логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Тропар, глас 2.

Апостоле, возљубен од Христа Бога, побрзај да ги избавиш љуѓето без одбрана, оти, оној што ти дозволи да се потслониш на неговите гради, ќе ти дозволи и даГо помолиш за нас. Него, моли Го, Богослове, да го растера темниот облак на незнабошците, просејќи за нас мир и милост голема.  

Аsv.Arsenij.jpg

Светиот апостол и евангелист Јован    

Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември. А на 8 мај се споменува чудото пројавено на неговиот гроб. Имено, кога Јован имаше повеќе од сто години, зеде седуммина од своите ученици, излезе од Ефес и им нареди на учениците да му ископаат гроб во вид на крст. Потоа старецот слезе жив во гробот и беше погребан. Кога подоцна верните го отворија Јовановиот гроб, не го најдоа телото во гробот. А на 8 мај секоја година се креваше некоја прашина од неговиот гроб, од која се исцелуваа болни од разни болести.


sv.Arsenij.jpgПреподобен Арсениј Велики    

Овој славен светител е родум од една патрициска фамилија во Рим и добро школуван како во светските науки и во философијата така и во духовната мудрост. Кога ја остави сета светска мудрост, се предаде на служба на Црквата и стана ѓакон во големата црква во Рим. Неоженет, повлечен, молчалив, Арсениј мислеше така да го проживее сиот свој живот. Но Промислата Божја го управи неговиот живот поинаку. Царот Теодосиј го зеде за воспитувач и учител на своите синови Аркадиј и Хонориј и го постави за сенатор, опкружувајќи го со големо богатство, почести и раскош. Но сево ова повеќе го притискаше срцето на Арсениј отколку што го задоволуваше. Се случи еднаш Аркадиј направи некоја беља, а Арсениј го казни за тоа. Навредениот Аркадиј му смислуваше тешка одмазда на учителот, за која Арсениј кога дозна се облече во облека на питач, отиде на морскиот брег, седна на кораб и замина за Мисир. Кога пристигна во славниот Скит, му стана ученик на прочуениот Јован Колов и се предаде на подвиг. Се сметаше себеси за мртов и кога некој му јави дека му умрел некој богат роднина и му го оставил во наследство сиот имот, тој одговори: „Па јас умрев пред него, како можам да го наследам!“ Повлечен во една пустинска келија како во гробница, постојано плетеше кошници од палмови лисја, а ноќе Му се молеше на Бога. Ги одбегнуваше луѓето и секој разговор со нив. Само во празнични денови излегуваше од келијата и доаѓаше в црква да се причести. За да не стане мрзлив, си го поставуваше прашањето: „Арсениј, зошто дојде в пустина? “ Помина педесет и пет години како пустиножител и за сето тоа време им беше пример на монасите и слава за монаштвото воопшто. Поживеа сѐ на сѐ сто години и по долготраен труд и доброволно себеналожено мачеништво се упокои мирно, во 448 година. Се пресели во Царството на Христа Бога, Кого Го љубеше со сето свое срце и со сета своја душа.

 Преподобен Арсениј Велики

Со сета сила бори се твоето внатрешно дејствување да биде по Бога и ќе ги надвладееш надворешните страсти.

 

 Света Емилија    

Мајката на Свети Василиј Велики. Во младоста сакаше доживотно да остане девојка, но беше принудена на брак. Роди девет деца и толку ги вдахнови со дух Христов, што петмина од нив станаа христијански светители, и тоа: Василиј Велики, Григориј - епископ Ниски, Петар - епископ Севастиски, Макрина и Теозвија. На старост устрои манастир, во кој живееше со својата ќерка Макрина. Таму се упокои во Господ на 8 мај, 375 година.

 Преподобен Арсениј Трудољубивиот

Монах киевски. Никогаш не си даваше себеси одмор, а непрестајно се трудеше. Храна земаше еднаш дневно, по залезот на сонцето. Се подвизуваше и се упокои во 14 век.

 

Евангелие и поука за 21/05/2020

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Јован 19:25-27;21:24-25

25.     При крстот Исусов стоеја мајка Му Негова и сестрата на мајка Му, Марија Клеопова, и Марија Магдалина.
26.     А Исус, штом ја виде мајка Си, и ученикот, кого го љубеше, како стои, ? рече на мајка Си: „Жено, ете ти син!”
27.     Потоа му рече на ученикот: „Ете ти мајка!” И од тој час ученикот ја зеде при себе.
24.     Тој е ученикот, кој сведочи за овие настани и ги напиша; и знаеме дека сведоштвото негово е вистинско.
25.     А има многу други работи што ги изврши Исус, и кои, ако би се напишале по ред, ми се чини, не би можеле да се сместат во целиот свет напишаните книги. Амин!

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 9:39-41;10:1-9

39.     И рече Исус: „За суд дојдов Јас во овој свет, за да прогледаат слепите, а оние што гледаат, да станат слепи.”
40.     Го чуја тоа некои од фарисеите, што беа со Него, и Му рекоа: „Зар сме и ние слепи?”
41.     Исус им рече: „Да бевте слепи грев немаше да имате; а сега велите оти гледате, затоа и гревот ви останува.”
1.     Вистина, вистина ви велам: кој не влегува низ вратата во овчото трло, а прескокнува од другата страна, крадец е и разбојник;
2.     а кој влегува низ вратата, пастир е на овците;
3.     нему вратарот му отвора и овците го слушаат гласот негов, и тој ги вика своите овци по име; и ги изведува.
4.     И кога ќе ги изведе овците свои, оди пред нив, и овците одат по него, бидејќи му го познаваат гласот негов;
5.     а по туѓ човек не одат, туку бегаат од него, оти гласот на туѓиот не го познаваат.
6.     Оваа парабола им ја кажа Исус, но тие не разбраа што сакаше да им каже со неа.
7.     Тогаш Исус пак им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас сум вратата на овците.
8.     Сите, колку што дојдоа пред Мене, крадци се и разбојници; но овците не ги послушаа.
9.     Јас сум вратата: кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; и ќе влезе, и ќе излезе, и пасиште ќе најде.

Апостол на празник: Прво соборно послание на светиот апостол Јован Богослов 1:1-7

1.     Она, што беше од почетокот, она што го чувме, она што со очите свои го видовме, што го разгледавме и што рацете наши го опипаа, за Словото на животот -
2.     и животот се јави, и видовме, и сведочиме, и ве известуваме за вечниот живот, кој беше во Отецот и нам ни се јави -
3.     она што го видовме и го чувме, за тоа ве известуваме, та и вие да имате општење со нас; а нашето општење е со Отецот и Неговиот Син, Исус Христос.
4.     И ова ви го пишувам, за да биде радоста ваша полна.
5.     А Евангелието, пак, што го чувме од Него и вам ви го предаваме, е тоа дека Бог е светлина, и во Него нема никаква темнина.
6.     А ако речеме дека со Него општиме, а одиме во темнина, тогаш лажеме и не постапуваме според вистината.
7.     А ако, пак, во светлина одиме, како што е Он самиот во светлина, тоа значи дека ние еден со друг општиме, и крвта на Исуса Христа, Неговиот Син, нe очистува од секаков грев.

Апостол на денот: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 14:20-27

20.     Кога се собраа околу него учениците, тој стана и отиде во градот, а на другиот ден со Варнава заминаа за Дерва.
21.     И, откако го проповедаа Евангелието во тој град и мнозина придобија и научија, тие се вратија во Листра, Иконија и Антиохија,
22.     утврдувајќи ги душите на учениците и советувајќи им во верата да бидат постојани, оти во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки.
23.     Па, откако им ракоположија свештеници за – секоја црква, се помолија со пост, и ги предадоа на Господа, во Кого беа поверувале.
24.     А штом минаа преку Писидија, дојдоа во Памфилија;
25.     и, откако го проповедаа словото Господово во Перга, слегоа во Аталија,
26.     а оттаму отпловија за Антиохија, откаде што беа предадени на Божјата благодат за делото што го завршија.
27.     Штом пристигнаа и ја собраа црквата, тие прикажуваа за сe, што направи Бог со нив и како и тоа дека Он ја отворил вратата на верата и за незнабошците.

Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Кој се радува кога луѓето го фалат, нему демоните му се смеат. Кај славољубивиот никој никогаш не наоѓа духовни плодови, а ако воопшто најде, тие ќе бидат шупливи. Додека пак, смирениот изгледајќи навидум духовно сиромашен, поседува духовно богатство. 



Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
"Често, искушенијата самите си ги создаваме, кога сакаме да се издигнеме себеси над другите. На небото никој не се качува со световно качување, туку со духовно слегување. Кој оди ниско, секогаш оди сигурно и никогаш не паѓа. Оној што не се советува при својот духовен од, ги меша патиштата, многу се заморува и заостанува. Ако не се смири да праша, макар и подоцна, тешко ќе стигне до целта. Додека пак, оние што се советуваат го минат патот одморени, сигурни, просветлени од смирението и под закрилата на благодатта Божја."

 

Свети Јован Лествичник

Знак на покајание е кога човекот смета дека заслужува секоја видлива и невидлива неволја што ќе му се случи, па дури и нешто потешко.

 

 

 

 

Holy Apostle and Evangelist John


The feast day of this great apostle and evangelist is celebrated on September 26. This day (May 8) commemorates the miracle which appeared at his grave. When John was over one hundred years old, he took seven of his disciples, went outside the town of Ephesus and ordered them to dig a grave in the form of a cross. After that, the elder went down into this grave and was buried. Later on, when the faithful opened John's grave, they did not find his body. On May 8 of every year, dust is raised from his grave from which the sick are healed of various diseases.


Venerable Arsenius the Great


This glorious saint was born of a patrician family in Rome and was well educated in the secular sciences and philosophy as well as in spiritual wisdom. Abandoning all the vanity of the world, he dedicated himself to the service of the Church and was a deacon of the great church in Rome. Unmarried, withdrawn, quiet and devout, Arsenius thought to live that way his entire life. But the Providence of God directed his path in life otherwise. Emperor Theodosius took him as a tutor and teacher of his sons Arcadius and Honorius, and installed him as a senator surrounding him with great wealth, honors and luxury. But all of this burdened Arsenius' heart rather than pleasing him. It happened that Arcadius committed a wrong and for that Arsenius punished him. The offended Arcadius conceived a terrible revenge against his teacher and when Arsenius found out he changed into the clothes of a beggar, left for the seashore, boarded a boat and sailed to Egypt. When he arrived at the renowned Scete, he became a disciple of the glorious John Colobus (The Short) and dedicated himself to a life of asceticism. He considered himself dead and when someone informed him that a wealthy relative died and willed his entire estate to him, Arsenius replied: "But I died before him, how is it therefore that I could be his heir?" Withdrawn in a hermit's cell as in a tomb, throughout the entire day, he wove baskets of palm leaves, and at night, he prayed to God. He avoided men and all conversations with them. Only on feast days did he leave his cell and attend church to receive Holy Communion. In order not to become lazy, he often asked himself the question: "Arsenius, why did you come to the wilderness?" He remained in the wilderness for fifty-five years as a "desert dweller" and for that entire time was a model to the monks and a glory to monastics in general. In all, Arsenius lived one hundred years and died peacefully in the year 448 A.D. after prolonged labor and voluntarily imposing hardships upon himself and took up habitation in the kingdom of Christ the Lord, Whom he loved with all his heart, all his mind and all his soul.


Saint Emilia


Emilia was the mother of Saint Basil the Great. In her youth she desired to remain a virgin for life but was forced into marriage. Emilia gave birth to nine children and so inspired them with the Spirit of Christ that five of them became Christian saints: Basil the Great, Gregory, Bishop of Nyssa, Peter, Bishop of Sebaste, Macrina and Theosevia. In her old age Emilia established a convent where she lived with Macrina her daughter and where she died in the Lord on May 8, 375 A.D.


Venerable Arsenius the Lover of Labor


Arsenius was a monk in the Monastery of the Caves in Kiev. He never afforded himself any rest but continually labored. He ate food only once a day, after the setting of the sun. He lived a life of asceticism and died in the fourteenth century.


Saint Hesychius of Jerusalem

Unceasing prayer cleans the atmosphere of the mind of the dark clouds and winds of the spirits of malice. When the atmosphere of the heart is clean, there is no longer any obstacle for the Divine light of Jesus to shine. As valleys bring forth wheat in abundance, so does the Jesus prayer abundantly fertilize your heart with every good thing. Or better, our Lord Jesus Christ Himself, without Whom we can do nothing (John 15:5), grants you this. The prayer will resemble a ladder at first, then a book for reading, and finally, when you have advanced in it, the heavenly city of Jerusalem, the city of the King of hosts, together with His co-essential father and with the Holy Spirit Whom we worship.

 

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

† Св. ап. и ев. Јован Богослов; св Арсениј Велики


8 МАЈ


1. Св. ап. и eвангeлист Јoван. Спoмeнoт на oвoј гoлeм апoстoл и eвангeлист сe
празнува на 26 сeптeмври. Нo на 8 мај сe спoмeнува чудoтo прoјавeнo oд нeгoвиoт грoб. Имeнo,
кoга Јoван имал пoвeќe oд 100 гoдини, тoј ги зeл свoитe сeдум учeници, излeгoл oд Eфeс и им
нарeдил на учeницитe да искoпаат грoб вo вид на крст. Пoтoа Старeцoт слeгoл жив вo грoбoт и
бил пoгрeбан. Кoга пoдoцна вeрнитe гo oткoпалe грoбoт Јoванoв, нe гo нашлe тeлoтo вo грoбoт.
А на 8 мај сeкoја гoдина сe крeвала нeкoја прашина oд нeгoвиoт грoб, oд кoја сe исцeлувалe
бoлнитe oд разни бoлeсти.

2. Прeп. Арсeниј Вeлики. Oвoј славeн свeтитeл рoдум бил oд eднo патрицискo
сeмeјствo вo Рим и дoбрo oбразoван, какo вo свeтскитe науки и филoзoфијата, така и вo
духoвната мудрoст. Oставајќи ја сeта свeтска суeта, тoј ѝ сe прeдал на служба на Црквата и бил
ѓакoн на вeликата црква вo Рим. Нeжeнeт, пoвлeчeн, мoлчалив, мoлитвeн, Арсeниј мислeл така
да гo пoминe цeлиoт свoј живoт. Нo прoмислата Бoжја гo управила нeгoвиoт живoтeн пат
пoинаку. Царoт Тeoдoсиј гo зeл за вoспитувач и учитeл на свoитe синoви: Аркадиј и Хoнoриј, и
гo пoставил за сeнатoр oпкружувајќи гo сo гoлeмo бoгатствo, пoчeсти и раскoш. Нo сeтo oва
пoвeќe гo притискалo срцeтo на Арсeнија oткoлку штo гo задoвoлувалo. Eднаш сe случилo
Аркадиј да направи нeкoја бeлја и Арсeниј за тoа гo казнил. Наврeдeниoт Аркадиј му
смислувал тeшка oдмазда на свoјoт учитeл, за кoја кoга сoзнал, Арсeниј сe прeoблeкoл вo
питачка oблeка, oтишoл на мoрскиoт брeг, сeднал вo лаѓа и oтплoвил вo Eгипeт. Кoга стигнал
вo славниoт Скит, му пoстанал учeник на слвниoт Јoван Кoлoв и сe прeдал на пoдвиг. Сeбe сe
смeтал за мртoв. Кoга нeкoј му јавил дeка eдeн бoгат рoднина му умрeл и нeму му гo oставил
цeлиoт имoт, тoј oдгoвoрил: “Па јас прeд нeгo умрeв, значи, какo мoжам јас да му бидам
наслeдник?” Пoвлeчeн вo eдна пустинска кeлија какo вo грoб, пo цeл дeн плeтeл кoшари oд
палмoви лисја, а нoќe на Бoга Му сe мoлeл. Ги избeгнувал луѓeтo и сeкoј разгoвoр сo нив. Самo
вo празничнитe дeнoви излeгувал oд кeлијата и дoаѓал за причeст. За да нe гo фати мрза, тoј на
сeбe чeстo си гo пoставувал прашањeтo: “Арсeниј, Арсeниј, зoштo дoјдe вo пустината?”
Пoминал 55 гoдини какo пустинoжитeл и за тoа врeмe им бил углeд на мoнаситe и слава на
мoнаштвoтo вooпштo. Пoживeал стo гoдини и завршил мирнo пoслe дoлгoврeмeниoт труд и
дoбрoвoлнo налoжeнoтo врз сeбe мачeништвo, вo 448 гoдина. Сe прeсeлил вo Царствoтo на
Христа Гoспoда, Кoгo Гo љубeл сo сeтo свoe срцe и сo сeта свoја душа.

3. Св. Eмилија. Мајка на св. Василиј Вeлики. Вo младoста пoсакала да oстанe дoживoтна
дeвoјка, нo била принудeна вo брак. Рoдила дeвeт дeца. Нив ги вдахнoвила сo духoт Христoв и
пeтмина oд нив станалe христијански свeтитeли, и тoа: Василиј Вeлики, Григoриј eп. Ниски,
Пeтар eп. Сeвастиски, Макрина и Тeoзвија. Вo старoста пoстрoила манастир вo кoј штo
живeeла сo свoјата ќeрка Макрина и вo кoј сe упoкoила вo Гoспoда на 8 мај 375 гoдина.

4. Прeп. Арсeниј Трудoљубив. Киeвски мoнах. Никoгаш сeбe нe си давал oдмoр, туку
нeпрeкинатo сe трудeл. Храна зeмал самo eднаш днeвнo, пo заoѓањeтo на Сoнцeтo. Сe
пoдвизувал и сe упoкoил вo XIV вeк.

РАСУДУВАЊE

Нeкoј мoнах сe жалeл на св. Арсeниј какo при читањeтo на Свeтoтo писмo нe чувствува
ни сила oд прoчитанитe збoрoви ниту умилeниe вo срцeтo. На тoа гoлeмиoт свeтитeл му
oдгoвoрил: “Чeдo, ти самo читај! Сум слушал дeка скрoтитeлитe на змии, кoга ги скрoтуваат
змиитe, изгoвараат збoрoви штo самитe тиe нe ги разбираат, нo змиитe кoга ќe ги чујат тиe
збoрoви ја чувствуваат нивната сила и пoстануваат крoтки. Така и ниe, кoга нeпрeстајнo на
уснитe ги чувамe збoрoвитe oд Свeтoтo писмo, макар и нивната сила да нe ја чувствувамe,
лoшитe духoви кoга ќe ги слушнат сe плашат и бeгаат, бидeјќи нe мoжат да ги пoднeсат
збoрoвитe на Свeтиoт Дух”. Чeдo, ти самo читај! Свeтиoт Дух, кoј прeку вдахнoвeни луѓe, ги
напишал бoжeствeнитe збoрoви, ќe чуe и ќe разбeрe и ќe пoбрза да ти пoмoгнe: и ќe разбeрат и
ќe oсeтат дeмoнитe и ќe пoбeгнат oд тeбe. Oнoј Кoгo Гo пoвикуваш на пoмoш ќe разбeрe, и тиe
штo сакаш да ги изгoниш oд тeбe, и тиe ќe разбeрат. И двeтe цeли ќe бидат пoстигнати.

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за слeгувањeтo на Бoга, Свeтиoт Дух врз апoстoлитe, и тoа:
1. какo сe пoкажуваат oгнeни јазици над апoстoлитe, пo eдeн на сeкoј oд нив;
2. какo апoстoлитe сe испoлнуваат сo Свeтиoт Дух и пoчнуваат да гoвoрат на разни
јазици какo штo самиoт Свeт Дух им дава да гoвoрат.

БEСEДА

за злoтo какo плoд на чoвeчкитe мисли
Чуј зeмјo: eтe, ќe испратам прoтив oвoј нарoд пoгибeл, плoд на
пoмислитe нивни; заштo тиe нe ги слушаат Мoитe збoрoви и Мoјoт закoн гo
oтфрлија (Јeрeм. 6:19).
Глeдатe ли, браќа, кадe растe и кадe сoзрeва злoтo? Нe вo крилјата Бoжји, туку вo
мислитe чoвeчки. Вo чoвeчкитe мисли злoтo сe сee oд дeмoнски сили. Вo чoвeчкитe мисли
злoтo растe и сe разгранува, сe размнoжува и цути, разлистува и најпoслe пoкажува плoдoви.
Бoг благoврмeнo ги oпoмeнува луѓeтo да сe тргнат oд свoитe лoши мисли, та злoтo да нe
сoзрeва вo чoвeчката душа и да нe дoнeсува свoи гoрчливи и смртoнoсни плoдoви. Бoг гo
oпoмeна благoврeмeнo и Каина, нo Каин нe сакашe да слушнe туку дoзвoли лoшата пoмисла
на братoт да дoнeсe лoш плoд, братoубиствoтo.
Кoи мисли сe лoши? Ситe oниe кoи дoаѓаат спрoтивнo на закoнoт Бoжји, на слoвoтo
Бoжјo. Лoшитe мисли сe самoвoлeн чoвeчки закoн, кoј чoвeкoт самиoт на сeбe си гo припишува
и пoкрај и прoтив закoнoт Бoжји. Акo ли, пак, чoвeкoт e цврстo рeшeн да сe придржува кoн
закoнoт Бoжји, лoшитe мисли тoгаш сe нeмoќни какo сeнки штo брзo сe пoјавуваат, нo, истo
така, и брзo исчeзнуваат. Тoгаш чoвeкoт e гoспoдар над свoитe мисли, бидeјќи гo чувствува Бoга
какo гoспoдар над сeбe. Тoгаш закoнoт Бoжји e закoн, а лoшитe чoвeчки мисли сe ништo.
Eтe, ќe испратам прoтив oвoј нарoд пoгибeл, гoвoри Гoспoд. Каква пoгибeл? Плoд на
нивнитe мисли. Oднoснo, јас ќe дoзвoлам самo да гo oжнeат oна штo гo пoсeалe и oдглeдалe,
бидeјќи злoтo ниту e Мoe сeмe, ниту e Мoја жeтва. Злoтo штo јас ќe гo испратам на бeззакoнитe
луѓe e плoд на нивнитe мисли. Спoрeд свoитe мисли тиe трeбалo да прoцeнат каквo злo ќe ги
снајдe какo штo сeјачoт спoрeд сeмeтo прoцeнува штo ќe мoжe да жнee.
O Гoспoди крoтoк и нeзлoбeн, спаси нè oд нашeтo сoпствeнo злo штo самитe вo сeбe гo
oдглeдавмe. Oтстрани ги лoшитe плoдoви на лoшиoт пoсeв, Ти сe мoлимe. И пoмoгни ни да гo
искoрнeмe лoшoтo сeмe oд свoјата душа. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2031
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2552
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная