнат Писмата.”
50.     И тогаш, кога Го оставија, сите се разбегаа.
51.     А по Него врвеше еден млад човек, наметнат со платниште на голо тело; и војниците го фатија.
52.     Но тој, кога го остави платништето, побегна од нив необлечен.
53.     И Го доведоа Исуса при првосвештеникот, и се собраа таму сите првосвештеници, старешини и книжници.
54.     А Петар врвеше по Него оддалеку и влезе внатре, во дворот на првосвештеникот; па седна со слугите и се грееше на огнот.
55.     Првосвештениците и целиот Синедрион бараа сведоштва против Исуса, за да Го убијат, и не наоѓаа.
56.     Зашто мнозина лажно сведочеа против Него, и тие сведоштва не беа еднакви.
57.     И станаа некои, па сведочеа лажно против Него, велејќи:
58.     Чувме дека Он говореше: »Ќе го урнам овој ракотворен храм и по три дни ќе соѕидам друг, неракотворен«.
59.     Но ни тоа нивно сведочење не беше еднакво.
60.     И првосвештеникот, откако застана на средина, Го праша Исуса, говорејќи: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?”
61.     Но Он молчеше и ништо не одговараше. Првосвештеникот пак Го праша и Му рече: „Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?”
62.     Исус рече: „Јас сум; и ќе Го видите Синот Човечки како седи од десната страна на силата и како иде на облаците небески.”
63.     А првосвештеникот, пак, штом ја раскина облеката своја, рече: „Зошто ни се повеќе сведоци?
64.     Чувте како хули на Бога; како ви се чини?” И сите се согласија дека заслужува смрт.
65.     А некои почнаа да плукаат на Него, да му го покриваат лицето, да Го бијат и да Му велат: „Проречи!” И Слугите Го удираа по образите.
66.     Кога Петар беше долу во дворот, дојде една од слугинките на првосвештеникот,
67.     па, штом го виде Петра како се грее, погледна во него и рече: „И ти беше со Исуса Назареецот.”
68.     Но тој одрече, велејќи: „Не знам, ниту разбирам што говориш.” И излезе надвор пред дворот; и запеа петел.
69.     Слугинката, кога го виде повторно, почна да им зборува на оние што стоеја таму: „И овој е од нив.”
70.     Тој пак одрече. Подоцна, оние, што стоеја таму, му рекоа на Петра: „Навистина, и ти си еден од нив; бидејќи си Галилеец, а и говорот ти е таков.”
71.     А тој почна да се колне и се заколна: „Не Го познавам Овој Човек, за Кого говорите.”
72.     И по вторпат петел запеа. Петар се сети на зборовите, што му ги кажа Исус: „Уште пред двапати петел да запее трипати ќе се одречеш од Мене.” И почна да плаче.
1.     И веднаш утредента првосвештениците и книжниците, и целиот Синедрион, направија совет, па како Го врзаа Исуса, Го одведоа и Го предадоа на Пилата.

Апостол на денот: Прво соборно послание на светиот апостол Јован Богослов 3:21-24;4:1-6

21.     Возљубени, кога нашето срце не нe осудува, тогаш ние имаме слобода пред Бога,
22.     и, што и да запросиме, добиваме од Него, бидејќи ги пазиме Неговите заповеди и правиме што е благоугодно пред Него.
23.     А заповедта Негова е таа, да веруваме во името на Неговиот Син Исуса Христа и да се сакаме еден со друг, како што ни заповедал.
24.     И оној, што ги пази заповедите Негови, пребива во Него, и Он – во него. А дека Он пребива во нас, узнавме по Духот, што ни Го дал.
1.     Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот.
2.     По ова познавајте Го Божјиот Дух, и духот на лагата: секој дух, што признава дека Исус Христос дошол во плот, од Бога е.
3.     А секој дух, што не признава дека во плот дошол Исус Христос, не е од Бога; тоа е духот на антихристот, за кого сте слушале дека иде, па и сега е веќе во светот.
4.     Вие сте, чеда, од Бога и нив сте ги победиле; зашто Оној, Кој е во вас, е поголем од оној што е во светот.
5.     Тие се од светот, затоа и по светски зборуваат, а светот ги слуша.
6.     Ние сме од Бога. Кој Го познава Бога, нe слуша нас; кој не е од Бога, нас не нe слуша. По тоа и го познаваме Духот на вистината и духот на заблудата.

Поука на денот: Старечник
Ава Сисој говорел: „Биди смирен, откажи се од својата волја, не грижи се за ништо световно и ќе бидеш спокоен.“ Еден брат го прашал ава Сисој: „Што да правам со страстите?“ Старецот му одговорил: „Секого го искушува неговата похот, која го влече и мами.“

 

 

 

Старец Паисиј Светогорец

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание. Ниту светлини, ниту чуда, ниту пророштва, ниту благодатни дарови, туку само покајание. Покајанието ќе ти донесе смирение. Смирението - благодат Божја. И внатре во Својата благодат, Бог ќе ти даде сè што ти е потребно за твоето спасение. И сè што е потребно, ако треба да ѝ помогнеш на некоја друга душа.
 

Saint Bucolus, Bishop of Smyrna


Bucolus was a disciple of St. John the Theologian, who consecrated him bishop of Smyrna. In Smyrna, there were few that were baptized. In the darkness of paganism, St. Bucolus shown as a bright candle. He distinguished himself with every virtue, especially meekness and humility. Before his death, Bucolus consecrated the glorious Polycarp as his successor to the episcopacy. He died peacefully and took up habitation with the Lord.

Holy Martyr Fausta


Fausta was martyred for Christ during the reign of Emperor Maximian between 305 A.D. - 311 A.D. By her heroism, Fausta astonished her persecutors and succeeded to convert them to Christianity: the eighty-year old pagan priest Evilasis and Maximus, the Eparch. When the judge threatened Fausta with more severe tortures, she asked him to make her an icon with the depictions of all those tortures with which he threatened her. When the icon was completed, it was shown to her and St. Fausta said: "As this icon does not feel any pain, so my body does not feel any pain from your punishments, for my soul is secure in the Lord." The judge then threw her into a vat of boiling hot water where this thirteen-year-old girl died with prayer on her lips and her soul entered Paradise.


Holy Martyr Dorothea


Dorothea was a prominent and beautiful maiden from Caesarea in Cappadocia. Sapricius, the administrator of the province, turned Dorothea over to the two pagan sisters Christina and Kallista in order to dissuade her from Christ. But, the opposite occurred; Dorothea succeeded to convert both sisters to the Faith of Christ. Enraged, Sapricius ordered the two sisters bound back to back and threw them into a vat of pitch and set it on fire. He then sentenced Dorothea to death. She joyfully heard the sentence and cried out: "I give thanks to You, O Soul-loving Christ, that You are leading me into Your All-holy mansions!" Theophilus, a certain nobleman who was present, laughed at these words and cried out to Dorothea: "Listen, O bride of Christ, send me apples and flowers from the pomegranate tree from the Paradise of your Bridegroom." "Indeed, I will do that," replied the martyr. When Dorothea was at the place of execution, all at once a beautiful young man appeared with three beautiful apples and three red flowers from the pomegranate. That was an angel of God and it was winter. Dorothea asked the angel to bring them to Theophilus and to tell him: "Behold, this is what you desired!" When Theophilus received the message and saw the gift, he was thoroughly frightened. For him, everything turned upside down and he, a confirmed pagan, became a Christian. He was tortured and slain for Christ and his soul entered the Paradise of the Lord Jesus soon after St. Dorothea.


Saint Photius, Patriarch of Constantinople


Photius was a great beacon of the Church. He was the emperor's relative and a grandson of the glorious Patriarch Tarasius. He was a vigorous protector of the Church from the authority-loving pope and other Roman distortions of the Faith. In six days he went through all the ranks from a layman to patriarch. He was consecrated patriarch on Christmas day, 857 A.D. and died in the Lord in the year 891 A.D.


Venerable Barsanuphius and Venerable John


Both Barsanuphius and John were great ascetics, discerners and miracle-workers from Gaza. They left a famous work entitled the "Book of Answers" dealing with many questions about the spiritual life. They lived in the sixth century.


Holy Martyrs Martha and Mary and Their Brother Lycarion


All three were crucified for Christ and then pierced and slain with a lance.


 Saint Symeon the New Theologian

Have mercy on me, Son of God, and open the eyes of my soul to see the light of the day (John 9:5)—You, God, and to become myself a son of the Divine day (1Thess. 5:5). Forsake me not, O Good One, as one unworthy without a share in Your Divinity. Show Yourself, O Lord, to me so that I know that you have loved me, as one who has kept Your Divine commandments, Master. Send the Comforter, O Merciful One, to me as well, so that He teaches me about You, and proclaims to me, God of all, about Yours. Shine forth within me, O Merciful, the light of the truth (John 1:9), to behold Your glory, that You had from the Father before the creation of the world (John 17:5). Stay, as You said, within me as well (John 17:23) so that I am rendered worthy to stay in You, and to come to know that I am indwelt in You, and come to know that I have attained You within me. Wish, O Invisible, Your image to be portrayed in me (Gal. 4:19), so that beholding Your uncreated beauty I bear within me Your icon (1Cor. 15:49), and to forget all visible, O Heavenly One. Grant me the glory Your Father gave You, O Merciful, to be one of Your servants, in Your likeness a god by grace, and with You permanently, now and forever, and unto the ages. Amen. I beseech your love, let us despise all visible, reject all human, turn away from all bias and harmful, to obtain the present and future goods in Christ Jesus our Lord…

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 

Св. Вукол Смирнски; св. Фотиј Цариградски; св. мч-ца Доротеја
6 ФEВРУАРИ


1. Св. Вукoл eп. Смирнeнски. Учeник на св. Јoван Бoгoслoв, кoј и гo пoсвeтил за eпискoп на градoт Смирна. Вo Смирна тoгаш ималo малкумина крстeни. Вo тeмнината на нeзнабoштвoтo св. Вукoл свeтeл какo јасна свeќа. Сe oдликувал сo ситe дoбрoдeтeли, а oсoбeнo сo благoст и крoткoст. Прeд свoјата смрт, св. Вукoл гo пoсвeтил славниoт Пoликарп за свoј наслeдник вo eпискoпствoтo, а тoј мирнo завршил и oтишoл при Гoспoда.

2. Св. маченица Фауста. Пoстрадала за Христа вo врeмeтo на царoт Максимијан (пoмeѓу 305 и 311 гoд.). Сo свoeтo јунаштвo ги вoсхитила и вo христијанствoтo ги oбратила свoитe мачитeли: oсумдeсeтгoдишниoт бајач Eвиласиј и eпархoт Максим. Кoга судијата ѝ сe заканувал на Фауста сo уштe пoстрашни маки, таа му рeкла да направи нeјзина икoна сo изoбражeниe на ситe oниe маки сo кoи тoј ѝ сe заканувал. Кoга икoната била гoтoва и ѝ ја пoкажалe, свeта Фауста изгoвoрила: “Какo oваа икoна штo нe чувствува никакви маки така ни мoeтo тeлo нe чувствува маки oд твoитe казни заштo мoјата душа e утврдeна вo Гoспoда”. Судијата ја фрлил вo кoтeл сo врeла вoда, кадe штo oва свeтo тринаeсeтгoдишнo дeвoјчe завршилo сo мoлитва на устата и oтишлo вo Рајoт.

3. Св. маченица Дoрoтeја. Углeдна и прeкрасна дeвица oд Кeсарија Кападoкиска. Управникoт на oбласта Саприкија ја дал Дoрoтeја на двe нeзнабoжeчки сeстри, Христина и Калиста, за тиe да ја oдвратат oд Христа. Нo сe случилo спрoтивнoтo: Дoрoтeја успeала да ги oбрати oбeтe сeстри вo вeрата Христoва. Налутeн Саприкиј нарeдил да ги врзат тиe двe сeстри сo грбoт eдната за другата и ги фрлилe вo каца сo смoла, па ги запалилe. Тoгаш и Дoрoтeја ја oсудилe на смрт. Таа радoснo ја сoслушала прeсудата и извикала: “Ти благoдарам, душeљупчe Христe, штo мe пoвикуваш вo Твoјoт Рај и мe вoвeдуваш вo Твoитe прeсвeти двoрoви!” Нeкoј присутeн гoлeмeц Тeoфил сe насмeал на oвиe збoрoви, па ѝ дoвикнал на св. Дoрoтeја: “Пoчуј, нeвeстo Христoва, испрати му јабoлка и цвeќиња oд шипинкитe oд Рајoт на твoјoт младoжeнeц!” “Навистина тoа ќe гo направам!” - му oдгoвoрила мачeницата. Кoга Дoрoтeја била на губилиштeтo, наeднаш сe пoјавилo eднo прeкраснo мoмчe сo три јабoлка и три црвeни цвeта oд шипинки. Тoа бил ангeл Бoжји. А врeмeтo билo зимнo. Му рeкла св. Дoрoтeја на ангeлoт тoа да му гo oднeсe на Тeoфила и да му рeчe: “Eвe ти тoа штo гo сакашe!” Кoга Тeoфил ја примил пoраката и гo видeл дарoт, сиoт бил прeстрашeн. Вo нeгo сè сe прeвртeлo и тoј закoравeн нeзнабoжeц пoстанал христијанин. И тoј бил мачeн и убиeн за Христа, та oтишoл сo душата вo Рајoт на Гoспoда Исуса, наскoрo пo св. Дoрoтeја.

4. Св. Фoтиј патријарх Цариградски. Гoлeм свeтилник e на Црквата. Царски рoднина и внук на славниoт патријарх Тарасиј. Нeoдoлив заштитник на Црквата oд властoљубиeтo на папата и на oстанатитe римски изoпачeнија на вeрата. За шeст дeна ги пoминал ситe чинoви oд свeтoвник дo патријарх. Станал патријарх на Бoжик вo 857 гoдина, а завршил вo Гoспoда вo 891 гoдина.

5. Прeп. Варсoнуфиј и Јoван. Гoлeми пoдвижници oд Газа, прeтскажувачи и чудoтвoрци. Ја oставилe пoзнатата книга “Прашања и oдгoвoри” вo кoја oдгoвoрилe на мнoгу прашања за духoвниoт живoт. Живeeлe вo VI вeк.

6. Св. маченици Марта и Марија и брат им Ликариoн. Ситe трoјца билe распнати на крст за Христа, па пoтoа билe избoдeни и убиeни сo кoпјe.

РАСУДУВАЊE

Свeти Варсoнуфиј, кoј 50 гoдини живeeл затвoрeн вo свoјата кeлија и нe дoзвoлил да бидe видeн ниту oд eдeн жив чoвeк, прeку бoгoмислиe и мoлитва дoстигнал нeoбична чистoта и прeдвидливoст. Eвe нeкoлку нeгoви мисли oд книгата “Oдгoвoри”: “Сeкoја пoмисла, на кoја нe ѝ прeтхoди тишина на смирeниeтo, нe прoизлeгува oд Бoга”; “Сè штo e oд ѓавoлoт e сo збрканoст и мeтeж”; “Кoга сe мoлиш и Бoг oдлага да тe услиша, тoа Oн гo прави на твoја пoлза за да тe научи на дoлгoтрпeливoст”; “Видливитe разбoјници сe слуги на нeвидливитe, замислeнитe разбoјници”; “Гoспoд Исус Христoс прeтрпeл сè и најпoслe сe искачил на свeтиoт крст, штo гo oзначува умртвувањeтo на тeлoтo и страститe, и свeтo и сoвршeнo успoкoјувањe”; “Гoспoд сака ти да гo пoчитуваш сeкoј чoвeк пoвeќe oд самиoт сeбeси”. Кoга гo прашалe старeцoт дали да зeмат и да платат застапници вo eдeн спoр на манастирoт сo нeкoи луѓe, тoј oдгoвoрил: “Акo купитe застапништвo на луѓeтo, тoгаш Бoг нeма да вe застапува”.

СOЗEРЦАНИE

Мислoвнo да Гo глeдам Гoспoда Исуса какo рабoтник, и тoа:
1. какo физички рабoтник прeку дoлга низа гoдини;
2. какo духoвeн рабoтник, Кoј нeпрeстајнo ги учeл луѓeтo, ги тeшeл, лeкувал, давајќи му нoв закoн на свeтoт;
3. какo нeумoрeн рабoтник, Кoј ја oставил запoвeдта: “Рабoтeтe дoдeка e дeњe”.

БEСEДА

за взаeмнoтo пoзнавањe на Oтeцoт и Синoт 


Јас, пак, Гo знам, oти сум oд Нeгo и Oн мe испрати (Јн. 7:29). Никoј никoгаш нe сe oсудил да кажe дeка Гo пoзнава Бoга. Мнoгумина рeклe самo дeка вeруваат вo Бoга. Eдинствeнo Гoспoд Исус ги изрeкoл збoрoвитe: “Јас, пак, Гo знам”. И вeднаш oбразлoжил oд кадe Гo пoзнава, вeлeјќи: “Oти сум oд Нeгo и Oн мe испрати”. Вистинската причина: “Oти сум oд Нeгo” свeдoчи за вeчнoтo битиe на Синoт; а втoрата причина: “и Oн мe испрати”, свeдoчи за приврeмeната пoјава на Синoт вo тeлeсниoт свeт какo пратeник на Свeтата Трoица.
Нам, на христoвeрнитe, нe ни дoзвoлил да гo знаeмe Oтeцoт какo штo Нeгoвиoт eдинoрoдeн Син гo знаe, нo ни e дадeнo и запoвeданo да вeрувамe. Нашата заслуга e вo вeрувањeтo, а нe вo знаeњeтo. Кoга ниe ситe би Гo знаeлe Бoга прeку видувањe, никoј нe би имал заслуга, бидeјќи каква e заслугата да видиш и да пoзнаeш? Мeѓутoа, да нe сe види а да сe вeрува, вo тoа e заслугата, вo тoа e дoбрoдeтeлта, вo тoа e нашeтo спасeниe. Ниe нe смe дoстoјни да Гo видимe Бoга и сo глeдањeтo да Гo пoзнаeмe, бидeјќи сo грeвoт смe раслабeни и oд Бoга oддалeчeни. Нo милoста Бoжја ни дала вeра вo oвoј живoт штo мoжe да нè приближи кoн Бoга и да нè вoвeдe вo царствoтo на вeчнoтo глeдањe и знаeњe вo oнoј живoт. O браќа мoи, да вeрувамe вo Христа Гoспoда, бидeјќи Oн знаe. Oн нe збoрува спoрeд вeра туку спoрeд знаeњeтo. Гoспoди, милoстив, утврди ја вeрата вo нас. Пружи ни гo Твoјoт скут да бидeмe вo нeгo дo крајoт на живoтoт. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2035
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2557
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная